Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.362
Zdravo lugje, sto se stava na nokt so gnoj? Ne e golem za na bolnica da se ide
Гној на раб од ноктот (paronychia) треба внимателно да се третира:

... штом на работ на ноктот има гној, тоа значи дека има инфекција која се развива долж работ на ноктот, може на рацете или нозете т.н паронихија (paronychia)!

...ако е на прст на рака тоа настана поради повреда (индиректна траума на кутикулата или ноктите) дали од навика на грицкање на нокти, дали од миење садови ( хемиски супстанци), или од удар, при што даоѓа до инфекција од бактерии кои се на кожата (најчесто стафилокок Staphylococcus aureus ,Streptococcus pyogenes), но паронихиите може да биднат и од габична инфекција и тогаш се применува антимикотична маст (Kansen)!
(доколку се има дијабетес особата е склона кон повеќе инфекции на ноктите, посебно на ногата и доколку не заздрави местото за неколку дена, треба да се провери шеќерот во крвта )

...паронихијата започнува како црвенило и оток околу ноктите попратено со болка на допир, со жолтеникава зелена боја што укажува веќе на форирање на гној (апцес),

доколку е поголем гној- апцесот тогаш МОРА медицинско лице стручно да го „дренира“ и третира гнојниот џеб за да би се спречило ширењето на инфекцијата!

...доколку е зафатен повеќе од прстот медицинско лице МОРА да го дренира „извади“ гнојот или да се примени орален антибиотик, но ти велиш дека не е голема зафатеноста и гнојот (не знам за тебе што значи не е голем гнојот), инаку прстот се потопува неколку пати во текот на денот по 10 мин во млака вода, па се промива со 3% хидроген, и се нанесува некоја антибиотска маст (Gentamycin, Bivacyn)

...не спомнуваш дали тоа за тебе прашуваш ?
но, доколку се работи за пациент со дијабетес, периферна васкуларна болест или имунокомпромитирана состојба мора да примени краткотрајна антибиотска терапија од тип на антистафилококен пеницилин или цефалоспорин од првата генерација или пак клиндамицин и амоксицилин-клавуланат, доколку не се зема брис од самиот гној па да се види точно по антибиограм кој антибиотик да се примени орално!

...инаку , постојат случаеви (поретки) на ваква појава на гној на ноктот како последица од вирусно заболување (херпес) и тогаш третирањето е поинаку т.е. со антивирусен лек како Aciclovir!

ИЛИ гнојот на ноктот може да биде како последица на некоја псоријаза!
 
Последно уредено:

aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276
Во последно време ми се јавува болка во десен долен дел од стомак и тоа интензивно кога ке се свиткам , т.е наведнам надолу , исто така и гасови и подуеност, честа 2-3 пати дефекација т.е идење во голема нужда , тврда столица .
Болките се јаки кога ке се наведнам посебно .
Слепо црево не е пошо бев на ехо и правев КТ мирно е .
Болкиве траат 5 месеци повремено се јавуваат и губат ?!? Се плашам почетна фаза на Кронова болест да не е . :(
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Прашањево го поставувам исклучиво на медицински лица.
Имено се работи за 70 год жена, за која пишував и претходно. Се направи рендген на коленото, бидејќи болката и отокот доаѓаа од релативно голема Бекерова циста и резултатот е следниот:
20190516_215749-01.jpeg
Бидејќи пациентката одби пункција на цистата, докторот и ги препиша следниве инекции:
20190516_215601.jpg
И плус апликација на хијалуронски препарат директно во колено...
Ваше мислење ќе ве молам.
Однапред благодарам.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Прашањево го поставувам исклучиво на медицински лица.
Имено се работи за 70 год жена, за која пишував и претходно. Се направи рендген на коленото, бидејќи болката и отокот доаѓаа од релативно голема Бекерова циста и резултатот е следниот:
Прегледај го приврзокот 209051
Бидејќи пациентката одби пункција на цистата, докторот и ги препиша следниве инекции:
Прегледај го приврзокот 209052
И плус апликација на хијалуронски препарат директно во колено...
Ваше мислење ќе ве молам.
Однапред благодарам.
Гонартрозни (артроза-оштетување на функионалност на колено) промени на колената третирани со лек против болки Дикло дуо и лек против оток Серапептазе, тоа третото сигурно е инекцијата.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Ми најдоа замастен црн дроб. Освен апчињата шо ми се даени, каква храна е препорачливо да се јади?
 
...„апчиња- статини“ не се даваат, посебно не на твоја возраст, а најмалку се пијат, а да не се има оправданост посебно НЕ, пред да се направат лабораториски анализи на липопротеински статус на телото со предходно најмалку два дена држење диета од „мрсна храна, слатки, итн“, а најмалку 12 ч гладен да се биде пред давање крв за анализа, па кога ќе се види кои вредности се вкупен холестерол под 5.2 mmol/L. високи вредности се сметаат над 6.22 mmol/L., па триглицериди, ЛДЛ, вкупни липиди па и ХДЛ тогаш се прави муабет за исхраната при таква ситуација на покачен холестерол, а не веднаш „апчињата„ можеби си бил во последно време да речеме на гости, си јадел повеќе мрсно, јајца, торти..итн и конзумирање на алкохол, цигари можеби ти „дошло лошо“, па си отишол на лекар си направил ехо и „ти виделе “ замастена јетра или „сарми“? :)

... мислам ејјј тоа не може од прва така...секој има замастена јетра кога се празници :)
...дај држи неколку дена диета, направи лабораториски анализи, па ехо...па после кажи дека имаш замастена јетра ;)
Прашањево го поставувам исклучиво на медицински лица.
Имено се работи за 70 год жена, за која пишував и претходно. Се направи рендген на коленото, бидејќи болката и отокот доаѓаа од релативно голема Бекерова циста и резултатот е следниот:
Прегледај го приврзокот 209051
Бидејќи пациентката одби пункција на цистата, докторот и ги препиша следниве инекции:
Прегледај го приврзокот 209052
И плус апликација на хијалуронски препарат директно во колено...
Ваше мислење ќе ве молам.
Однапред благодарам.
... јас да видам ваков ракопис на доктор, па и да е најпознат специјалист веќе кај него не би отишла :( мислам, треба малку познавање во графологија, па да се види кој може да седи позади таков ракопис! како и да е, најлесно е да се рече да се оперира, уште полесно да се инјектира хијалуронска директно во колено може да биде ефикасна за вкочанетост и болки во зглобовите кога се инјектира во зглоб, но покрај тоа што е одобрено од страна на ФДА за третман на остеоартритис со инекција, резултатите се разликуваат, така да некои луѓе пријавуваат умерено подобрување во заедничката вкочанетост и намалување на болката со третманот со хијалуронска киселина, но ова не е секогаш случај , не е е познато дали хијалуронската киселина може да го одложи или да го намали прогресивното оштетување на зглобовите со долготрајна употреба,

така да (ова ти кажувам искуство со мој близок) и јас не прифатив, ни то и то и самата решив да се примени орална терапија (дикло дуо капсули против болката и омепразол да не би пречело на желудник и диуретик малку повеќе да се „исфрли течноста од организмот“) и криотерапија на местото на отокот неколку минути, па потоа ултразвук (масажа не!) и електротерапија, за неколку дена отокот се намали и со тоа и болката, па продложивме со ултразвук и електротерапија малку трпение и се врати коленото на нормала...

...на скоро сите70 годишници ако им се направи РТГ на колено би ја имале горе посочената дијагноза, а кој би имал нормално здраво колено на таа возраст и кој не би имал остеофити на зглобови како последица на спондилоза, е сега ако тие остеофити како коскени израстоци притиска некој нерв тогаш треба да се размисли за хирушки захват поради болка до лудило!

.. но штом функцинира коленото се витка и не се вкочанува, а болката е присутна поради отокот се пристапува на негово остранување, но јас ти реков поради неможност на пациентот да го носам на физикална терапија, сама дома инпровизирав (во чаша пластична наполнив вода и во замрзнувач кога се направи мраз со крпа држејќи го тоа парче со кружни движења нежно неколку минути се поминува околу отокот, па и на местото каде се жалеше дека има болка, а немаше оток)

...ако ти кажам дека ја третирав слично како кога јас имав спортска повреда на скочниот зглоб, нема да ти се верува...

kondroitin sulfat , glukozamin sulfat би биле дополнителни супилименти при дегенеративни и реуматски промени на зглобови и регенерација на зглобни структури попратено со болка, укоченост и отежнато движење!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
...„апчиња- статини“ не се даваат, посебно не на твоја возраст, а најмалку се пијат, а да не се има оправданост посебно НЕ, пред да се направат лабораториски анализи на липопротеински статус на телото со предходно најмалку два дена држење диета од „мрсна храна, слатки, итн“, а најмалку 12 ч гладен да се биде пред давање крв за анализа, па кога ќе се види кои вредности се вкупен холестерол под 5.2 mmol/L. високи вредности се сметаат над 6.22 mmol/L., па триглицериди, ЛДЛ, вкупни липиди па и ХДЛ тогаш се прави муабет за исхраната при таква ситуација на покачен холестерол, а не веднаш „апчињата„ можеби си бил во последно време да речеме на гости, си јадел повеќе мрсно, јајца, торти..итн и конзумирање на алкохол, цигари можеби ти „дошло лошо“, па си отишол на лекар си направил ехо и „ти виделе “ замастена јетра или „сарми“? :)

... мислам ејјј тоа не може од прва така...секој има замастена јетра кога се празници :)
...дај држи неколку дена диета, направи лабораториски анализи, па ехо...па после кажи дека имаш замастена јетра ;)
... јас да видам ваков ракопис на доктор, па и да е најпознат специјалист веќе кај него не би отишла :( мислам, треба малку познавање во графологија, па да се види кој може да седи позади таков ракопис! како и да е, најлесно е да се рече да се оперира, уште полесно да се инјектира хијалуронска директно во колено може да биде ефикасна за вкочанетост и болки во зглобовите кога се инјектира во зглоб, но покрај тоа што е одобрено од страна на ФДА за третман на остеоартритис со инекција, резултатите се разликуваат, така да некои луѓе пријавуваат умерено подобрување во заедничката вкочанетост и намалување на болката со третманот со хијалуронска киселина, но ова не е секогаш случај , не е е познато дали хијалуронската киселина може да го одложи или да го намали прогресивното оштетување на зглобовите со долготрајна употреба,

така да (ова ти кажувам искуство со мој близок) и јас не прифатив, ни то и то и самата решив да се примени орална терапија (дикло дуо капсули против болката и омепразол да не би пречело на желудник и диуретик малку повеќе да се „исфрли течноста од организмот“) и криотерапија на местото на отокот неколку минути, па потоа ултразвук (масажа не!) и електротерапија, за неколку дена отокот се намали и со тоа и болката, па продложивме со ултразвук и електротерапија малку трпение и се врати коленото на нормала...

...на скоро сите70 годишници ако им се направи РТГ на колено би ја имале горе посочената дијагноза, а кој би имал нормално здраво колено на таа возраст и кој не би имал остеофити на зглобови како последица на спондилоза, е сега ако тие остеофити како коскени израстоци притиска некој нерв тогаш треба да се размисли за хирушки захват поради болка до лудило!

.. но штом функцинира коленото се витка и не се вкочанува, а болката е присутна поради отокот се пристапува на негово остранување, но јас ти реков поради неможност на пациентот да го носам на физикална терапија, сама дома инпровизирав (во чаша пластична наполнив вода и во замрзнувач кога се направи мраз со крпа држејќи го тоа парче со кружни движења нежно неколку минути се поминува околу отокот, па и на местото каде се жалеше дека има болка, а немаше оток)

...ако ти кажам дека ја третирав слично како кога јас имав спортска повреда на скочниот зглоб, нема да ти се верува...

kondroitin sulfat , glukozamin sulfat би биле дополнителни супилименти при дегенеративни и реуматски промени на зглобови и регенерација на зглобни структури попратено со болка, укоченост и отежнато движење!
2-3 години имам проблеми со масти, иначе ми препишаа hepafar forte. Имам проблеми со болка под гради 4-5 месеци.
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
325
Поени од реакции
622
2-3 години имам проблеми со масти, иначе ми препишаа hepafar forte. Имам проблеми со болка под гради 4-5 месеци.
Замастувањето на црниот дроб си го добил-а од постењето или од специјалниот режим на исхрана(диета) ако си користела во предходниот период.
Што значи тоа проблеми со масти низ бројки да ни кажеш а болката под градите може да е од прекумерното лачење на желудечна киселина (нередовна исхрана) која го нагризува желудникот па и се качува нагоре(чувство на печење горење кај градната коска), состојба наречена рефлукс.
Не ги земај здраво за готово работите овде напишани пробуваме прво да дијагностицираме а најубаво тоа се прави на доктор
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
Dali ukazuva na nekoja zdravstvena sostojba toa sto cuvstvuvam prekuumerena potreba za spienje? Ne osekjam slabost ili nedostatok na energija ama mi se spie celo vreme nekoja takva pospanost osekjam dali e mozno taka da se custvuvam zatoa sto imam nizok pritisok?
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231

Колку ти е притисокот?
Мојот е 80- 60 и цело време се чувствувам поспана..
А исто така може и крвта ти е слаба за да се чувствуваш така.
Ја имаш проверено ?
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
Колку ти е притисокот?
Мојот е 80- 60 и цело време се чувствувам поспана..
А исто така може и крвта ти е слаба за да се чувствуваш така.
Ја имаш проверено ?
Tebe uste ponizok, 90 so 60 e mojot, a krvta koga ja ispituvav pred nekoj mesec doktorot mi vika ko na novorodence rezultatite mi bile, edino sumnjam na pritisokot sto me spusta, stvarta e sto mi smeta u sekojdnevni aktivnosti ne sum mrzliva licnost ali pritisokov tolku me vlece nadolu sto me tera da odlozuvam aktivnosti...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Дечки има луѓе со низок притисок, не се чудете. Мене па ми е 70 со 50 нормален, еднаш имав 120 со 80 и главата ќе ми експлодираше :pos: Повеќе кафе, какао, солена храна, течности, ако можете скроз исклучете јогурт од исхраната и ќе се подобрите.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Tebe uste ponizok, 90 so 60 e mojot, a krvta koga ja ispituvav pred nekoj mesec doktorot mi vika ko na novorodence rezultatite mi bile, edino sumnjam na pritisokot sto me spusta, stvarta e sto mi smeta u sekojdnevni aktivnosti ne sum mrzliva licnost ali pritisokov tolku me vlece nadolu sto me tera da odlozuvam aktivnosti...
И апнеа може да ти предизвикува поспаност. Ако хрчиш голема е веројатноста да имаш апнеа, иако не е исклучено да имаш и ако не хрчиш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Краткотрајно запирање на дишењето во текот на ноќта кое предизвикува и будење од сонот кое не го ни осеќате. Од ова доаѓа до поспаност иако претходно во сон сте биле подолго време.

Ако и после 8-10 часа сон се чувствуваш поспано не е само од притисокот иако прво на тоа се мисли. Направи си крвна слика.
И јас имам низок, кона температурите се ниски и 8 часа е доволно за следниот ден нормално си ги извршувам активностите.
Кога веќе температурата е над 25-26 степени тогаш попладне ми требаат плус 2 часа сон.

За храна телото само си бара повеќе солено, а од кафе немам потреба и ретко пијам а на некои им помага.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom