Докажете ја својата хуманост

  • Креатор на темата IKE
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
I

IKE

Гостин
Почитувани посетители. Оваа мала информативна страница би требало да е еден мој мал придонес за помош на фам. Наумовски од Битола. Знаејќи ги сите членови на оваа фамилија, во изминатите години сум имал само пријатни искуства. Луѓе кои го ценат животот и кои се силни како еден кога треба на некого да му се помогне. За жал, еден од членовите на оваа прекрасна фамилија, Игор Наумовски кој е и лично мој другар, по тешката несреќа која ја имаше минатото лето (2007г.) кога сериозно го повреди својот 'рбетен столб сѐ уште закрепнува. Голем дел од неговите повреди се санираа и благодарение на неговата цврска волја и желба за живот Игор денес е жив. Но знаејќи во какво време живееме, и во каква средина Игор се лекува, потребни се дополнителни средства за продолжување на неговиот третман во странство. За Игор повторно да биде исправен цврсто на своите две нозе потребно е да посетува рехабилитационен центар во Црна Гора. Ова не е барање само за помош, ова е барање на човечност, и шанса за секој од нас кој секојдневно купува по 2 пакети цигари или едно шише алкохол. Баш во оваа ситуација можеме да му смениме видикот кој го имаме за светот. Доколку секој од нас оддели скромна сума од неговиот ценет буџет, во границите на неговите можности, Игор за многу брзо време ќе се рехабилитира и ќе ни се врати во целосно опоравена состојба.

За таа цел, отворени се телефонски броеви преку кои ние можеме да му помогнеме:
T-Mobile: 070 143 183
Cosmofon: 075 143 123
Vip: 077143 123
Со секое јавување донирате 100 денари. Запомнете: капка по капка - поточе!

Поздрав,
Ike
 

Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
Во Дневник налетав на еден апел за помош, па ако оваа тема е соодветна за да го постирам, еве го:

23 месечната Јована Трајчевска од Ресен боледува од заболување на очите дијагностицирано како Retinoblastoma Oculli Bilateralis, т.е. малигни тумори на двете очи. Итно е потребно лекување во странство поради можноста од брза прогресија на витално загрозувачката болест и немање услови и можности за изведување на неопходните лекарски процедури во Р Македонија.

За лекување на Јована во Москва, Русија потребни се околу 20.000 евра, кои нејзините родители не се во можност да ги обезбедат. Ги молиме хуманите луѓе финансиски да го помогнат лекувањето на Јована во Русија со јавување на телефонските броеви за донации:

070 143 121 (за корисниците на мрежата на T-Mobile) и
075 143 555 (за корисниците на мрежата на Cosmofon)
со што донираат по 100 денари од повик,
како и жиро сметката:
200000000017355, Стопанска Банка АД Скопје, повикување на број 0014098444, со назнака: хуманитарна помош за Јована.


Ви благодариме
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom