Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.123
Видиш,една обична парабола за стоење на јаже,иако ја разбра,продолжуваш со исмејување,хранејќи си го егото.
Ќе се наситиш некогаш?
Еднаш да прочитам од тебе таков пост,може?

Со која цел ти го следиш кажаното "прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон?

Нема закон над тоа уште помалку проклетство кое би го навлекол на себе!

Така ми е волја!
Не можеш да храниш его како што ти мислиш или ако тебе така ти се храни егото... како не разбираш различни се луѓето, сечие „јас“ е посебна приказна и секое „јас“ е сопствена патека... :)

Исус, полека со параболите (ова е шега, не е исмевање, да се разбереме). Изнапишав толку многу и тебе ти се фати окото на тоа зошто некој ти се насмеал на параболата...
Ај сеа види мака...
Не те исмевам, се смеам - има разлика. И немам ништо против твоето толкување на Библијата и како Исус бил она или ова (тоа дури и ми одгоавра), но кога ќе се поставиш како пророк и зборуваш за езотерија и окултизам (а се си собрал од книги кои некој дозволил да ги читаат и профани), со сета замагленост и површно зборување, а се трудиш да си го храниш егото како да си ти познавач на работите... морам да ти напишам да олабавиш, за да не паднеш во провалијата па да не може ниту лак ниту стрела да може да ти дадеме...
Бидејќи ти мислиш дека сме непријатели - не, не сме колку и да е жолчна расправијата тука околу вери, религии, свети книги, што ти знаеш што не правиш, кој сум јас, секташ ти реков ми рече - на крајот сме луѓе - дел од Човештвото! Сепак едни со други мора да се надградуваме, не убиваме и мразиме!
Бидејќи... ќе прочиташ подолу кога че ти го одговорам прашањето „зошто“....

Тоа што ти го прифаќаш како исмевање - е твоја работа, но ете ќе ти повторам, не те исмевам, ти кажувам дека толкувањето на туѓи свети книги, кон туѓинци не носи ништо добро... знаеш зошто?
Ќе ти кажам понатаму...

И ме прашуваш зошто „Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“?
За да бидам свесен за Големото Дело, за да истраам се до постигнувањето на Каменот на Мудроста, Summum Bonum-от, Вистинската Мудрост и Совршената Среќа. :)
Бидејќи „Љубовта е закон, љубов под волја.“ И бидејќи се до овој еон не постеше начин преку Бездната. Се беше до... одредено место, кое не може да го расправам тука со тебе...

Исто, Телема е првата философско-религиозна матрица која вели дека после Телема ќе дојде друг Закон, друг Бог ќе седи на Тронот на Истокот, друг Пророк ќе донесе нова искра и нова Иницијација! Нема крај на светот, нема крај на животот, нема вечен оган ако не си Телемит – само искуство и надминување!

Секој што стапнал на патеките на иницијација, знае дека многуте системи се создадени и оформени за да одговараат на секој човек. Тие се еден вид на алатка со која човекот го прави првиот чекор кон излегувањето од дворот на профаните и прв чекор на патеката на иницијација, која е ако добро се сеќавате – значи служење!

Затоа и во „Книгата на Рамнотежа“ стои стих кој што вели, ќе парафразирам: „во вистинските религии не постојат секти. Внимавајте да не го колнете името на богот кои другите го препознаваат неизговорливото“

П.С. Немаме проблем што човештвото ќе се промени, што ќе има други пророци и философии, нови иницијации и нови искушенија! Така било и така ќе биде постојано! Нема крај човештвото! Не знаете колку сме вредни, затоа сте вакви поделени и постојано се пазите немој некој лошо да ви мисли или дека ве напаѓа...
Прашањето е зошто вие сакате да бидете дел од учења кои зборуваат за крај, за страдање, за гревови? Колку и да измислувате оправдувања, не е тоа што вие го зборувате и барате оправдување! Едноставно не сакате да прифатите промена... и тоа е тоа...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
А одкако направи избор "јас" во одредена група,својот опстанок се темели на напади и докажувања со спротивниот табор.И така до недоглед.
Ако мислиш дека можеш да го избегнеш фактот дека припаѓаш во некоја, некаква група, стереотип, и си замислуваш дека си уникатен, еден и единствен на светов и веков одма ќе ти кажам дека си во заблуда. Ние сме социјални битија и секој некаде и на некаков начин, поради една или друга особина припаѓа во некаква група или претставува одреден стереотип без разлика на бројноста, обемот или влијанието и моќта на единките. Џабе буцаш и клоцаш, тоа е факт и точка.

Јас немам ниту желба ниту потреба да ми докажувам некому нешто што ми е свето и е моја лична аспирација од духовна природа. Немам.

Тоа што понекогаш го споделувам се само мои лични гледишта и претпоставки кои, како што реков повеќе пати, не мораат да бидат точни.

Обично не пишувам и не разговарам на овие теми од поодамна. Дури и се чудам овие денови како најдов енергија воопшто. Чудно. Сакам да кажам, џабе се натегаш со мене да се докажуваш и цепидлачиш за вакви теми. Не само што не ми се разговара за, според мене, премногу свети и премногу субјактивни апстракции, туку и ме мрзи да пишувам.

Ќе морам да те замолам ако можеш да ме поштедиш од вакви и слични понатамошни бесмислени фантазмагории.

Нека Бог биде со тебе.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138

Очигледно не ја разбираш функционалноста на спротивностите и причината на нивното постоење.
Ако ти си од таа страна(познавачи на окултното), алф не е од другата страна како што пишуваш,а упорно и упорно така правиш.
Ако сакаш со спротивности да зборуваме, бидејќи гледам дека ти полесно да се снајдеш , тогаш ќе парафразирам спротивност.

Пример.
Ти си од страната на животот, таму е реката на која стоиш од една страна и довикуваш на другата страна мислејќи дека таму е алф.
Алф е смртта, не од страната на смртта ,туку самата смрт.
Каква врска има алф со спротивната страна од реката?Никаква врска нема.

Алф ја донесе смртта во животот,а ти животот во смртта нема да ја однесеш ,па и газот од духовност да ти свети!
Ти ги знаеш спротивностите кој се во склоп на животот,од таа страна на реката, од оваа страна на бездната, стари и нови еони , иноцирани и профани и слично.
Ама спротивноста на животот не си го искусил иако читаш книги кој зборат во метафори какво е "царството божјо".
Смртта не си ја вкусил.

Таму не постои вие ,тие ,јас, смрт е смрт, празнина во која немаш одраз ,сите се во тебе и ти си во нив.
Од иницирани до не иницирани, верници,неверници, убијци и жртви секоја спротивност , се што постои во животот по кој сте поделени, во смртта се.
Која книга во смртта ќе ја читаш, ако не таа што е во тебе самиот,се е од тебе и во тебе.
Смртта е патот и нема друг пат до бога!

По пластично не може да ти опишам колку промашуваш во комуникација.
Не ме интересира иницијација, патеки или книги.Џабе ставаш линкови.

А бидејќи си апостол, ќе ти текне што треба.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.123
Нема врска тоа што го напишав со никакво окултно или било што, ниту пак гледам од која страна си... скокаш редови.
Како што напиша и @831 - батали, исти муабети не можам да правам постојано...

A.L.F. = Alien Life Form - другото, ти си знаеш...

П.С. Линковите се за сите што ќе поминат да прочитаат, зошто мислите дека се за тебе? На форум пишуваме човек, секој ќе чита и регистрирани и нерегистрирани + да се знае од каде сето тоа доаѓа што го пишувам.... не измислувам топла вода...
Повеќето работи кога пребарува човек на нет, форумов излегува :)
Уживај...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Смртта не си ја вкусил.

Таму не постои вие ,тие ,јас, смрт е смрт, празнина во која немаш одраз ,сите се во тебе и ти си во нив.
Од иницирани до не иницирани, верници,неверници, убијци и жртви секоја спротивност , се што постои во животот по кој сте поделени, во смртта се.
Која книга во смртта ќе ја читаш, ако не таа што е во тебе самиот,се е од тебе и во тебе.
Смртта е патот и нема друг пат до бога!
Пример велиме, некој си некаков верник ќе ти го прочита ова и ќе те обвини дека си во т.н. Црна Ружа. Оди после ти докажувај се дека не си. Заебано а?

Муабетот ми е, ова се премногу комплицирани и чувствителни теми. Нема поента да се губи време во бесцелни натпревари или докажувања која е највистинската вистина или патека. Овие тематики осудени се скоро секогаш да завршуваат со недоразбирање што изродува тензија која има тенденција да пробуди гнев итн.
Нема поента.
То е.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ако мислиш дека можеш да го избегнеш фактот дека припаѓаш во некоја, некаква група, стереотип, и си замислуваш дека си уникатен, еден и единствен на светов и веков одма ќе ти кажам дека си во заблуда. Ние сме социјални битија и секој некаде и на некаков начин, поради една или друга особина припаѓа во некаква група или претставува одреден стереотип без разлика на бројноста, обемот или влијанието и моќта на единките. Џабе буцаш и клоцаш, тоа е факт и точка.

Јас немам ниту желба ниту потреба да ми докажувам некому нешто што ми е свето и е моја лична аспирација од духовна природа. Немам.

Тоа што понекогаш го споделувам се само мои лични гледишта и претпоставки кои, како што реков повеќе пати, не мораат да бидат точни.

Обично не пишувам и не разговарам на овие теми од поодамна. Дури и се чудам овие денови како најдов енергија воопшто. Чудно. Сакам да кажам, џабе се натегаш со мене да се докажуваш и цепидлачиш за вакви теми. Не само што не ми се разговара за, според мене, премногу свети и премногу субјактивни апстракции, туку и ме мрзи да пишувам.

Ќе морам да те замолам ако можеш да ме поштедиш од вакви и слични понатамошни бесмислени фантазмагории.

Нека Бог биде со тебе.
Вака му служите на Највисокото?
те цитирам..
Ние (окултизмот) обожуваме, и се трудиме да ги надминеме овоземските карактерни, душевни недостатоци, како би биле достојни да бидеме вистински следбеници (служители) на Највисокото.
завршен цитат.

Со мрза?

Ако не го мрзи бог, нека биде и со тебе!
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Вака му служите на Највисокото?
те цитирам..
Ние (окултизмот) обожуваме, и се трудиме да ги надминеме овоземските карактерни, душевни недостатоци, како би биле достојни да бидеме вистински следбеници (служители) на Највисокото.
завршен цитат.

Со мрза?

Ако не го мрзи бог, нека биде и со тебе!
Во ,,се трудиме" и ,,да надминеме" виде мрза? Или нешто друго мислеше што не сум разбрал?
Небитно.

Благодарам.
Но првенствено нека биде таму каде што е најпотребен (не мислам на тебе во случај да се почувствуваш увреден или нападнат), зборувам генерално, општо, за овоземски трагедии...од гледна точка на Assiah (Malkuth). Ете и кабалистички нека биде изречено, таму кај што едно нешто се манифестира на различни начини. Чисто за секој случај да не ми се нафрлиш дека сум ослепел од шаренилото на дуализмот па затоа не можам да го видам ,,The All in All" и слично.
Првенствено таму.
 
Ако се трудеше да ги надминеш овоземските карактерни , душевни недостатоци, ќе се потрудеше да ја надминеш и мрзата.
Вистинските служители на Највисокото не се мрзливи да бидат тоа.
Но, според тоа како пишуваш, "Највисокото" е нешто сосема друго во твојте или окулното од каде си го презел.

За тој малкут, никогаш не си се посомневал дека е погрешно, дека не е така како ви е прикажано?
 
Ами пиши на темата за Кабала кое е твоето видување на световите и сферите, еве, за Малкут нека биде, па може имаме исто или слично мислење, ако не, може и ќе научам нешто не само јас туку и други. Ништо не се губи, може само да се добие макар и погрешна претстава. Ако не те мрзи до толку да навлегуваш детално т.е. да се шлапкаш во длабокото каде што демнат и фаќаат грчеви.
Мене ме мрзи искрено. Да, мрза сум за пишување.
 
Пишано е тука.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Би требало одлуката да биде исклучиво лична и да зависи од тоа какви одговори сака да чуе поединецот за најважните животни прашања.

Меѓутоа, за многу луѓе кои слепо ја следат толпата, за жал религијата или филозофијата што ја следат е наследена од семејството, културата или општествените норми. Во случајот со христијаните, на пример, они се израснати со верувањата на христијанството и како резултат на тоа развиваат силни емоционални врски со учењата на христијанството, дури и ако личниот светоглед е целосна спротивност од тоа,
А ако секој поединец има свој светоглед...тогај, шу прајме?...
Автоматски споено мислење:

Зошто?
Па реално Хептаграм XI и не постои... :coffee:
Хмммм, да...„Хепта„ е умијетничко име, а овосветовното име ти е дадено/крстено од светшеник од „староеонската„ религија...нели?

Не е битно, сепак не постоиш...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Во новото време нема другите се зло... тоа се старо-еонски финти. Сличен и исто - има разлика. Во ова време се учиме дека секој е различен и потребен во човештвото... тешко оди со догмите, научени се да се авторитет, државата да стои зад нив, политиката итн итн... сега тоа се менува...
До кога со овие верувања?
Новото време е самиот човек, а не единица мерка во која ќе живееш.
До кога ќе бидеш дете на времето, ќе пораснеш некогаш?

Звучиш како верник , тие чекаат човек да донесе промена, а ти можеби не чекаш, но самата поделба на староеонски догми и некое ново време во кое нема догми е верување за кое работиш со сатанизирање кон сите староеонски догми,а посебно христијанството ти е на пик.

Со цитати од твојата филозофија не даде одговор, што го тера човек за избор на религија или филозофија која ќе му биде мотив да сатанизира друга група?

Понудив едноставна илустрација.
Секој човек е со идентични промени, идентични емоции , од исто место доаѓаат на земјата и во исто место ќе се вратат.Разликата е во умот или мислата, преку кој вршат избор на религија/филозофија во кој постојат закони со кој се поставуваат за судии и џелати на другите.

Зошто е тоа така?
Зошто слугува човекот на буквата?
Па еве и ти, без цитати од твојата филозофија ,умот не ти функционира, мора буквата да оправда или оспори некоја мисла.
А таму каде што ќе се судрат различностите секој го вади "штитот" или "мечот" од својата света книга.

Буквата го пороби човекот, а секој роб понесен од буквата е спремен да сатанизира друг роб кој слугува на друга буква(закон).

Кој или што ја оформи формата на буквите кој креираат правила и закони на кој луѓето им служат?
 
До кога ти со библијата и ќе зборуваш дека не си христијанин? Се читаш?
Како ти ги осудуваш христијаните, а ја користиш христијанската библија? Бидејќи се удираш во гради како ти не си дел од црквата? За жал, си дел бидјеќи веруваш во нешта креирани токму од тие луѓе кои ти ги презираш, читајќи те тука... но нема што да се направи во врска со тоа...
Едноставно денес имаш избор во што ќе веруваш и преку што ќе напредуваш - твоја работа, твој проблем, твој живот и твоја смрт.

Лесно е да се прашува сешто... и тука глумење лудило :)
Кој ја создаде книгата во која веруваш и тука од петни жили ни ја толкуваш како ти ја разбираш и притискаш дека тоа е целата вистина, другите ништо не знаат за библијата и христијанството?
Дури и тврдиш како таа има универзална вредност, исто како што зборуваат сите верници, преку неа осудуваат секој и сешто, нивниот бог постои за сите и сите ќе бидат судени ако мене фалусот не ме боли за тоа верување и не сум дел од таа религија?
Како Исус ќе суди муслимани кога за нив има само Аллах и неговиот пророк Мухамед?

Зошто ти слугуваш на библијата создадена од христијанските секти собирајќи од стари учења сешто и дури во IV создаваат „света книга“ во која ти веруваш и толкуваш на големо...?
Кој тебе ти ја даде идејата дека ти ја имаш вистината околу библијата кога не ја знаеш ниту историјата на истата ниту од каде потекнува? Туку едноставно веруваш дека има нешто магично што само ти го разбираш посебно во оној интересниот дел Откровение кое што е интересна визија која зборува за новото време? :coffee:

Лесно е ова вака... зошто ти не си христијанин (како што тврдиш), но ете те 13 години толкуваш една библија христијанска и сите ги убедуваш како твоето разбирање е апсолутната вистина? Колку мислиш дека тоа е лудо?

Ти одговорив убаво зошто луѓето избираат ова или она и зошто нема ништо лошо во тоа... но бидејќи е Телема, ти креваш врева... седи си со библијата во скут и толкувај и уверувај се дека ти си поразличен од христијаните! Која света книга си ја прифатил за водич, тоа си ти... и нема потреба од криење или кревање врева со оправдувања...
Туркај го каменот... следниот живот ќе се избере друго или исто, зависи...

Бателете ги старо-еонските финти едноставно... седни работи, не толкувај за други, не објаснувај што значи ова или она во светите книги... глупо е и бесцелно! Помина тоа време... сте се фатиле за сламка и претате.. уште да почнете да се заканувате :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Хепта, поставив едноставни прашања, пробај фокусот да ти биде на тоа,а не на алф.
Ако немаш одговор , напиши дека не знаеш.Никој нема да те суди.

Многу е едноставно.
Причина на поединец да направи избор на одредена религија и филозофија е неосознаената смрт.
Секоја духовност или религија се исфрлени зборови кој водат во вкусување на смртта.

Правилата или законите се матрица до нивно надминување , каде буквата се врзува со душата на човекот кој го тера да слугува и воедно преку нив да се менува и преобразува.
Ова ти го викаш осознавање на сопствената волја, додека за други законот го разбираат како менување на надворешниот свет каде сите би го прифатиле, некој милом или силом.

Тука настанува тој момент на сатанизирање.
Тоа кое по природа сите луѓе ќе го вкусат(смртта) , во животот ги подели обвинувајќи се едни со други.
Чив е животот,а чива е смртта, нели и едното и другото е во вас, но вие само животот го познавате.

За да можете да судите кој е во што, вкусете ја смртта, ослободете се од јаремот на буквата(законот), па тогаш судете.
А ако судите преку призмата на буквата, тогаш вашиот суд е пристрасен.
Како судите,така ќе ви се суди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom