- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.615
- Поени од реакции
- 11.983
Во ред е, (макар да и не е во ред заради високите трошоци за ваков начин на гласање) тоа е нивно право дали ќе или нема да гласаат. Проблемот е со бројките. Утврдени се 68.000, а во медиуми излезе информација од Светска Банка дека до 2010 мигрирале 470.000 граѓани (неофицијално велат повеќе). Ако 1/3 претпоставиме дека се нелегално, остануваат 300.000 од кои барем половината се полнолетни. Според ЕУРОСТАТ 1998-2011 иселени се официјално 230.000 (10%) граѓани што заедно со веќе иселените чини многу поголема бројка. Според статистиките на Итаија и Германија само во тие 2 држави имало по околу 60.000 македонски граѓани.Голем дел не ги интересира. Се откажуваат откако ќе сфатат дека треба година дена да чекаат за пасош на пример или дека треба да најдат некој Мак документ што пред 100 години го изгубиле. .
Неколкупати повеќе од бројките на ДИК. Добро платените служби треба да се зафатат со прибирање информации за поточен број иселеници, посебно затоа што се сега интегрирани и во изборниот процес.
тоа и ме збуни. Доколку 68.000 лица е утврдено дека се со право на глас, тоа значи дека 68.000 лица се граѓани односно државјани на РМ, со важечки документи со кои автоматски во полнолетство им следува уставно право на глас. А во текстот пишува дека ДИК одобрува пријави за гласање. Мене како граѓанин не може ДИК овде или низ светот да ми го забрани правото на глас освен со одредени дисфункции. Искрено не ми се верува дека барем 60.000 граѓани изгубиле валиден патен и идентификациски документ.@Lurtz Ваљда на "одобри" се мисли на тоа дека потврдено имаат потребни валидни документи за гласање.
А зошто велам не е во ред овој начин. Затоа што со најмалку 3 лица по гласачко место, 4 денови во просек (подалечни и поблиски) за престој, за 46 места се собираат високи суми и до 100.000 евра. Без авионски патни трошоци и сместување. Треба да се земе предвид незаинтересираноста. Ако нема интерес, да се прекине со овој начин и да се премине на гласање преку интернет или сличен начин.
Последно уредено: