Да го разбудиме Вистинското Православие

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Како што е очигледно, она што се случува во традиционализмот на Македонците е присуството на обичаи, традиции и пракси кои се неправославни и нехристијански. Тажно е што многумина од нас ги гледаме сите овие нешта, и, во најдобар случај - упатуваме критики или скраја да е - осудуваме, но за жал, за голема жал, не превземаме ништо за да нештата се променат на подобро.

Не е добро да очекуваме иницијативата да почне од некој друг, и не е во ред да велиме дека баш служевното свештенство е тоа кое треба да ги почне иницијативите за промена ниту пак да ги почне самите промени.

Зошто сето тоа да не започне од нас, световните Христијани? Зарем сме ние како световни Христијани нешто помалку од нив, кога е во прашање Христовата Вера и Црква и одговорноста за Верата и Црквата и за состојбите во Црквата?

Да се потсетиме: Црквата ја сочинуваме СИТЕ НИЕ ЗАЕДНО и заради тоа не треба НИЕ - СВЕТОВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ да се дистанцираме од одговорноста за тековните состојби во Црквата, ниту пак да се дистанцираме од одговорноста за иднината на Црквата. Христијанинот не бега од проблемите, не се дистанцира од нив, не му ги префрла на друг, туку зема во свои раце што може повеќе.

Без да настапувам фалбаџиски и горделиво и без да осудувам НИКОГО, ни од световните Православни Христијани, ни од служевните Православни Свештеници, епископи, презвитери и ѓакони, би сакал да прашам: дали овде може да се најдат личности кои сериозно сакаат да работат на менувањето на состојбите во Црквата? Ајде да се потрудиме, да се вложиме себеси - секој од нас по сопствените можности, и да направиме нешто добро за Христовата Црква.

Што можеме да изгубиме?
НИШТО!

Што би можеле да добиеме?
Големо олеснување!!

- Ќе бидеме очистени од суеверието,

- Ќе бидеме очистени од формализмот и празните традиции (на пример:
1. формалните пости (само на храна),
2. китење на иконите со цвеќе,
3. галење на истите со пари,
4. оставање на дарови на истите,
5. курбаните,
6. главата на јагнето во темелот на куќата во изградба
7. Коледарите и песната која ја пеат, во која освен ’утре е Божиќ’ нема ништо кое Благовести за доаѓањето на Синот Божји во светот за Спасение на целиот човечки род.
8. гоштавки на блиските и пријателите после помени или погреби наместо молитва,
9. гоштавки на куќни слави, при што во еден добар дел се губи суштината на славата: наместо молитвен собир и/или собир во кој би се ЧУВСТВУВАЛО присуството Божјо и/или делење на Милостиња на сиромасите
10. бадникарско лепче за да се види кој ќе биде к’сметлијата за следната година,
11. бадникарскиот оган и веселба со мезенце и ракиичка, со тоа што непосредно пред крајот на постот се престанува суштински да се пости, за жал)
12. свеќи за живи и за починати
13. ...

- Ќе бидеме очистени од незнаењето и кривоверието кај неупатените

- Ќе бидеме очистени од делумно индивидуалистичкиот пристап кон Верата (на пример: јас кај мојот духовник, ти кај твојот духовник, таа кај нејзиниот духовник, а ние тројцата не функционираме како Црква (т.е. Заедница) која има своја Мисија во овој свет)

- ...

Со сето ова нашиот живот ќе стане поиспразнет од празни, непотребни нешта. На нивното место ќе внесеме:

- многу повеќе молитва и тоа многу повеќе молитви, химни, псалми и акатисти упатени до Бога, отколку до Мајката Божја, Апостолите и до Светителите (молитвата е незаобиколна, зашто животот и дејствувањето наше со Божјото Присуство е посилно и поделотворно),

- активно наше лично темелно и длабинско проучување и анализирање на Светото Писмо и Светото Предание,

- воцрковување на неоцрковените членови на Православната Христова Црква,

- интензивирање на Заедничарењата на членовите на Црквата,

- засилување на Литургискиот Живот и

- она што го сметам за врв на животот на Христијанинот - Мисионерството, а тоа е:
1. Упатување, Поучување, оСветоПисменување, ВоЦрковување и Просвет(л)ување на оние кои не се активни членови на Христовата Православна Црква и
2. Помош на сите оние кои имаат потреба (храна, облека, финансии, лекови, крв, ...)

