Дресура

Дискусија во форумот 'Кучиња' започната од Скулгрл, 19 февруари 2007.

  1. dstojanovic666

    dstojanovic666

    Член од:
    8 јануари 2015
    Мислења:
    131
    Допаѓања:
    34
    Помош од поискусните
    Имам женско куче старо година и 4 месеци мешавина од амстаф и питбул, многу е доминантна мирна е со кучиња што не се толку доминантни.Кога беше мала окулу 5-6 месеци возрасна ротвајлерка ја нападна и ја гризна одтогаш неможе да смисли ротвајлер небитно машко женско.Еве ја циклус има сега машки ротвајлер и се приближи ке го здавеше, другар исто така има мало кученце од таа раса го напаѓа и него.
    Ме интересира како да ја спречам да се случува тоа да не напаѓа ротвајлери.Знае некој?
     
  2. Емкаа

    Емкаа крофни од драго.

    Член од:
    14 мај 2008
    Мислења:
    3.342
    Допаѓања:
    4.416
    Душата ми ја ваѓа песов веќе :D
    Мислам дека знаете дека се влечиме со болести веќе 2 месеци и во тој период пошо имаше моменти кај што стварно не беше добар му попуштавме во многу работи, и сега кога поткрена уши и му се врати енергијата си имаме проблем.
    Додека не беше добар скоро по цел ден имаше некој околу него за да го прати како е, изгледа се навикна на тоа па сега си бара друштво постојано. Луѓе значи седи пред врата и чека, ако е нестрплив гребе. Не мора да играм со него, доволно е да сум надвор и да ме гледа, сам си наоѓа занимација, ама мислам дека кога ќе се види дека е сам го фаќа некоја паника.
    Распоредот за храна му се измести тотално, т.е сега е непостоечки, пошто имаше период кај што одбиваше да јаде па пробувавме да му дадеме се па сега почнува и да пребира околу храната, навечер се буди и завива дури не добие храна.
    И нешто што најмногу ме загрижува, покажува знаци на агресија. Никогаш не ми ржел, дури и кога ќе ме каснел во игра ќе го плеснев па ќе се повлечеше, сега кај ќе го плеснам зема уште толку сила и ржи. Имав непријатна ситуација со другарка ми, дојде дома, овој и се залепи да се мази, се мазеа што се мазеа, што го тригерира не знам, значи во секунда и се сврти и ја нападна, цела среќа се тргна навреме иначе ќе ја каснеше во лице. Јас во моментот скокнав да го плеснам па ми се с'сна мене ама прилично агресивно, со ржење и ме касна на раката. После како да сфати што направи па се повлече во ќош. Пробав исто на сред јадење да му ја тргнам храната, ржи. Јасно ми е дека го искористил период кај што не беше добар и ние сите буквално се потресовме по него, 24/7 со него се занимававме, и најверојатно си завзема доминација. И не е тешко, ќе почне да завива надвор или да гребе по врата кога си бара друштво и мајка ми одма излегува, како подредена да му е. Ја сфаќам и неа пошо тој е во состојба и цел ден да завива ако не излезе некој.
    Советче нешто? Размислував и за дресура, се распрашав ама Охрид тој еден што се бави со тоа наводно ги тепал многу кучињата, другарка ми има многу лошо искуство со него. Дали може да го вратиме песот на прав пат? :D
    Иначе се работи за маламут стар точно 8 месеци.
     
  3. Roy Fokker

    Roy Fokker

    Член од:
    26 септември 2012
    Мислења:
    5.533
    Допаѓања:
    3.864
    шо е до мене јас би одел строго само , тврдоглав ќе биди и понатаму тоа е тешка раса за миленик посебно за некој кој не се занимавал со таква досега

    уште не е касно да го замениш за куче кое стварно би ти бил миленик, ако веќе бараш миленик, а не чувар или аберџија, ти го велам ова пошто веќе бараш помош и се жалиш на начинот на функционирање на кучето кое очигледно не е за во твоја средина(семејство) пошто не знаеш(те) да го командувате
     
  4. Емкаа

    Емкаа крофни од драго.

    Член од:
    14 мај 2008
    Мислења:
    3.342
    Допаѓања:
    4.416
    Да го заменам? Сериозно? Не е ова купен производ со рок на замена од три месеци.
    Знам дека се тврдоглави, не ми смета тоа, само не сакам да покажува знаци на агресија, што и не беше случај додека не се разболе.
     
    На dstojanovic666 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Roy Fokker

    Roy Fokker

    Член од:
    26 септември 2012
    Мислења:
    5.533
    Допаѓања:
    3.864
    замена - продај , со парите инвестирај во раса која би ти била адекватна...........не знаев дека ќе треба да цртам...........

    http://www.index.hr/ljubimci/clanak...lako-zaljubiti-ali-vazno-je-znati/867084.aspx

    одлично објаснето, е сега наоружај се со нерви и цврста воља - и среќно
     
  6. Емкаа

    Емкаа крофни од драго.

    Член од:
    14 мај 2008
    Мислења:
    3.342
    Допаѓања:
    4.416
    Лол. Иронично беше кажано, јер не знам кој дава ваков предлог. Продај го и купи друго...како да се работи за објект а не за живо суштество со кое си развил некаква врска.
    Фала за линкот.
     
  7. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    8.201
    Допаѓања:
    7.494
    Прочитај за:
    https://www.google.com/#safe=off&q=separation+anxiety+in+dogs

    И уште поважно, мораш да направиш тренинг за послушност. Штом те каснал, и нападнал друг човек, тоа веќе е многу сериозна работа која очигледно излегува од контрола.
    Што би можело да се случи утре ако кучето накратко остане ненадгледувано во близина на деца?

    Погледај некаде низ муабетиве @SaltNPepa пишуваше за воспоставувањето доминација врз нејзиниот рот (ако не смешав нешто), почнала преку давањето на храната, давање не веднаш туку само откако ќе се смири кучето, да разбере кој е газдата (алфата). И можеби не се наеднаш целата храна туку на делови, откако ќе изврши неколку команди. И упорност во сето тоа.
    --- Споено дупло мислење, 17 јули 2017 во 10:59 ---
    Истото ќе важи и за друга раса, освен што полесно ќе се доаѓа до резултати со други раси. Шпицовите се потешки за учење, ама не и невозможни (посебно што нејзе и требаат само основни работи).
     
    Последно уредено: 17 јули 2017 во 10:59
    На Емкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Roy Fokker

    Roy Fokker

    Член од:
    26 септември 2012
    Мислења:
    5.533
    Допаѓања:
    3.864
    ти држи муабетот пошто не знае (нема искуство) со чување на куче - со која било раса да има слични проблеми

    меѓутоа ова се редовни проблеми кај луѓето - му се бендисало кучето,слушнал дека држи на цена на пазарот или слично па ајде и јас ќе чувам И ТОА ДОМА , е па нече мочи

    барем денес по интернет се достапни информациите која раса што побарува и како се понаша, дома,во дворот,со луѓето,со другите кучиња и домашните животни и други основни работи
     
    На Vanlok му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Емкаа

    Емкаа крофни од драго.

    Член од:
    14 мај 2008
    Мислења:
    3.342
    Допаѓања:
    4.416
    Не знам кај виде дека го чуваме дома, кучето е надвор.
    Кучето го добивме на поклон, а не со цел да заработиме од него. Не излегов на прошетка па да видам бело куче и да им досадувам на моите дома САКАМ И ЈАС ТАКВО па они да се смилуваат и да ми купат.
    Не знам зошо упорно иницираш дека не сме способни да го издресираме, пошто кажав дека немаше вакви проблеми пред да се разболи, на месец и пол се научи да врши нужда надвор, со храната немавме никогаш проблем, го научив и да чека на мој знак за да почне со јадење, кога подпорасна се научи и на основни команди како седи, стој, пушти. Во парк го пуштав со деца мали да игра, не знам кој беше порадосен, дали тој или децата. Не покажуваше знаци на агресија, може малце на почеток ама се се среди со строгост. Ама тоа беше друго пошто беше помал, сеа има 30 кила. Свесна сум дека во овие 2 месеци претерано му се попушташе ама имаше период кога од болки не можеше да заспие, значи спиеше стоечки, па имаше некој околу него стално. На секое цивкање негово некој излегуваше надвор да го провери и да седи со него пошто не знаевме дали има болки или не. Така да те молам немој да ми зборуваш за посветеност.
    Јас прашувам совет како да се ВРАТИ а не како да се научи, пошто очигледно сме го изгубиле алфа статусот.
     
  10. Roy Fokker

    Roy Fokker

    Член од:
    26 септември 2012
    Мислења:
    5.533
    Допаѓања:
    3.864
    да знаеше каков карактер поседува таа раса можеби ќе го одбиеше, можеби ќе си ја пробаше среќата, сепак треба информираност малку..............во секој случај станува збор за тврдоглава раса која бара доста физичка активност ,едноставно не е куче за секого ова, со среќа
     
  11. murto

    murto

    Член од:
    23 ноември 2016
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    79
    I dete ne e za sekogo, pa ne gledam deka gi razdavaat po luge :)
    Ako ne mozes da i pomognes, ne i odmagaj. Go zemala kuceto , doma i e, mora da najde care, da se koregira pesot i da ziveat vo harmonija, a ne vo strav
     
  12. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.597
    Допаѓања:
    2.111
    Ја немам рот, ја имам лабрадор :D и немам вакви проблеми.
     
    На Vanlok му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Roy Fokker

    Roy Fokker

    Член од:
    26 септември 2012
    Мислења:
    5.533
    Допаѓања:
    3.864
    абе споредбата ти вришти нема збор

    најбезболно е да го даде кутрето и да земе раса за која најповеќе е спремна таа и нејзината фамилија, за во градска средина лабрадорот или златен ретривер е измислен како мека раса која се потчинува и обожава да исполнува наредби и да си игра
     
  14. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    8.201
    Допаѓања:
    7.494
    Te помешав со некој... :(
     
  15. Uluru

    Uluru

    Член од:
    22 ноември 2011
    Мислења:
    371
    Допаѓања:
    446
    Здраво @Емкаа, не им се секирај на другите, секој си има свое мислење, битно е дека ти знаеш какво куче имаш и дека сакаш да работиш на проблемите, а за другите - лесно е да држиш предавања на форум, тешкото е да ги засукаш ракавите и да поработиш.
    Прво, како што мислам пишав и кога првпат го зема кутрето, батали ги тие глупости со доминирање и алфи, бети..... Тоа само ке придонесе твоето сопствено куче да те испокаса, заради твое идиотско однесување. Ова го велам не како навреда туку базирано на ФАКТ и тоа НАУЧНО ДОКАЖАН ФАКТ дека домашните кучиња не користат доминација во нивните социјални интеракции, нити меѓѕ себе нити пак со други видови. Ок? Тоа што сите брзаат да го окарактеризираат како доминантност е најчесто недоволно воспитување и силеџиско однесување, па алфа е само поголем силеџија. А ние луѓето имаме мозок, па не мораме да бидеме алфи, оти има многу полесни начини да им објасниме на кучињата што бараме од нив.
    Колку што можев да рекапитулирам од твоите претходни постови-
    *кутрето уште од многу младо имаше проблем да останува само
    *уште од многу младо беше тешко да се смири и сакаше да гризе
    *во последниве два месеци беше многу болен,и му требаа чести терапии
    *во склоп на тие терапии најмалку 5 дена по ред примаше толку болни инекции што тројца луѓе одвај го додржуваа и можеше да ги слушнеш неговите крици и во друга просторија
    *кучето сеуште не стои мирно нити сака некој да го држи
    *проблемот со несакање да остане сам не е решен и се влоши додека беше болен
    *сега станува агресивен со вас и со непознати лица
    Ако сево овае точно - слободно додади уште некоја информација - кучето твое нема никаков проблем со доминација или тврдоглавост, туку реагира сосема логички и нормално - за неговата ситуација. Со други зборови кучето ти е страшно истрауматизирано од луѓе и тоа што го гледаш е нормална одбрамбена реакција.
    Емкаа, по не твоја вина си добитник на многу лоша генетска лотарија со твоето куче - не заради расата, туку заради индивидуалниот квалитет на леглото од каде потекнува твоето куче. Демодексот ќе го менаџирате за време на целиот негов живот и тоа е тоа. Браво за тебе што разбираш каква е ситуацијата и сакаш да го поправиш проблемот. Не дозволувај никој да ти вели дека незнаеш какво куче имаш бидејки идиотски е да очекуваш од маламут да се однесува како лабрадор или пудлица.
    Нејсе, проблемот јас мислам дека е во страшната траума со Лендацинот, но не е твоја грешка, бидејки не можеш да ги знаеш реакциите на лековите. Лендацинот е многу болен, и предизвикува многу јака иритација на ткивата, така да затоа најдобар начин да се аплицира е полека интравенски. Жално е на ова време да ветеринарот не се потрудил да најде побезболен начин да го даде лекот, како што ти пиша Пепа, има и други начини.... Е сега ај размисли, за куче кое не сака да го допираат, а камо ли да го држат тројца луѓе со сила, за некој да му прави нешто исклучително болно и тоа со денови, а никој од неговите луѓе не е во близина да му помогне..... епа како поинаку очекуваш да се однесува?
    Треба дресер, да - но никако некој што работи со тепање или страв - на тоа куче сега му треба да се одучи од тој страв, а не да биде уште потрауматизиран, ишто е најважно, сега треба сите вие како фамилија да работите со него за да се научи да ви верува вас пак.
     
    На Емкаа му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: