Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Откако ја слушнав реченицава во Shutter Island се подзамислив што би избрал...
Живот како монструм или да умрам како добар човек.
Со оглед на тоа какви се односите меѓу луѓето во последно време, мислам дека би избрал да живеам како монструм затоа што и онака никој од никого не видел добро во последно време. Вака бар ќе си го истерам животот уживајќи максимално во сите благодети без притоа да посветам внимание на тоа како делувам врз другите.
Но во однос на тоа како посакувам да биде мојот однос према оние околу мене, оние кои ми значат, ќе изберам да умрам како добар човек со што знам дека зад себе ќе оставам добрина која можеби некого ќе поттикне да се промени кон подобро. Добрина која ќе остане како главна карактеристика која ме красела додека сум бил дел од овој свет.
За што би се одлучиле вие?