Дополни го сонот со своја моментална "креативност"

  • Креатор на темата BrunoFresh
  • Време на започнување
B

BrunoFresh

Гостин
Цел на играта е да видиме кој колку има замисла (или е креативен) во моментот без да мисли детално, туку тоа што ќе му дојде на памет, а во едно и да се посмееме на соновите што ќе ги искажат сите членови.

Значи како почеток, членот треба да напише некој сон што го сонувал, а го памти. Каков било сон е дозволен, но немојте да биди кратко и јасно како: “Сонував кучина”, туку обидете се малце да го опишите сонот каков што бил, таков. Тоа што памтите нормално.

Потоа следниот член што ќе биди под вас нормално, треба да напише продолжение од сонот што е од членот погоре кој исто така не требада биде краток. ДА, како што кажав продолжението треба да биди она што ќе ви текни на ум во моментов, можеби ќе нема врска со сонот, но можеби ќе се спојат приказните па ќе излези нешто funny. Пак ќе кажам не обидувајте се да мислите детално што да напишите.

Играта може да започне, па еве јас ќе почнам со еден мој сон кога бев дете го памтам:

Сонував како под моето школо имало паркинг (што воопшто го нема), а таму се наоѓа темница во која се кријат вештерки. Добро памтам дека ако те фатеше вештерите и те испечиле во казанот, ти ќе си бил мртов и добро изеден од чудовиштата кои вештерите ги хранеле со човечка храна. Тоа се знаело низ цел град дека е така, но никој не се плашел освен некои другари кои биле со мене и јас. Иако имало такви работи, во училиштето сеуште се одвивала настава, при што во одредено време морало да се тргааат завесите за да вештерките да мислат дека нема никој. Така послем часовите , како што кажав јаси моите другари сме заминувале од школото, али сме имале план да го посетиме подземјето (паркингот) каде што се наоѓале вештерките. Само што сме влегле , по губењето на светлината, вештерките тргнале во поход по нас, моите другари биле брзи и избегале а јас сум викал за помош, затоа што сум бил многу бавен во трчање (како во сон нормално). И ме фатиле вештерите и ме однеле во казанот и само што ми ја турнале главата во казанот, осетив дека сум умрел и во сстотинката сум се разбудил.

(можете да продолжите со играта..)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
додека вештерките ти ја туркале главата во казанот, од зад нив се појавил супермен и ги мавнал двете вештерки и ги турнал со главите во казанот, а секако одлетал заедно со тебе и те оставил пред градината на твојата куќа, каде те чекале едно 100тици зомбиња, а супермен без поглед назад заминал. :)))

Мој сон.
Додека одев по патеката која ме носеше до мојот дом, пред мене излезе едно огромно куче, заедно со својот газда за кој знаев дека е најлошиот човек во маалото...
Се свртев наназад и почнав да трчам, во умот мислев дека кучето веднаш ќе се стрча по мене, но тоа беше газдата кој со нож ме погоди во тилот.
Се разбудив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom