Па да речеме, можеш да побараш прошка тука на форумов за тоа што ги навредуваш христијаните и после со мирна душа да чекаш да дојде Исус за да те однесе во рајот.
Знам дека се зезаш и не ти е битна ниту една религија, ниту се заморуваш некој во што верува и како тоа во пракса го покажува меѓу луѓето
Ама мене ми е интересно да бидам „сериозен“ околу христијанството (со сите негови деривати) и исламот како најсвирепа религија насочена кон другите денес со нивните секти!
Доста со тој муабет како христијаните се навредени!
Не пали тоа повеќе никаде... не требаше ниту да се дозволи таков муабет да започне!
Ниту муслиманите имаат право да бидат навредени повеќе бидејќи некој зборува критички за нивниот Мухамед!
Мислам тие може да се навредени, да дојдат и христијани и муслимани да тепаат неистомисленици со образложение „Навредени“... но нека прочитаат во нивните писанија и нека подразмислат како истите тие се однесувале и се однесуваат кон другите!
Ние другите не сме навредени и угнетени со тоа што со векови некоја црква или религија угнетувала други и ги ставала на маргините на општеството оние кои не сакале и не препознавале корисност од тие религии?
Не... не сме навредени денес што некој поп или обичен мирјанин не нарекува сатанисти, убијци, луѓе кои крв пијат, мојот пророк е ваков или онаков... ние другите не сме во ред, кон нас може еден беден христијанин кој што не си знае ниту своето писмо како што треба, не пак правилно да си ја практикува верата да дрдори сешто и ги сатанизира туѓите идеали оти така слушнал или толку му сечи умот - но ако јас нешто искоментирам што не му чини на христијанинот, навреден? Де бре...
Фалусот ме боли дали е навреден или не!
Ако на божественото му требаат луѓе за да го спасат од критика - фрли пепел на сето тоа учење!
Ние сме само зачудени како едно незнаење и обично верување и проклета надеж им дава на луѓето право да го силуваат другиот! И да квичат кога ќе го осетат стапот на свој грб и ќе им се земе жезлото од рака со која глумеле просветлени... просветлени Угнетувачи!
Каде е прошката тука? Или тебе ова ти е зафрканција кога се работи за верувањата и колку човекот е способен да наштети и себе си и другите заради едно верување?
А да, и имај убава вечер