Припадник на твојата религија може да прави што му е волја исто како и јас... јас не велам ти што да правиш, ти кажувам дека твојата религија насекаде зборува со страв за смртта и како телото ќе умрело и ќе го јаделе црви... еми нели од земја сме и земја ќе станеме, според евреите од кои собравте се што денес го зборувате наоколу... јас ви го критикувам постојаното зборување како „сите имаат наследен грев“ дека е насилно туркање на твојата религија дека е апсолутна вистина за нештата поврзани со човештвото - а тоа е лага...
Не постои грев посебно наследен во многу други учења и философии на живеење надвор од твојата религија... верување во наследен грев реков дека е сржта на христијанството за да има причина да постои месија кој што го најавија нели евреите...
Има системи во кои не постои спасител како во христијанството, кој доаѓал и поправил, но ќе дојде пак за да досреди на Земјата и да суди... во ред е верување и надеж, но намелете малку со стравот и проповедта дека христијанството е „апсолутното нешто кое содржи се што му треба на секој поединец на Земјата“. Посебно проповедање со задскриена омраза кон другите кои не го делат вашето верување за гревови...
Тоа е удирање во гради со мокар чорап - се слуша премногу непотребна врева, а резултатот е лудница...
Телото е небитно, само возило за искуство меѓу мноштвото на живите, што би рекле старите Египјани во нивните ритуали... телото е небитно кај сите други учења освен ете ти сега што си се фатил за телото, ќе го јаделе црви...
Тоа пак не значи да се запусти тој храм на Земјата! Затоа се имаат пракси за одржување на храмот, бидејќи во неуреден храм - божественото не вирее
Можеби ќе начекаме во Македонија да има кремирање - ниту црви, ниту земја - што му се толку плашиш
П.С. Ако нешто тебе Исус ти ветил и ти исполнил - одлично! Ти посакувам уште многу нешта да ти исполни и да имаш живот каков што заслужуваш.