Да живеете како монструм или да умрете како добар човек?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Откако ја слушнав реченицава во Shutter Island се подзамислив што би избрал...
Живот како монструм или да умрам како добар човек.

Со оглед на тоа какви се односите меѓу луѓето во последно време, мислам дека би избрал да живеам како монструм затоа што и онака никој од никого не видел добро во последно време. Вака бар ќе си го истерам животот уживајќи максимално во сите благодети без притоа да посветам внимание на тоа како делувам врз другите.
Но во однос на тоа како посакувам да биде мојот однос према оние околу мене, оние кои ми значат, ќе изберам да умрам како добар човек со што знам дека зад себе ќе оставам добрина која можеби некого ќе поттикне да се промени кон подобро. Добрина која ќе остане како главна карактеристика која ме красела додека сум бил дел од овој свет.

За што би се одлучиле вие?
 
Член од
25 август 2010
Мислења
179
Поени од реакции
23
Па би живеел ко монструм од проста причина што ако умрам нема да живеам воопшто :)а лугето лугето се ѓубре да сум на местот на бог одамна би ги пратил во заборав тоа е уште една дополнителна причина која ме тера без да размислам да се одлучам за живот ко монтструм 3та причина е што јас и воопшто нејкам да бидам запамтен ко добар и љубезен човек пре би да бидам дрзок лугето да ме мразат и да ми се восхитуваат да немаат страв од мене но да се ежат од помислата дека не се како мене да ми завидуваат одколку да ме сметаат за наивен добар човек
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Помеѓу монструмот и добриот е дивјакот. Всушност дивјакот е добар, само што тој збор добар одамна го има изгубено вистинското значење, и повеќе асоцира на исплашена и мирна душичка, затоа што другите сакаат таа таква да биде, да не им смета. А тоа што таа ќе биде зла према себеси... Сепак добар, но јебига!
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Немам некој голем избор , ама би одбрал ниту добар нити лош.
А што е пак тоа?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да умрам како добар човек, знаејќи дека никому не сум нанела зло, знаејќи дека сум ги усреќила луѓето околу мене, знаејќи дека сум правела добро колку што сум можела, а пак сум била среќна особа.

Не сакам да живеам како монструм, не би можела воопшто да живеам со себе и со фактот дека сум причина за нечија несреќа, дека намерно сум уништувала се пред себе.

Бирам секогаш добрина, љубов, топлина. Макар и да останам само како спомен во срцата на блиските.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Што се подразбира под „монструм“?
Борење за своите идеали, на своја лична територија, голема самопочит, работење на принципите што можеби ќе повредат некого? Родена сум да живеам како човек, тоа значи - грешно, но битно е тие грешки да не бидат со умисла и со желба некому да се наштети. Знам само дека секој што живее како монструм, нема лична среќа. Кога се обидуваш некому да му го собереш животот и она што го има во животот, тогаш не живееш за себе, туку за да му наштетиш на другиот. Кога ќе сфатиш дека тоа не те прави среќен, добиваш фрустрација.

Во врска со повредувањето, што сите не` става во состојба да живееме како монструми за да се себезаштитиме, мислам дека никогаш нема да го снема. Некогаш ќе бидеш повреден, за да научиш за следен пат.

Никој нема да умре како добар човек. Сите се грешни, лицемерни и во состојба да повредат. Јас би одбрала да живеам како нормален човек.
 
С

сашенко

Гостин
Си живеам и сакам да си умрам како добар човек.Единствениот начин на кој би бил задоволен со самиот себеси и би бил среќен.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што се подразбира под „монструм“?

Никој нема да умре како добар човек. Сите се грешни, лицемерни и во состојба да повредат. Јас би одбрала да живеам како нормален човек.
Под монструм се подразбира човек чија цел е другите да ги прави мизерни, да прави намерно лоши дела, затоа што тие го исполнуваат. Го исполнува да гледа тага и се нервира кога другите се среќни. Сите некогаш сме повредиле некој, но често несвесно повредуваме со некој збор или нешто лошо искажано. Нормално дека некогаш некој мора да биде повреден, но сепак можеш ако веќе мораш да повредиш некој, да го избалансираш тоа, да нема големи последици.

Монструмите не покажуваат емпатија, тие се емоционални садисти и емоционални вапмири!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Кога се работи за последиците што врз нас ги предизвикува повредувањето, сосема е ирелевантно дали некој не` повредил за да се чувствува добро, или зашто ни` ја кажал вистината. Ние тоа најчесто не го знаеме. Следствено, не знаеме дали некој е емоционален вампир. Ретки се случаите што не ги омаловажуваат „послабите“ и што нема да згмечат некого, откако ќе сфатат дека „го имаат во рака“.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ретки се случаите што не ги омаловажуваат „послабите“ и што нема да згмечат некого, откако ќе сфатат дека „го имаат во рака“.
Претпоставувам дека си од ретките :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom