Делам совети, но не ги применувам

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Дали и Вие правите така??Кога треба да посоветувате некој за проблем одлични сте советници,психолози,но сепак малце вие потешко кога треба Вие тоа да го примените??Многу е лесно да кажете на некој како да постапи,а Вие кога сте во иста ситуација,се повлекувате,незнаете дали тоа да го направите или не??Што правите Вие,дали ги примменувате своите совет и на себе или не??
Секогаш е полесно дас е каже отколку да се направи. Секогаш е полесно кога нештата ги гледаме од страна, и размислуваме за нив со ладна глава. Но, кога тие нешта и нам ќе ни се случат, тогаш не сме сигурни што да направиме, па најчесто бараме и туѓо мислење .. Најлесно е кога даваме совети за нешто што веќе сме го преживеале па можеме од искуство да зборуваме, или пак доколку нешто ни се случи по втор пат ќе бидеме посигурни во одлуката како да постапиме. Најчесто се случува да делиме можеби и многу добри и корисни совети, но сепак неможеме да се ставиме на местото на другата личност. Токму тоа е и причината зошто не можеме секогаш и ние да го направиме тоа за што ги советуваме другите, бидејчи се додека не ја почувствуваме траа состојба на своја кожа нема да знаеме дали е така најдобро или не :)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Секогаш е така и кај мене,давам совети а не можам да ги применам.
Зошто е тоа така?
Незнам.
Како што кажа членката над мене лесно е од страна да се зборува но тешко да се практикува.
Пример можам да решам нечиј проблем но свој не сум способна.
Време е да се сменат работите.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Секогаш е лесно кога гледаш од страна, знаеш како да постапиш бидејќи гледаш на работите објективно и рационално, нема мешање разум-чувства. Многу пати сум знаела како да постапам и што е правилната одлука, но не сум имала сила да го направам тоа. Секогаш потклекнувам... и како за инат одам контра од тоа што треба
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Ретко си ги применувам сопствените совети кои сум ги дал на друг. Затоа сакам и јас да имам една таква личност која ќе ми ѓи дели и мене истите совети бидејќи така би имал повеќе шанса за применување на истите. Секогаш сакам 2 или 3 консултации. Така ми се чинат советите пологични.
 
Член од
11 ноември 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Тешко е бидејки сепак за да можеш себеси да си дадеш совет и да го примениш пред се треба добра интроспекција, а ретко кој може објективно да се самонабљудува баш онака од преспектива на друга личност. + Мотивацијата што ти ја дава разговорот и советот од други личности е скоро секогаш посилна од онаа што можеш да си ја дадеш самиот/самата бидејки колку и да сакаш покрај сите проблеми и тешкотии и моменти на нерасположение,грижа,депресија или било што, тешко е самиот доволно да се мотивираш за да направиш некаква промена. Такви сме ние луѓето, секогаш ни треба малку помош од страна.
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Во последно време применувам друга тактика. Прво проверувам јас како ги правам работите, па потоа советувам други токму тој начин како што го применувам јас, без додадни теоретски филозофирања. Постов ми се однесува конкретно на одредена проблематика, пошто сум даскал по пијано и веќе не ја применувам онаа стара верзија: Прави како што ти велам, а не како што правам јас!? Ова функционира во моменти кога не знаеш ни сам како, па од туѓо искуство делиш памет. Но, дефинитивно најдобар совет се дава од сопствено искуство.

Ок, малце ќе да избегав од темата...

ОН ТОПИК, веројатно ретко кога сум си го послушал сопствениот совет, затоа што за да ти „дојде памет“ е потребен некаков вид на катарза со помош на кој ќе ти влезе во глава дотичниот совет. Така да тоа искуство е неизбежно и мора да се проживее, барем од моја сегашна перспектива.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
нит делам,нит барам.
никој подобро од тебе самиот не е во можност да знае што е најдобро за тебе. Како самиот мислиш и сметаш дека треба , така и постапувај.

 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
Mnogu cesto mi se desava....Im se slucuva na poveketo da me prasuvaat za sovet pa mozam mn lesno da mu dadam znejki go seto toa sto mu se slucuva na covekot.Poinaku gledm togas na rabotite,znaes za sluckite sto im se desavale pa mozes lesno da dades sovet.no koga stanuva zbor a toa deka istite soveti sto gi davam treba da gi primenam i kaj mene RAZMISLUVAM i sebesi i se macam kako sa postapam,togas sum mn postroga so sebesi i idam protiv toa:(((
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Дали и Вие правите така??Кога треба да посоветувате некој за проблем одлични сте советници,психолози,но сепак малце вие потешко кога треба Вие тоа да го примените??Многу е лесно да кажете на некој како да постапи,а Вие кога сте во иста ситуација,се повлекувате,незнаете дали тоа да го направите или не??Што правите Вие,дали ги примменувате своите совет и на себе или не??
Тоа е нормално по што многу е полесно да се каже одколку да се направи истото.Затоа треба постојано да бараме начини како да им се покориме на сопствените совети.Да се бориме тие нас да не соборат.Доколку знаеме дека нешто не правилно правиме тоа го правиме затоа што така сме се навикнале и така си тргаме некоја секојдневна рутина.Али од секоја навика постои и одвика викаат.Ако не иде со старата навика вреди да се проба со друга навика да се испробува и која навика ќе ни изгледа подобра таа ќе ја задржиме а онаа другата ќе ја отфрлиме.Треба да се пробува.Затоа што на крајот од овој живот ќе жалиме за работите кои не сме ги пробале а не за оние кои сме ги пробале...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom