Дванаесет апостоли

Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
не видов ваква тема па да видиме кој бил апостол на Исус.
како се станубало апостол. и со која задача.
и нај важното кои се ? ги знаеме?
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος, „пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус Христос, првоизбрани од Него за да го шират Евангелието. Тие се:
  • Апостол Петар (Симон)
  • Апостол Андреј (брат на Петар)
  • Апостол Јаков Зеведеев
  • Апостол Јован (брат на Јаков)
  • Апостол Филип
  • Апостол Вартоломеј (Натанаил)
  • Апостол Тома
  • Апостол Матеј
  • Апостол Јаков Алфеев
  • Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов)
  • Апостол Симон
  • Апостол Јуда Искариот
Во Евангелието пишува дека Исус ги испратил своите апостоли низ градовите во Галилеја во парови (Марко 6:7). Буквалниот превод на нивната мисија би звучел како „лечење на болните“ и „истерување на демони“; сепак, општоприфатено е мислењето дека нивната основна мисија била ширење на Евангелието, да ги залечат душевните рани и болест и да се борат против изопаченото однесување на луѓето. Со себе тие не носеле ниту храна, ниту пари, туку целосно се предавале на Божјата Волја. Им било кажано уште и дека доколку некој град им го ускрати гостопримството, сè што треба да направат е да ја истресат правта од нивните нозе (чин кој сам по себе е заканувачки).
Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој Го предаде Христос за на крај да се самоубие.
izvor
 
T

trilobite

Гостин
12 или 70 апостоли
12.
По отпаѓањето на Јуда Искариот преостанатите апостоли самоиницијативно одлучуваат кој да дојде на негово место.
Фрлаат жрепка(?!) и доаѓа човек по име Матеј,кој очигледно не се совпаѓал во Божјиот план за ширење на благата вест
Неговото име не се споменува по ова никаде низ Н.Завет.
На негово место драматично испливува сосем неочекувана личност,некогашниот крвник и прогонител на Христијаните-Павле.
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
подоцна Апостол Павле е тринаесеттиот апостол на Исус. Тој самиот тврдел дека е назначен директно од воскреснатиот Христос за време на неговата визија во Дамаск. Исто така, при ословувањето на некои од неговите сопатници (Варнава, Сила итн) тој го користел терминот апостоли исто така.?, или претходно познат како Савле. Познат како тринаесетти Христов апостол. Тој бил роден во Тарс, во фарисејско семејство, но се здобил и со римско државјанство (Дела 23:6). Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа и убиството на Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.
[уреди] Тој е познат и како човек на виденија. Во Нов Завет се запишани седум Павлови виденија:
  • видението на Христос (Дела 9:3-6; 26:13-15)
  • видението на Македонецот (Дела 16:9)
  • видението за сведочење (Дела 18:9)
  • видението на предупредување (Дела 22:18)
  • видението за евангелизација на главниот град, Рим (Дела 23:11)
  • видението на охрабрување пред бродолом (Дела 27:23)
  • видението за рајот (2 Кор. 12:1-4)
Послушноста спрема овие виденија е клучот на успехот на Павловата христијанска мисија. Кога во видение се соочил со Христос, на патот за Дамаск, од корен се променил и станал Христов следбеник и еден од дванаесетмина апостоли (Дела 9:1-31; Гал. 1:1-24). Како апостол е најпознат по тоа што е писател на голем дел од Новиот Завет, како и по своите мисионерски патувања низ целата Римска Империја, од Антиохија, преку Коринт, Ефес и многу други места, па сè до главниот град, Рим.
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
Ватиканските археолози го пронашле саркофагот со посмртните останки на апостол Павле, кој бил сокриен под олтарот во базиликата Свети Павле во Ватикан.

Саркофагот датира од околу 390 година, а откриен е по новите, повеќегодишни ископувања и истражувања на базиликата Свети Павле.

„Нашата цел е остатоците од гробот да ги извадиме и да ги изложиме од побожни причини, за да можат да бидат видливи и да служат за молитви“, изјави Џорџио Филипи, археолог на Ватикан кој беше шеф на проектот на откопување во базиликата на Свети Павле.

Ковчегот се уште не е отворен, но Филипи не ја отфрла можноста дека наскоро и тоа ќе се случи.

На местото каде што е погребан светецот, најнапред било изградено мало светилиште, а потоа и храм. По уништувањето на храмот во пожар, на почетокот на 19.век е изградена сегашната Базилика.

Деталните откритија при откопувањата ќе бидат презентирани на прес конференција во Ватикан во понеделник.
izvor makfax
 
T

trilobite

Гостин
Тој самиот тврдел дека е назначен директно од воскреснатиот Христос за време на неговата визија во Дамаск.
Поради тој факт го сместив Павле на 12та позиција,за разлика од Матија кој преку жреб дошол на местото на Јуда.
Апостолите биле регрутирани лично од Христос.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom