Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.134
- Поени од реакции
- 12.114
Не можеш да храниш его како што ти мислиш или ако тебе така ти се храни егото... како не разбираш различни се луѓето, сечие „јас“ е посебна приказна и секое „јас“ е сопствена патека...Видиш,една обична парабола за стоење на јаже,иако ја разбра,продолжуваш со исмејување,хранејќи си го егото.
Ќе се наситиш некогаш?
Еднаш да прочитам од тебе таков пост,може?
Со која цел ти го следиш кажаното "прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон?
Нема закон над тоа уште помалку проклетство кое би го навлекол на себе!
Така ми е волја!
Исус, полека со параболите (ова е шега, не е исмевање, да се разбереме). Изнапишав толку многу и тебе ти се фати окото на тоа зошто некој ти се насмеал на параболата...
Ај сеа види мака...
Не те исмевам, се смеам - има разлика. И немам ништо против твоето толкување на Библијата и како Исус бил она или ова (тоа дури и ми одгоавра), но кога ќе се поставиш како пророк и зборуваш за езотерија и окултизам (а се си собрал од книги кои некој дозволил да ги читаат и профани), со сета замагленост и површно зборување, а се трудиш да си го храниш егото како да си ти познавач на работите... морам да ти напишам да олабавиш, за да не паднеш во провалијата па да не може ниту лак ниту стрела да може да ти дадеме...
Бидејќи ти мислиш дека сме непријатели - не, не сме колку и да е жолчна расправијата тука околу вери, религии, свети книги, што ти знаеш што не правиш, кој сум јас, секташ ти реков ми рече - на крајот сме луѓе - дел од Човештвото! Сепак едни со други мора да се надградуваме, не убиваме и мразиме!
Бидејќи... ќе прочиташ подолу кога че ти го одговорам прашањето „зошто“....
Тоа што ти го прифаќаш како исмевање - е твоја работа, но ете ќе ти повторам, не те исмевам, ти кажувам дека толкувањето на туѓи свети книги, кон туѓинци не носи ништо добро... знаеш зошто?
Ќе ти кажам понатаму...
И ме прашуваш зошто „Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“?
За да бидам свесен за Големото Дело, за да истраам се до постигнувањето на Каменот на Мудроста, Summum Bonum-от, Вистинската Мудрост и Совршената Среќа.
Бидејќи „Љубовта е закон, љубов под волја.“ И бидејќи се до овој еон не постеше начин преку Бездната. Се беше до... одредено место, кое не може да го расправам тука со тебе...
Исто, Телема е првата философско-религиозна матрица која вели дека после Телема ќе дојде друг Закон, друг Бог ќе седи на Тронот на Истокот, друг Пророк ќе донесе нова искра и нова Иницијација! Нема крај на светот, нема крај на животот, нема вечен оган ако не си Телемит – само искуство и надминување!
Секој што стапнал на патеките на иницијација, знае дека многуте системи се создадени и оформени за да одговараат на секој човек. Тие се еден вид на алатка со која човекот го прави првиот чекор кон излегувањето од дворот на профаните и прв чекор на патеката на иницијација, која е ако добро се сеќавате – значи служење!
Затоа и во „Книгата на Рамнотежа“ стои стих кој што вели, ќе парафразирам: „во вистинските религии не постојат секти. Внимавајте да не го колнете името на богот кои другите го препознаваат неизговорливото“
П.С. Немаме проблем што човештвото ќе се промени, што ќе има други пророци и философии, нови иницијации и нови искушенија! Така било и така ќе биде постојано! Нема крај човештвото! Не знаете колку сме вредни, затоа сте вакви поделени и постојано се пазите немој некој лошо да ви мисли или дека ве напаѓа...
Прашањето е зошто вие сакате да бидете дел од учења кои зборуваат за крај, за страдање, за гревови? Колку и да измислувате оправдувања, не е тоа што вие го зборувате и барате оправдување! Едноставно не сакате да прифатите промена... и тоа е тоа...