До и Од модераторите на подфорумот Политика и вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Dumbledore
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Toj само постирал линк кон бугарски сајт за... Специјални услуги.
Сајтот го направиле Бугари, и го користат Бугари. Кој ве навредува, тие што го направиле и го користат сајтот па и самото постоење на толкав обем од такви услуги кај вас - или таму некој рандом што само го постирал линкот?

Ти во секој случај признаваш дека потписот ти е навредлив. Значи знаеш што правиш, и целата работа ти е со умисла.
Најпосле Јамајка е на македонски форум, а ти си дојденец/гостин кој дошол со намера да навредува. Не мора ништо повеќе да се каже, се знае како би требало да оди редот со таквите „гости“. Да е до мене јас на неколкумина од вас (не на сите) би ви поставил read only потпис со селектирана содржина.
 
До модераторите на темиве.
Згазете ја секоја антимакедонска пропаганда.
 
Постои ли тема за политичката партија "Македонски Концепт" ?

Ако не дали може јас, или некој друг да отвори тема за оваа политичка партија?

Јас лично гледам дека делам исти или слични мислења горе - доле со лидерот на таа партија Петар Богојевски, па би сакал да напишам нешто за него, за таа политичка партија, моите мислења, и да си имаме простор за дискусија, секако со почитување на правилата на форумот и овој подфорум :)
 
Постои ли тема за политичката партија "Македонски Концепт" ?

Ако не дали може јас, или некој друг да отвори тема за оваа политичка партија?

Јас лично гледам дека делам исти или слични мислења горе - доле со лидерот на таа партија Петар Богојевски, па би сакал да напишам нешто за него, за таа политичка партија, моите мислења, и да си имаме простор за дискусија, секако со почитување на правилата на форумот и овој подфорум :)
Нема таква тема, слободно отвори. :)
 
Дали е можно да се пријавам за комодератор на неколку теми или за целиот подфорум Свет?
@Dumbledore тие неколку теми поврзани со актуелните случувања со војната во Украина се преплавени со постојани чести прекршувања на форумските правила. Пошто никој не може да ги следи сите теми постојано, и пошто очигледно е неефикасно пријавување па реагирање на толкаво мноштво прекршоци, дали би сакал да ти помогнам? Јас сум презафатен за било каков поозбилен ангажман од ваков аспект, ама темиве што секако ги пратам би можел истовремено и да ги модерирам.
 
Темата "Блам држава" е подзачистена. Околу 350 мислења, од темата "Блам држава", ви се преместени во "Политички случувања во Македонија- Генерална дискусија". Не е избришано ниту едно мислење.

Се плашам да ја отворам темата "Соживот во Македонија"! Другите теми се, горе-доле, веќе средени.
 
Темата "Војната во Афганистан" е преименувана во "Политички случувања во Авганистан".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom