ЕВЕ КАКО ДРЖАВАТА ГИ СТОПАНИСУВА СПОРТСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување спортски објекти, Алиљ Паљоши го издал под закуп базенот "Младост" по цена од помалку од еден денар за еден квадратен метар. За вкупна површина од 25.372 квадратни метри тој договорил месечна кирија од само 400 евра.

Договорот за закуп на базенот е склучен на 31 јануари годинава, а како потписници се јавуваат Паљоши, како тогашен директор на јавното претпријатие, и извесен Адем Хасанај од Косово, застапник на фирмата "А. Американ ИНЦ. Паљоши, пред Владата да го разреши од функцијата, го издал базенот на период од 30 години. Во февруари годинава тој ја издал и спортската сала "Партизан" во населбата Карпош 4 под закуп на 30 години. Кираџија сега е скопската фирма "ВАМ-Би", која за површина од 29.897 квадратни метри месечно плаќа 400 евра. Двата договора за закуп годинава се заверени кај нотарот Мерси Положани.

Паљоши во септември минатата година нашол закупец на 20 години и за градското пливалиште во Струга, за кое месечната кирија што ја плаќа струшката фирма "Тур амбасадор 2003" е 75 евра.

Чедо Панов, претседател на синдикатот на јавното претпријатие тврди дека Паљоши незаконски ги издал спортските објекти бидејќи за тоа немало одлука на управниот одбор, а не бил распишан ниту тендер.

Битен момент:
Според Законот за спорт, спортските објекти во државна сопственост не може да се издаваат под закуп. Во изминатите години сите раководства незаконски издадоа 57 објекти - вели тој.

Управниот одбор на ЈП вчера испрати информација до Владата за состојбите во претпријатието и барање да се преиспита работењето и на новиот директор Сами Бислими. Во информацијата стои дека Бислими работи противзаконски и ги суспендира органите за одлучување.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
bashibuzuk i balisti so kostumi ;(((((

se prashuvam do koga kje plakjaat Makedoncite danok, a drugi kje im ja jadat masta?

ako toa ne e korupcija i zloupotreba na pozicija, togahs ne znam sho e...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Од објавувањето на информацијава во медиумите до сега, не се слушна ништо повеќе за конкретниов случај. Впрочем секогаш останува само на новинарски текст кој бргу се заборава, а "карванот" си врви...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom