Душевен мир

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Мирот - спокојот се секогаш нужни, дури најпотребни. Дури и кога сме во творечки сомнеж или важно дејание.
Ако го нема долго, ако не го пронајдеме во себе и околу себе до ниедно време, веројатно ќе ни нема спас од неимање, безначајност, минливост без ништо за паметење. За болештините да не правиме муабет.
Мир- спокој, па после се друго.
Рекле за мирот- спокојот:

Во оној во кого сите желби влегуваат како што реката се влева во полн и непроменлив океан- кој секогаш останува ист- тој достигнува внатрешен мир. Кој ги отфрлил сите желби и слободно оди напред, без себичност и суета- тој достигнува внатрешен мир.​
Бхагавад Гита

Ако не наоѓаме мир во себе, залудно е да го бараме на друго место.​
Франсоа Ла Рошфуко

Спокојот не може да се најде ниту во работата, ниту во задоволството, ниту во светот, ниту во манастир, туку само во душата своја.​
Сомерсет Могам

Ништо не може да ни донесе спокој ако сами не го создадеме.​
Ралф Валдо Емерсон

Тешко е да се биде мирен ако нема што да се работи.​
Артур Шопенхауер

Има луѓе кои мирно шетаат низ парк гледајќи фонтани, додека се уриваат царства.​
Франсоа Рене Шатобријан.

Кој сака мир, нека го одложи оружјето.​
Марко Тулиј Цицерон

Оној ден кога човекот ќе може да се избања во која било река, ќе потече света вода.​
Жозеф Мари Девондел

Мудриот човек со подеднаква мирнотија ги прима пофалбите и ги поднесува навредите.​
Конфучиј

Од законите и кралевите не зависи внатрешниот мир човеков, неговите тивки семејни радости, неговиот разум, верата, совеста.​
Оливер Голдсмит

Да се исчезне, да се сокрие во масата- тоа е сигурност. Да се следи движење без издвојување, да се оди по свој пат без истакнување, скромно, едноставно. Да се избришат сеќавањата на своите заслуги и да се заборави својот углед- тоа е тајната како може да се живее во мир помеѓу луѓето.​
Лао- Це

Најпривлечното дрво ќе биде најнапред исечено; бунарот, чија вода е најпријатна, ќе биде најнапред исушен.​
Лао- Це

На човек со исклучителни способности му треба мир.​
Лао- Це

Дали го најдовте вашиот душевен мир? Ако сте благословени со тоа, откријте како до него?
 
Н

нихилист

Гостин
Јас својот душевен мир го најдов во апатијата и индиферентноста, зошто како помлад имав свои идеали и залагања. На 43 и заслужувам да не ми е гајле, зар не!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ствар на перцепција ти се годините......
Туку за душевниот мир.
Постои душевен мир и тој се наоѓа на ниво над мислите и емоциите.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ствар на перцепција ти се годините......
Туку за душевниот мир.
Постои душевен мир и тој се наоѓа на ниво над мислите и емоциите.
Ако некој стигне над тоа ниво, нека ми каже. Сега за сега не сме доволно евоулирани ... :P
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Јас својот душевен мир го најдов во апатијата и индиферентноста, зошто како помлад имав свои идеали и залагања. На 43 и заслужувам да не ми е гајле, зар не!
Зарем не е така најлесно?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Јас својот душевен мир го најдов во апатијата и индиферентноста, зошто како помлад имав свои идеали и залагања. На 43 и заслужувам да не ми е гајле, зар не!
Мислам дека тоа не е душевен мир, туку криење од реалноста што не опкружува. Но сепак, важно е што те прави среќен тебе, нели? Иако мислам дека со апатија и индиферентност јас нема да бидам среќна. А тоа со годините нема врска, има врска кои луѓе си ги сретнал во животот и што тие направиле да придонесат да бидеш апатичен и индиферентен.
 
Н

нихилист

Гостин
Мислам дека тоа не е душевен мир, туку криење од реалноста што не опкружува. Но сепак, важно е што те прави среќен тебе, нели? Иако мислам дека со апатија и индиферентност јас нема да бидам среќна. А тоа со годините нема врска, има врска кои луѓе си ги сретнал во животот и што тие направиле да придонесат да бидеш апатичен и индиферентен.
Воопшто не го гледам како криење од реалноста, туку како искреност. Има врска и те како со годините, тие се еднаквопропорционални со срањата кои си ги искусил во животот. ;)
 
M

Mussolini

Гостин
може чудно ке ви е на сите ама единствено место дека шо наоѓам душевен мир ми е ко ке си дојдам дома у македонија и ко ке одам у црква. колку и да е смешно, мене ми е толку убаво шо не можете да си замислете...
 
Член од
1 јули 2011
Мислења
51
Поени од реакции
8
Рака ќе му подадам на оној што ќе успее да го достигне тоа ниво душевен мир.Бааш во ова време.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Според мене само заљубен човек може да има душевен мир. Се повеќе љубов во тебе и во поголеми работи, ти дава се поголем душевен мир. Ако успееш да сакаш се на овој свет без исклучоци, ќе бидеш просветлен.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.683
Јак ти е душевниот мир ако ти зависи од присуството и отсуството на саканиот објект...
prvo nemash pravo da zboruvash za dusheven mir ., bidejki ne veruvash vo nego.....
ochigledno si prazen so prisastvo i ispolnet so otsastvo na emocii i/ili chuvstvo na vrednost za da imash sekogash negatorski stav kon se i seshto:coffee:
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.683
tokmu poradi osudata rabotite stanale tolku vazhni., obidete se da go razberete ednostavniiot psiholoshki zakon:coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom