Да го разбудиме Вистинското Православие

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Како што е очигледно, она што се случува во традиционализмот на Македонците е присуството на обичаи, традиции и пракси кои се неправославни и нехристијански. Тажно е што многумина од нас ги гледаме сите овие нешта, и, во најдобар случај - упатуваме критики или скраја да е - осудуваме, но за жал, за голема жал, не превземаме ништо за да нештата се променат на подобро.

Не е добро да очекуваме иницијативата да почне од некој друг, и не е во ред да велиме дека баш служевното свештенство е тоа кое треба да ги почне иницијативите за промена ниту пак да ги почне самите промени.

Зошто сето тоа да не започне од нас, световните Христијани? Зарем сме ние како световни Христијани нешто помалку од нив, кога е во прашање Христовата Вера и Црква и одговорноста за Верата и Црквата и за состојбите во Црквата?

Да се потсетиме: Црквата ја сочинуваме СИТЕ НИЕ ЗАЕДНО и заради тоа не треба НИЕ - СВЕТОВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ да се дистанцираме од одговорноста за тековните состојби во Црквата, ниту пак да се дистанцираме од одговорноста за иднината на Црквата. Христијанинот не бега од проблемите, не се дистанцира од нив, не му ги префрла на друг, туку зема во свои раце што може повеќе.

Без да настапувам фалбаџиски и горделиво и без да осудувам НИКОГО, ни од световните Православни Христијани, ни од служевните Православни Свештеници, епископи, презвитери и ѓакони, би сакал да прашам: дали овде може да се најдат личности кои сериозно сакаат да работат на менувањето на состојбите во Црквата? Ајде да се потрудиме, да се вложиме себеси - секој од нас по сопствените можности, и да направиме нешто добро за Христовата Црква.

Што можеме да изгубиме?
НИШТО!

Што би можеле да добиеме?
Големо олеснување!!

- Ќе бидеме очистени од суеверието,

- Ќе бидеме очистени од формализмот и празните традиции (на пример:
1. формалните пости (само на храна),
2. китење на иконите со цвеќе,
3. галење на истите со пари,
4. оставање на дарови на истите,
5. курбаните,
6. главата на јагнето во темелот на куќата во изградба
7. Коледарите и песната која ја пеат, во која освен ’утре е Божиќ’ нема ништо кое Благовести за доаѓањето на Синот Божји во светот за Спасение на целиот човечки род.
8. гоштавки на блиските и пријателите после помени или погреби наместо молитва,
9. гоштавки на куќни слави, при што во еден добар дел се губи суштината на славата: наместо молитвен собир и/или собир во кој би се ЧУВСТВУВАЛО присуството Божјо и/или делење на Милостиња на сиромасите
10. бадникарско лепче за да се види кој ќе биде к’сметлијата за следната година,
11. бадникарскиот оган и веселба со мезенце и ракиичка, со тоа што непосредно пред крајот на постот се престанува суштински да се пости, за жал)
12. свеќи за живи и за починати
13. ...

- Ќе бидеме очистени од незнаењето и кривоверието кај неупатените

- Ќе бидеме очистени од делумно индивидуалистичкиот пристап кон Верата (на пример: јас кај мојот духовник, ти кај твојот духовник, таа кај нејзиниот духовник, а ние тројцата не функционираме како Црква (т.е. Заедница) која има своја Мисија во овој свет)

- ...

Со сето ова нашиот живот ќе стане поиспразнет од празни, непотребни нешта. На нивното место ќе внесеме:

- многу повеќе молитва и тоа многу повеќе молитви, химни, псалми и акатисти упатени до Бога, отколку до Мајката Божја, Апостолите и до Светителите (молитвата е незаобиколна, зашто животот и дејствувањето наше со Божјото Присуство е посилно и поделотворно),

- активно наше лично темелно и длабинско проучување и анализирање на Светото Писмо и Светото Предание,

- воцрковување на неоцрковените членови на Православната Христова Црква,

- интензивирање на Заедничарењата на членовите на Црквата,

- засилување на Литургискиот Живот и

- она што го сметам за врв на животот на Христијанинот - Мисионерството, а тоа е:
1. Упатување, Поучување, оСветоПисменување, ВоЦрковување и Просвет(л)ување на оние кои не се активни членови на Христовата Православна Црква и
2. Помош на сите оние кои имаат потреба (храна, облека, финансии, лекови, крв, ...)

На таков начин Христијанството ќе добие своја поцелосна Реализација во Православната Црква !!

За реализација на сето ова е потребно поддршка од луѓето од Служевното Свештенство, кои се заинтересирани да се случат конструктивни промени, исто како што сакаме и ние и верувајте дека ја имаме од некои од нив!

Би сакал да го чујам вашето размислување на оваа тема.

- Ајде да ги издефинираме правците и насоките на дејствување.
- Да ги изанализираме проблемите со кои евентуално би можеле да се соочиме и како да се справиме со нив.
- Да се обидеме да формираме тим кој ќе се среќава за да ги оформи идеите и конкретните акции.

Не очекувам дека секој од читателите на текстов ќе каже: “јас можам“ или “јас можам по цел ден, седум дена во седмицата да дејствувам“. Знам дека овде има и вработени и невработени, и сами и сопружницици и родители и студенти и ученици. Секој од нас си имаме лични обврски. Но, секој кој сака да помогне, дури и само десет минути дневно да дејствува на овој или на оној начин - ќе биде добредојдено. Подобро многу малку, отколку ништо! Да се обидеме секој од нас да си го пронајде своето вистинско место во овој наш проект, со тоа што ќе дејствува на своето место онолку колку што ќе може и сака.

Сите кои имате добра волја сте добредојдени! Сите Ваши од Вашите семејства, роднини, пријатели, блиски, познаници... СИТЕЕЕЕЕЕЕ кои се со добра волја се добредојдени!! Ве молам, зборувајте за ова со луѓето кои Ве опкружуваат.

Кога би се знаело кои се луѓето кои сакаат да учествуваат и кога би имале дефинирано барем неколку основни конкретни активности за почеток, би се знаело со кој член од Служевното Свештенство, монасите и игумените како да се поставиме и како да дејствуваме ние лично едни со други меѓу нас и нашите, потоа би побарале Благослов од Бога преку заедничката наша молитва и преку човек / луѓе од Служевното Свештенство / монаси / игумени и би започнале, па ако сака уште нека паѓа снег и нека биде -30 степени и се’ нека биде замрзнато :smeshko:. Потоа, со тек на време и бројот и интензитетот на активностите би се зголемувал постепено.

Господи, Ти се молам најпрвин Тебе, ако Ти е според волјата сето ова да се случи од нас и да се случи овде и да се случи сега, биди ни на Помош! Најпрвин спои не’, потоа дај ни знаење што да направиме и по кој редослед да го направиме тоа, потоа покажи ни насоки и отвори отвори ни врати и патишта на дејствување, потоа дај ни сила да дејствуваме, и на крај - ТебеУгодни Дела. Се’ е од Тебе, преку Тебе и за Тебе! Тебе Слава и Чест во сите векови! АМИН!!!
I u popskoto stavija kompjuteri na sekoja klupa? o.0"
 
Член од
20 август 2007
Мислења
23
Поени од реакции
1

Со ова се согласувам од секогаш сум сметал дека нешто треба да менува. Особено во делот за помош, зарем тоа и не основното начело на христијанството.
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
Сите во срцето го носиме Бога сите сме создадени со неговата енергија и неговиот ум значи сме створени според Божјата промисла, се разликуваме помегу себе во тоа што некој не сакаат да го откријат тоа кај себе и постепено стануваат жртви на гореспомнатите обичаи од страна на Крстителот,нам на сите ние и е дадено како да го љубиме Бога но упорно околу нас како некоја измама до патот кон Бога владеат истите тие(не сите) обичаи кои даваат погрешна слика за Божјата природа народот тоа го прави од незнаење а не дека сака да се одврати од патот кој ни е даден во светото откровение а кој ја сноси вината за незнаењето..........Тесни се вратите и тесен е патот кој води до животот и малкумина го наогаат(мат 7,14)
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Предложите идеи како тоа да се реализира во пракса,тука на форум ние овие што сме членови може да им објавиме војна на Америка ама во реалност.................. тука само може да се занесуваме..
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Предложите идеи како тоа да се реализира во пракса,тука на форум ние овие што сме членови може да им објавиме војна на Америка ама во реалност.................. тука само може да се занесуваме..
Секој да почне од себе. Ако успее макар само себе си да се промени тоа е огромен успех, ако од неговиот пример се поучи макар и еден негов близок, тогаш тоа е повеќе од успех.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Секој да почне од себе. Ако успее макар само себе си да се промени тоа е огромен успех, ако од неговиот пример се поучи макар и еден негов близок, тогаш тоа е повеќе од успех.
.

Најважното на Патот до Царството БОЖЈЕ и Христоликоста е пред се’, суетниот човек (и суетната заедница) вистински да се разбуди, да се покае, да Ја согледа и да не И’ се противи на Вистината, Која е Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста – за спасение на сите кои нема да Ја одбијат – отелотворена во Господа Исуса Христа.

Се’ тоа е пред се Милост БОЖЈА, а не сопствена - или нечија човечка - заслуга.

Јас сум уверен во тоа дека Оној, Кој во вас го започна доброто дело,
ќе продолжи да го извршува (и ќе го доврши)
до денот на Господа Исуса Христа!

(Филипј. 1:6)

.

.
 
Последно уредено:

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Како што е очигледно, она што се случува во традиционализмот на Македонците е присуството на обичаи, традиции и пракси кои се неправославни и нехристијански...
Прашање бр 1. ти си православен?!!![DOUBLEPOST=1411253855][/DOUBLEPOST]
... Јас навистина сакам секој оној што е верник, да се сврти кон верата , но не формално туку духовно.....
Како се врти верник во вера?!!!![DOUBLEPOST=1411254203][/DOUBLEPOST]
Сите во срцето го носиме Бога сите сме создадени со неговата енергија и неговиот ум значи сме створени според Божјата промисла, се разликуваме помегу себе во тоа што некој не сакаат да го откријат тоа кај себе и постепено стануваат жртви на гореспомнатите обичаи од страна на Крстителот,нам на сите ние и е дадено како да го љубиме Бога но упорно околу нас како некоја измама до патот кон Бога владеат истите тие(не сите) обичаи кои даваат погрешна слика за Божјата природа народот тоа го прави од незнаење а не дека сака да се одврати од патот кој ни е даден во светото откровение а кој ја сноси вината за незнаењето..........Тесни се вратите и тесен е патот кој води до животот и малкумина го наогаат(мат 7,14)
А?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom