Да му помогнеме на Александар Велески

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Александар Велески 4 години живее изолиран од надворешниот свет

11.12.2010 - 17:16

Изолиран од надворешниот свет, зависен од патерици и компјутерот, вака со години живее ова 28-годишно момче од Скопје.

На 6-годишна возраст лекарите откриле дека Александар Велески боледува од церебрална парализа. Му биле направени 13 операции, но без успех. Не помогнала ниту скапата терапија.
Во пубертетот состојбата на Александар значително му се влошила, заболел и од Паркинсонова болест. Почнало да му се тресе телото. Со голема желба и многу напор успеал да заврши средно училиште за графички техничар. Од тогаш со пријателите комуницира единствено преку интернет. Покрај себе го има само помалиот брат кој му ја дава најголемата поддршка во животот.
Со помош на овој компјутер кој му е прозорец кон светот, Александар секојдневно бара лек за својата болест. Единствена шанса да застане самостојно на нозе гледа во лекувањето со пресадување на матични клетки. Успеал да стапи во контакт со една клиника во Москва која врши вакви интервенции, но неговите немаат 70.000 евра колку што чини целокупниот третман кој трае 2 години. Во семејството работи само таткото.
И покрај гаранцијата за успех од руските лекари, Фондот за здравство не го признава лекувањето со матични клетки, го третира како експеримент зошто не било медицина базирана на докази. За да го спасат детето родителите на Александар побарале помош од многу фирми, но сите кревале раменици.
Александар и неговите најблиски апелираат за помош до сите хумани луѓе, за да може ова младо момче да продолжи да живее и да се движи нормално како сите свои врсници.

ПОМОШ ЗА АЛЕКСАНДАР ВЕЛЕСКИ МОЖЕТЕ ДА ДАДЕТЕ НА СЛЕДНИОТ НАЧИН.

ТРАНСАКЦИОНА СМЕТКА-530500011332467 НА ИМЕ АЛЕКСАНДАР ВЕЛЕСКИ
ОХРИДСКА БАНКА АД ОХРИД.

ИЛИ НА ТЕЛЕФОНИТЕ-СО ЕДНО ЈАВУВАЊЕ ДОНИРАТЕ 100 ДЕНАРИ.
070-143-108 (САМО ЗА КОРИСНИЦИ НА Т.МОБИЛЕ)
077-143-701(САМО ЗА КОРИСНИЦИ НА ВИП)




-------> превземено од веб страницата на Сител


ајде да му помогнеме,
Ве молам раширете го ова секаде каде што можете: интернет веб страници, интернет форуми, фејсбук, радио, телевизија, пишани медиуми, кажете им усно на сите, праќајте е-меил до секого, делете флаери секаде, лепете плакати секаде, кажете им на хоќните клубови да организираат свирки со хумана цел за овој случај, театарски и кино претстави со хумана цел за овој случај, хуманитарен концерт за овој случај (и за сите воопшто за кои сметате дека е потребна помош) и на сите други начини на кои можеме да му помогнеме на Александар. Да разгласиме секаде, да донираме, да помогнеме!!!

Господ со нас!!! АМИН!!!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom