Државна дозвола за риболов

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Сакам да извадам дозвола. Од Кавадарци сум, па барам опција сево ова да го завршам онлајн или по пошта (ако морам)

Ги најдов овие две опции:

1. Од ribar.com.mk - ги уплаќам уплатниците, и потоа како им ги доставувам? Емаил, пошта, лично? Велат дека потоа тие потполуваат формулар и ја доставуваат дозволата.
2. Дирекно од министерството - овие само ги даваат уплатниците и формуларот. Во формуларот има поле за внесување на податоци од предходна дозвола. Ако немам предходна? Доставуваат ли по пошта?

Поради тоа што процесот не им е најдобро објаснат, дали може некој да сподели искуство?

Благодарам однапред.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.471
Поени од реакции
20.338
Прво ќе си извадиш легитимација (даваат пластифицирана картичка налик на лична карта) од Македонска риболовна федерација (МРФ) каде ќе станеш нејзин член со реден број, а потоа кога ќе идеш да пецаш на вода во зависност од кој ревир / концесионер уплаќаш дневна / неделна / месечна / годишна дозвола која пак се повикува на бројот на легитимацијата.

Седиштето им е во близина на Корчагин, на главната кај делот што има изложено пехари на самата улица.

Македонска Риболовна Федерација (mrf1952.mk)
 
Последно уредено:

Фала ти на одговорот.

Не ми е јасно само следното: Која е поентата да вадам државна дозвола ако потоа треба да плаќам дозвола и на концесионерот? За што всушност служи таа државна дозвола од 7000 денари?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.058
Поени од реакции
6.670
ти не уплаќаш за државна дозвола туку за легитимација за спортски риболов...... упати се до спортско риболовно друштво од твојот крај и ќе завршите работа...... ќе ти важи за тековната година до 31 декември
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.471
Поени од реакции
20.338
Фала ти на одговорот.

Не ми е јасно само следното: Која е поентата да вадам државна дозвола ако потоа треба да плаќам дозвола и на концесионерот? За што всушност служи таа државна дозвола од 7000 денари?
Легитимацијата ја плаќаш и важи за цела година, и не е 7000 денари туку 1800 денари, а со тоа се разликуваш од рибокрадците. Секој ревир се плаќа посебно а плаќаш на друштвата кои го одржуваат тој ревир а на тој начин собираат финансии за да го обноват рибниот фонд со подмладок.
Поентата е да бидеш легален риболовец, и кога и каде да отидеш да уживаш во рибарењето, а не да чекаш удар еднаш на 5 саати.
Рибниот фонд во МК водите е на раб на уништување зашто наместо риболовци се посетувани од рибокрадци кои вршат експолатција со мрежи а рибата ја пласираат на црниот пазар.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.058
Поени од реакции
6.670
Легитимацијата ја плаќаш и важи за цела година, и не е 7000 денари туку 1800 денари, а со тоа се разликуваш од рибокрадците. Секој ревир се плаќа посебно а плаќаш на друштвата кои го одржуваат тој ревир а на тој начин собираат финансии за да го обноват рибниот фонд со подмладок.
Поентата е да бидеш легален риболовец, и кога и каде да отидеш да уживаш во рибарењето, а не да чекаш удар еднаш на 5 саати.
Рибниот фонд во МК водите е на раб на уништување зашто наместо риболовци се посетувани од рибокрадци кои вршат експолатција со мрежи а рибата ја пласираат на црниот пазар.
400 денари
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.967
Поени од реакции
3.684
Сакам да извадам дозвола. Од Кавадарци сум, па барам опција сево ова да го завршам онлајн или по пошта (ако морам)

Ги најдов овие две опции:

1. Од ribar.com.mk - ги уплаќам уплатниците, и потоа како им ги доставувам? Емаил, пошта, лично? Велат дека потоа тие потполуваат формулар и ја доставуваат дозволата.
2. Дирекно од министерството - овие само ги даваат уплатниците и формуларот. Во формуларот има поле за внесување на податоци од предходна дозвола. Ако немам предходна? Доставуваат ли по пошта?

Поради тоа што процесот не им е најдобро објаснат, дали може некој да сподели искуство?

Благодарам однапред.
А зошто не одиш во Селекта и не средиш таа работа. До пред некоја година до кога имав време за риболов, процедурата беша таа, одиш во селекта и таму даваа и легитимација и дозволи дневни, месечни, годишни... не мораше да се оди во скопје. Сега може и да е изменето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom