Да ја расчистиме мистеријата на есенските бои

LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
се ближи есен, па решив да постирам една интересна статија

Секоја есен на низ северната хемисфера, скусувањето на денот и намалувањето на температурите им сигнализираат на дрвјата да се подготват за зимата која наближува. Во
овие подготовки, дрвјата испуштаат милијарди тони лисја. Во некои предели, како и кај нас, на паѓањето на лисјата им претходи спектакуларно шоу на есенски бои. Порано зелените лисја ја менуваат својата боја во прекрасни нијанси на жолта, портокалова и црвена. Промените на бојата се должат на трансформации на пигментите во лисјата.
Зелениот пигмент на лисјата е хлорофилот. Хлорофилот ја апсорбира црвената и сината светлина од сончевото зрачење. Значи на светлината која се рефлектира од лисјата и недостига црвена и сина боја и затоа тие се обоени зелено. Молекулите на хлорофилот се големи (C55H70MgN4O6) и не се растворливи во водениот раствор кој ги исполнува клетките на растенијата. Тие се прицврстени за мембраните со дисковидни структури, кои се нарекуваат хлоропласти. Хлоропластите се местата во клетките каде се одвива фотосинтезата, процесот во кој светлосната енергија се претвора во хемиска. Во хлоропластите, светлината апсорбирана од хлорофилот му обезбедува енергија на растението за трансформација на јаглерод диоксидот и водата во кислород и јаглехидрати, супстанци со општа формула Cx(H2O)y.
x CO2 + y H2O светлина x O2 + Cx(H2O)y
хлорофил Во текот на оваа ендотермна трансформација, апсорбираната светлосна енергија од
хлорофилот се конвертира во хемиска енергија, при што се скалдира во јаглехидратите. Оваа хемиска енергија е двигател на сите биохемиски процеси кој го предизвикуваат растењето, цветањето и размножувањето на растенијата.
Хлорофилот не е многу стабилна супстанца, сончевите зраци може да предизвикаат негово разложување. За да се одржи количеството хлорофил константно, растенијата постојано го синтетизираат. За негова синтеза на растенијата им е потребна сончева светлина и топло време. Затоа во текот на летните месеци, во лисјата на дрвата, хлорофилот постојано се синтетизира и разложува.
Друг пигмент кој се наоѓа во лисјата на растенијата е каротенот. Каротенот апсорбира сино-зелена и зелена светлина. Според тоа светлината која од лисјата се рефлектира е жолта. Каротенот е исто така голема молекула (C40H36) која се наоѓа во хлоропластите на многу растенија. Кога каротенот, и хлорофилот ќе се појават во еден ист лист, заедно тие ја апсорбираат сино-зелената, и сината боја од сончевата светлина која паѓа на лисјата.
Каротенот има функција на помошен апсорбер. Енергијата која оваа молекула ја апсорбира се пренесува на хлорофилот, кој, пак, ја користи енергијата за фотосинтеза. Каротенот е многу постабилна супстанца од хлорофилот. Оваа супстанца останува во лисјата и кога хлорофилот во потполност ќе исчезне. Кога хлорофилот ќе исчезне од лисјата, преостанатиот каротен ги обојува лисјата во жолта боја.
Третиот пигмент, или класа на пигменти, кои се појавуваат во лисјата се антоцијаните. Антоцијаните ја апсорбираат сината, цино-зелената и зелената светлина. Додека, пак, светлината рефлектирана од лисјата кои содржат антоцијани е црвена. За разлина од хлорофилот и каротенот, антоцијаните не се прицврстени за клеточните мембрани, туку се растворени во клеточната течност. Бојата која овие пигменти ја произведуваат зависи од pH на клеточната течност. Ако клеточната течност е кисела овие пигменти имаат светло црвена боја, ако е помалку кисела, бојата е пурпурна. Антоцијаните се одговорни за црвената боја на јаболката и др. овошја. Овие супстанци се формираат во реакција помеѓу шеќерите и некои протеини присутни во клетките. Оваа реакција не се појавува се до моментот кога концентрацијата на шеќерите во клетките не стане висока. За оваа реакција, исто така, потребна е и светлина. Затоа јаболката обично се поцрвени од едната и позелени од другата страна. Црвената страна била посончана, а зелената била во сенка.
Во текот на летото лисјата на дрвјата се фабрики за приозводство на шеќер од јаглерод диоксид и вода при заемодејство на хлорофилот и светлината сончева. Хлорофилот ги обојува лисјата зелени. Водата и минералните материи минуваат од коренот, преку гранките до лисјата. Додека, пак, шеќерите произведени во лисјата по пат на фотосинтеза патуваат од лисјата до останатите делови на растението каде хемиската енергија е потребна за растење. Друг дел од оваа енергија се складира. Скусивањето на деновите и ладните ноќи на есен претставуваат сигнал за дрвото да се подготви за промени. Една од овие промени е и изградба на мембрана помеѓу коренот на лисјата и гранките. Оваа мембрана ја попречува понатамошната исхрана на лисјата. Поради прекинот во исхраната, производството на нови количества хлорофил во лисјата е прекинато и зелената боја на лисјата постепено се губи. Ако лисјата содржат каротен како на пример лисјата на брезите со исчезнувањето на хлорофилот бојата на лисјата ќе се промени од зелена во жолта. Кај некои дрва концентрацијата на шеќерите во лисјата расте, а шеќерот, пак, реагира и формира антоцијани кои на лисјата им дава црвена боја. Некои видови даб произведуваат големи количества антоцијани кои ги обојуваат нивните лисја во есен со црвена боја.
Разноличноста и интензитетот на есенските бои, општо земено, зависи и од времето. Ниските температури го уништуваат хлорофилот, лисјата остануваат на гранките смрзнати, при што се овозможува формирање на антоцијани. Многу интензивно есенско сонце, исто така, го уништува хлорофилот и ја овозможува синтезата на антоцијани. Сувите есенски денови исто така влијаат на зголемување на концентрацијата на антоцијани во лисјата. Значи, светлите есенски бои се формираат при суво, и сончево време, проследено со суви и ладни ноќи.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Добро бе човек, не си морал толку да се мачиш!
 

LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
Добро бе човек, не си морал толку да се мачиш!
убаво е чвството кога ќе му овозможиш на накој кој го интересира некоја информација, за тоа служи форумот нели
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Многу интересно и корисно:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom