Детски труд?

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Така :)
Ова сакав да го напишеш дека си му помагал и во ред е да помогнеш. :) Ама замисли дека тоа треба да го правиш секој ден за пари (пример додека си на летен распуст) и парите што ќе ги земеш да ти ги земаат домашните. Би го правел тоа "доброволно"? :smir:
Нема шанса.Ќе работам подоцна, мал сум сега:)
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.051
Поени од реакции
2.055
Сега бев цигари да купам и гледам в чаршија 14-15 годишнии деца на тезги седат cd-a продаваат :toe:
Абе тие дечишта ти се преваранти, што на него ќе му купиш "филм" за 80 денара, и кога ќе отидеш дома сфаќаш дека те преебал и ти дал празно цд што чини 7 денара, веќе ако работат нека бидат чесни барем.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Сега бев цигари да купам и гледам в чаршија 14-15 годишнии деца на тезги седат cd-a продаваат :toe:
Ти инспириран од темава почна да приметуваш у околина. :pos:
Честа појава е, ама пошто сме навикнати не ги приметуваме.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Дали оправдувате детски труд? Под детски труд мислам на работа на деца под 15 години.
Доволно е да прошетате низ Бит пазар и да видите деца кои продаваат мастики, цигари или други производи на тезга. Кога ќе се рашетате во околината на Скопје исто може да се забележи како мали деца работат по ниви или продаваат овошје и зеленчук покрај пат.
Дали според вас ако работи од мало ќе му се створи работна навика за понатаму или е злоупотреба на детски труд и ускратување на детство?

Не оправдувам во никој случај... Ако некој треба да работи тоа е родителот. На тие години детето треба да стекне навика за учење и едуцирање и да развие љубов кон книгата и учењето, а не кон работата.За работа има време... и затоа се во свое време...

Е сега оправдувам ако покаже самото интерес за работа и помош али да биде присилено во никој случај. Тоа го сметам за експлоатација на детето и детските права и според мене треба да биде строго казниво.

Па каков е тој родител што не е способен да го прехрани своето дете и што го тера да работи?
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Се зависи
Ти на детето аку му даиш на нива да ти копа а има 12-14 години тоа НЕ!
За детето е некоја лесна посебна работа за полека полека ја научи и да се навикне
Јас лани летово работев имав 17 години за летниот преоден рок на месец по 8 000 ден. си заработив парички, сега тоа дали детето треба да се пушта на работа па јас мислам дека да, зошто да не само ке прави трошкови дома отколку он да си збира он да си троши за време на летниот преоден рок може да работи, но некоја работа на нива или да копа по улиците тоа не, некоја скропма како за секој :smir:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Се зависи
Ти на детето аку му даиш на нива да ти копа а има 12-14 години тоа НЕ!
За детето е некоја лесна посебна работа за полека полека ја научи и да се навикне
Јас лани летово работев имав 17 години за летниот преоден рок на месец по 8 000 ден. си заработив парички, сега тоа дали детето треба да се пушта на работа па јас мислам дека да, зошто да не само ке прави трошкови дома отколку он да си збира он да си троши за време на летниот преоден рок може да работи, но некоја работа на нива или да копа по улиците тоа не, некоја скропма како за секој :smir:
Зборуваме за деца до 15 години. :helou:Значи, тука влегуваат и оние од 6, 7, 8... години кои покрај другото и физички не се подготвени за напорна работа.
Помош по дома е сосема друга тема, за која мислам дека е корисна ради создавање на навики кај детето. Ама само помош, не повеќечасовна работа. :smir:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Зборуваме за деца до 15 години. :helou:Значи, тука влегуваат и оние од 6, 7, 8... години кои покрај другото и физички не се подготвени за напорна работа.
Помош по дома е сосема друга тема, за која мислам дека е корисна ради создавање на навики кај детето. Ама само помош, не повеќечасовна работа. :smir:
Па да де, јас лани работев а имав 17 години, значи не сум работел како мал и ти што викаш оти до 15 години зборуваме, мислам дека е мачно уше мал, но ако има лесна работа за како дете, и детето да сака од мерак(кејф) да ја работи тогаш зошто да не, а вака на сила да го молиш НИКАКО.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Околу 2.000 деца живеат под ведро небо во земјава


Меѓаши“ бара заштита на децата од злоупотреба на детскиот труд

Околу 2. 000 деца го минуваат детството на улица, живеејќи под ведро небо и без родителска грижа. Најчесто овие деца се жртви и на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд.

Во светот има приближно 218 милиони деца, чиј труд се злоупотребува, 72 милиони никогаш не биле во училиште и 12 милиони се продадени и купени за цени помали од вредноста на една крава.

Ова се укажувањата на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод 12 јуни - Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд. Тие укажуваат дека злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и детска проституција и порнографија, трговија со деца, деца-војници. Во најлоши форми на детскиот труд спаѓаат сите видови ропство, продавање и трговија со деца, присилна и принудна работа, употреба, посредување или принуда на дете на проституција, за производство на порнографија, употреба, посредување или принуда на дете за трговија со дрога и слично.

„Детскиот труд е тесно поврзан со сиромаштијата. Сиромашните семејства не се во состојба да ги платат школарината или другите училишни трошоци. Семејните приходи можат да зависат од придонесувањето на детето кое работи, а поради тоа се посветува повеќе внимание на работата на детето, отколку на образованието. Кога семејството треба да избере меѓу машкото или женското дете кое ќе го испрати на понатамошно школување, многу често изборот паѓа на момчето“, велат од „Меѓаши“, додавајќи дека земјава треба итно да го реши проблемот со обезбедување и реализирање на бесплатното задолжително образование за сите деца. Исто така, се предлага и обезбедување работни места за еден од родителите на маргинализираните деца, како и дополнителна настава за деца кои го пропуштиле редовното образование. (Х.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A0A05AD97F06EC49B64F627214FEEE69
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
a зошто да не работаат децата?
од мали да се стекнат со работни навики и дисциплина и да почнат да си печалат пари а не да бараат од родителите за мастики лижавчиња смоки барбики...
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
a зошто да не работаат децата?
од мали да се стекнат со работни навики и дисциплина и да почнат да си печалат пари а не да бараат од родителите за мастики лижавчиња смоки барбики...
Не е малку безвезно да работат деца под 15 години? Сепак се работи за поимот ДЕТЕ,што значи дека секое дете има право да ужива во своето детство,да го извлече максимумот од него.Да,се согласувам дека треба да се стекнат тие работни навики,но меѓутоа сметам дека за тоа има време и понатаму.Цел живот е пред нив,да не речам пред нас затоа што и јас сум некаде на таа возраст.Родителите се оние кои што заработуваат сега за нас,а откако ќе пораснеме и откако доволно ќе созрееме,ние ќе бидеме тие кои што ќе заработуваат за нив.Не оправдувам,се знае границата помеѓу дете и возрасен човек.На децата задача им е да учат,да станат некој и нешто во иднина,а на родителите да им овозможат услови за сето тоа,нормално со нивната работа.
 
H

HITCH

Гостин
Лоша пракса е секаде во свет децата да бидат вклучени во се` и сешто. Се наоѓаат куп причини зашто тие деца треба да се занимаваат со ова или со она. Понекогаш причина за тоа е „амбициозни“ родители кои не размислуваат за желбите и потребите на своето дете, понекогаш негрижата на родителите за децата, понекогаш финансиите се причина која се користи како изговор, а понекогаш и стравот да не погрешат во воспитувањето на децата. Секаде во светот го има тоа, некаде поизразено, некаде скриено, ама го има секаде. Додека се мали децата родителите се тие кои ги насочуваат со што да си играат, каде да одат, што да прават и после испаѓа дека децата сами одлучиле. Мене многу ми смета што денешните деца се форсираат премногу уште од мали. Се насочуваат во многу погрешни насоки.
Секој родител го сака своето дете и сака се` најдобро за него, но не секој родител правилно го насочува своето дете. (Не)грижата за децата од страна на родителите навистина ме замислува понекогаш до каде стигнал светов и дали сето ова што се случува е правилно или погрешно.
Кога го видов видеото да бидам искрена ми се стемни, не дека кај нас е нешто поарно, но кога се работи за дечињата секаде институциите задоцнуваат со интервенција или бетер не интервенираат. Кај нас има една детска амбасада која беше отворена за дечињата во Босна, за време на војната таму, ама таа детска амбасада си продолжи со работа и после завршувањето на војната таму. Жалосно е што кај нас не функционира ништо, па ни таа амбасада која треба да ги штити правата на дечињата. Дечињата, сеедно на која возраст се, наместо да го прават она што треба да го прават, да си играат, да се дружат и да бидат среќни, тие буквално безмилосно се експолоатираат за било чиви интереси.
За ваквата ситуација не се виновни дечињата, ниту родителите, туку социјалните работници кои воопшто не си ја извршуваат работата. Сите сме виделе низ град дечиња кои продаваат се` и сешто, зарем институциите не знаат што се случува?! Нема ниту да почнам да зборувам за скандалот кој се случи во Штип, кога дечиња од добро ситуирани семејства се проституирале со постари луѓе.
Во нашето општество треба да се променат многу работи! Мора сите да помогнеме за идните генерации да се развиваат во нормални и паметни луѓе, а не во луѓенца кои ќе гледаат што побрзо да фатат некоја кривина.

 
S

smart ass

Гостин
Нели имат сега ОТП како предмет????

Пуу абе тоа куќичките што ги правевме на час дома ги разнесував со петарди и фосфор и купив дури три сета...бајаги труд ама пак:nesum:

Значи работни навики на чколија не на пазар каде има ујдурми,превари уроти пороти и свештеници+оџи.
 

Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Нели имат сега ОТП како предмет????

Пуу абе тоа куќичките што ги правевме на час дома ги разнесував со петарди и фосфор и купив дури три сета...бајаги труд ама пак:nesum:

Значи работни навики на чколија не на пазар каде има ујдурми,превари уроти пороти и свештеници+оџи.

Бајаги труд ? За 5-30 мин ми било се готово. И блок часови имавме иксДЕ ми останувале од 50-75 мин слободни

Инаку јас сакам да работам немам сеуште 15 години. Ама од наредна среда ќе имам. Мене не ми се допаѓа само што кога ќе сакаш да видиш нешто што се работи ( на пример ако одиш на занает што е страшно глупо ) - нешто што е премногу тешко за сам да го сватиш тебе ќе те пратат по кока кола или по цигари
 
Г

Господ

Гостин
a зошто да не работаат децата?
од мали да се стекнат со работни навики и дисциплина и да почнат да си печалат пари а не да бараат од родителите за мастики лижавчиња смоки барбики...
Абе едно е работна навика а друго да аргатува како возрасен човек...
Да помага низ куќа ајде де,ама да го пратиш 10 години копиљ на -15 да ти исече дрва...не иде.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Не оправдувам, ама какво време може се да очекуваме.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom