Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Во моите студентски денови кружеше една анегдота, таканаречен студентски фолклор. Имено, меѓу студентите на катедрата за македонска книжевност за најстрог важеше сега веќе покојниот професор Науме Радичевски и кај него колегите со години се мачеа да го положат предметот Јужнословенска книжевност кој беше еден од најобемните.

Додека чекавме пред неговиот кабинет една повозрасна колешка раскажуваше како нејзина другарка од Кратово 3-4 години го учела предметот и конечно собрала храброст да го пријави и полага. Арно ама, пред да влезе во кабинетот професорот Радичевски ја прашал: „Само да ми кажете колешке, Вие од каде бевте?“ Кога одговорила - Кратово, професорот кој беше енциклопедија за сите автори и нивното потекло наводно ѝ рекол: „Добро, само пред да почнеме да ми кажете кој е најпознатиот автор и книжевник од Вашиот крај?“ И според кажувањата, кога не знаела да одговори тој само извадил 50 денари од џеб и рекол: „Ајде сега вратете се во Кратово, одете на гробиштата запалете му свеќа на Цане Андреевски од мене и од Вас, па тогаш вратете се да полагате.“
Ние, тогашни апсолвенти, се плашевме да влеземе на испит, а кога професорот Науме Радичевски ни пиша 10 во индекс засекогаш запаметивме од каде потекнува Цане Андреевски.

Вчера прочитав дека починал Цане Андреевски, на 95 години.

Студентскиот фолклор е моќна алатка. Најпосле, учевме да раскажуваме приказни.
 
ДК.

После 2 месеци конечно те средија.
Велкам бек.
Немаше кај да се искаже човек
 
Ајдее аирлија кајганице, ама некако чудна си ми, ѓоа поарна беше претходно, ко фб лајт си.
 
Од UX гледна точка претходната мобилна верзија на форумот беше боља.
 
Ви треба време да ви се навикне окото. Мене ми е преубава бојата.
 
Кајганкеее, абе кацииии тииии?! :love:
 
ДК..
Ме интересира што дијагноза има говедо кое пали на 45 степена?
ви треба психијатар, посматрање? Кажете бе.

Мајката ваша. Ова го дишат и дечиња, и стари лица, и здрави и со болести. Ама на вашиот болен ум лекот му е главата у чадот и ДИШИ говедо едно. Диши тоа пластиките
 
Драа

Геринг маааалце личи на Титу.
Антонио Милошофски на Хер Флик од Ало Ало. Ченто на Албер Шпеер. Џими Хендрикс на Морган ама не рум него Фриман.
Меркел на Хитлера.
Гебелс на Роберто Бенини кд не се смее.
 
Драга Кајгана,

Кој и да го пишал ова е дрво од познавање на авто индустрија
 
Драга Кајгана
И на Фемина се зачленив заради тоа шо ми фалеше.
Ама нико као ти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom