У пубертетот испробав цел куп диети( не зашо реално имав потреба, него тоа тинејџерските комплекси ми мавнаа у глава, па мислев дека ако не личам на костур, онда сум дебела).
Од сите диети што ги пробав најефикасна се покажа Аткинсоновата диета, и неколку нејзини "поблаги" варијации(режими на исхрана базирани врз внесување пред се на протеини,и умерено внесување на јаглено-хидрати од овошје), но кога отидов да си ја проверам крвната слика после 4 месеци( со мали паузи измеѓу ) на Аткинс, испадна дека нивото на креатинин ми е прилично накачено па докторот ми советува дека е најдобро да прекинам за да не си створам некоја дисфункција на бубрезите поради екцесното конзумирање на протеини. Така да сметам дека елиминацијата на јаглено-хидрати во исхраната, и режим во кој доминираат протеини(нешто слично на Аткинс) е добар и ефикасен, но на кратки стази.
А што се однесува до оние "чуда" од диети, од типот на 5 кила за една недела, од лично искуство сметам дека се тотално неуспешни и штетни, затоа што освен што го исцрпуваат имунитетот и целиот организам и прават да ја изгубиме водата немаат некој друг ефект, па доволно е една недела потоа да почнеме пак да јадеме за да ја вратиме изгубената килажа, некад дури и со неколку кила "гратис" ( јо-јо ефект ).
Верувам дека е најдобро да се најде режим со умерени рестрикции во исхраната, придружен со редовна телесна активност, доколку сакаме трајни резултати кои нема да ни го нарушат здравјето. Јес да за да почнеме да слабееме на таква диета е потребно подолго време, но трпението и вољата се исплатат у таков случај.
Што се тиче мене лично, веќе година ипол сум веганец, јадам кога сум гладна, вежбам и се движам и немам некои проблем тежината.