Докторот
DOMINUS
- Член од
- 4 јануари 2008
- Мислења
- 611
- Поени од реакции
- 9
- Возраст
- 35
Напишано од Канал 5
Македонија
Веројатно ќе има упис на медицина или економија за ученици Албанци без приемен
Решение за учениците Албанци кои исклучиво бараат да се запишат во дополнителни паралелки во средното медицинско училиште Панче Караѓозов и економското Арсение Јовков без полагање на приемен испит - ќе се бара во понеделник. Ова е исходот од денешниот разговор меѓу надлежните во Министерството за образование и координативното тело на родителите.
На состанокот надлежните во министерството стоеле на ставот дека за учениците мора да се обезбеди квалитетна настава во соодветни услови и наставен кадар. Било предложено дисперзирање на паралелките на албански јазик. Родителите пак барале без разлика во какви услови ќе учат нивните деца во медицинското Панче Караѓозов освен 5-те пропишани со конкурс уште 3 паралелки на албански. За средното економско Арсение Јовков побарале 12 албански паралелки, а македонските да се дисперзираат. Сите паралелки место пропишаните според закон 30 ученици да имаат по 40. Предлогот веднаш бил отфрлен од Министерството за образование. Проблемот се јави кога министерот Рушити го поништи првиот конкурс кој беше согласно просторните можности на градот и на своја рака го дополни со паралелки на албански јазик. За вториот уписен рок за настава на албански јазик има 1 144 слободни места во средните училишта.
И што сакаат? Имаат уште 1000 места, а сите се начукале на економско и медицина?! Не може сите да бидат доктори и економисти, треба некој тоа да им го каже.