На таков начин Христијанството ќе добие своја поцелосна Реализација во Православната Црква !!

За реализација на сето ова е потребно поддршка од луѓето од Служевното Свештенство, кои се заинтересирани да се случат конструктивни промени, исто како што сакаме и ние и верувајте дека ја имаме од некои од нив!

Би сакал да го чујам вашето размислување на оваа тема.

- Ајде да ги издефинираме правците и насоките на дејствување.
- Да ги изанализираме проблемите со кои евентуално би можеле да се соочиме и како да се справиме со нив.
- Да се обидеме да формираме тим кој ќе се среќава за да ги оформи идеите и конкретните акции.

Не очекувам дека секој од читателите на текстов ќе каже: “јас можам“ или “јас можам по цел ден, седум дена во седмицата да дејствувам“. Знам дека овде има и вработени и невработени, и сами и сопружницици и родители и студенти и ученици. Секој од нас си имаме лични обврски. Но, секој кој сака да помогне, дури и само десет минути дневно да дејствува на овој или на оној начин - ќе биде добредојдено. Подобро многу малку, отколку ништо! Да се обидеме секој од нас да си го пронајде своето вистинско место во овој наш проект, со тоа што ќе дејствува на своето место онолку колку што ќе може и сака.

Сите кои имате добра волја сте добредојдени! Сите Ваши од Вашите семејства, роднини, пријатели, блиски, познаници... СИТЕЕЕЕЕЕЕ кои се со добра волја се добредојдени!! Ве молам, зборувајте за ова со луѓето кои Ве опкружуваат.

Кога би се знаело кои се луѓето кои сакаат да учествуваат и кога би имале дефинирано барем неколку основни конкретни активности за почеток, би се знаело со кој член од Служевното Свештенство, монасите и игумените како да се поставиме и како да дејствуваме ние лично едни со други меѓу нас и нашите, потоа би побарале Благослов од Бога преку заедничката наша молитва и преку човек / луѓе од Служевното Свештенство / монаси / игумени и би започнале, па ако сака уште нека паѓа снег и нека биде -30 степени и се’ нека биде замрзнато :smeshko:. Потоа, со тек на време и бројот и интензитетот на активностите би се зголемувал постепено.

Господи, Ти се молам најпрвин Тебе, ако Ти е според волјата сето ова да се случи од нас и да се случи овде и да се случи сега, биди ни на Помош! Најпрвин спои не’, потоа дај ни знаење што да направиме и по кој редослед да го направиме тоа, потоа покажи ни насоки и отвори отвори ни врати и патишта на дејствување, потоа дај ни сила да дејствуваме, и на крај - ТебеУгодни Дела. Се’ е од Тебе, преку Тебе и за Тебе! Тебе Слава и Чест во сите векови! АМИН!!!
 
jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
:nesvest:Ова тешко дека ќе се реализира!:nesum:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Ајдееееее.......уште еден кој би не ослободил од традицијата:pos2:
И би ни наложил по 1001 пат дневно да изговараме....оче наш..или како и да беше тоа.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
videte, a zosto voopsto bi se drzele do nekakva tradicija, znam deka na lugevo im trebaat modeli na odnesuvanje i razmisluvanje bidejki ne umeat da mislat so svoja glava logicki, tuku im trebaat idoli za da sledat nacin na ziveenje, no jas bi kazal deka toa edinstvo koe go odrzuva stadoto ili zbirstinata so stavot koj ke se odvoi od nas, volkot nego ke go izede, e lazno edinstvo, bidejki sekade kade sto postoi klasna podelenost ne moze da stane zbor za vistinsko bratstvo oti siromav i bogat braka ne biduvaat. Zatoa batalete ja tradicijata i novite idoli, nemajte idoli, mislete so svoja glava, no fakt e deka ne mozat site luge da bidat individui.
 
Член од
7 декември 2008
Мислења
81
Поени од реакции
3
Точно, се согласувам со тебе дека треба да го разбудиме православието, но пред се христијанското во себе. Ќе се обидам да го дадам своето мислење за дел од твоето видување:
- Ќе бидеме очистени од формализмот и празните традиции (на пример:
1. формалните пости (само на храна), Бадијала постиш телесно, а во душата правиш грев. За жал, кај нас многумина постат (со храна) 40 дена пред Велигден за причест, а најмалку водат сметка за своите дела во тој период.
2. китење на иконите со цвеќе,
3. галење на истите со пари,
4. оставање на дарови на истите, Останало обичај кај нас, да се дарува црквата, за здравје, ама каде се нашите свештеници да го упатат народот дека треба да се оставаат даровите во посебен дел од црквата. Во некои цркви(не кај нас) има посебни кутии во кои даруваш пари, и псебен дел каде оставаш дарови, а сето тоа се дели потоа на сиромашните. Кај нас....
5. курбаните, И во Библијата се споменува принесување жртва (јагне), која подоцна е заменето со свеќа како безкрвна жртва. Сепак, како и многу други обичаи, останало како традиција...
6. главата на јагнето во темелот на куќата во изградба Суеверие како и колење петел кога се завршува кровот, за да издржи куќата. Сепак, нашироко распространето кај народот.Различно од црквата, но тешко народот се откажува од обичаите, макар биле и пагански.
7. Коледарите и песната која ја пеат, во која освен ’утре е Божиќ’ нема ништо кое Благовести за доаѓањето на Синот Божји во светот за Спасение на целиот човечки род. Апсолутно точно, во нашите коледарски песни ќе слушнеш како паднала греда, утепала дедо, колење теле, јадење пити...Ништо духовно...Коледарчињата ниту од далеку не ја сваќаат суштината, а за тоа сме ние криви, не ги учиме. По инерција тераме квази обичаи, да тропаат по врати и собираат дарови, дури и повеќето не пејат ништо... Се надевам дека еден ден ќе тропнат деца на врата , на коледе, и ќе испејат една песна налик на “Тивка ноќ“, со која ќе го најават раѓањето Христово...Ама знам дека тоа тешко би се случило, треба некој да ги подучи....
8. гоштавки на блиските и пријателите после помени или погреби наместо молитва, На погреби и помени, треба да се принесе само вино, леб и жито(има сето тоа своја симболика, верниците го знаат) Сето друго е бадијала, подобро дај го наекој што нема за јадење, отколку да го оставаш на гробови да го разнесуваат кучиња...
9. гоштавки на куќни слави, при што во еден добар дел се губи суштината на славата: наместо молитвен собир и/или собир во кој би се ЧУВСТВУВАЛО присуството Божјо и/или делење на Милостиња на сиромасите А кои молитви, кога славите одамна кај нас се прилика да е собере фамилијата и пријателите за да се видат и притоа по наш обичај, трпезата мора да е секогаш полна...
10. бадникарско лепче за да се види кој ќе биде к’сметлијата за следната година,
11. бадникарскиот оган и веселба со мезенце и ракиичка, со тоа што непосредно пред крајот на постот се престанува суштински да се пости, за жал) И за лепчето, и за огновите, имаме нели црковни свештеници кои се наши духовни учители. Па тие се често на чело на ваквите собири каде се крши бадникова погача, се одбира кум (нај к’сметлија)кој е се благословува.... О од друга страна велат паганска работа. Е ај сега најди најмал заеднички...
12. свеќи за живи и за починати Во секоја црква се знае каде се палат свеќи за здравје, каде за спомен на починатите....
13. ...
Се обидов на кратко да дадам коментари на некои твои размислувања. Јас навистина сакам секој оној што е верник, да се сврти кон верата , но не формално туку духовно.
Секој човек може да избере да биде атеист и да си тера пагански обичаи или да биде верник и да води христијански живот.
За жал кај нас имаме мешавина од паганство и христијанство. За тоа делумно е крив комунизмот, кога се тргаа луѓето од црквата, ама старите верници (уште многу малку се ) го зачуваа христијаството.
Веќе скоро 20 години сме “слободно општество“, и имаме комични ситуации, каде најтврдокорните комунисти кои ја плукаа црквата станаа “големи“ верници.
За ситуацијата во која се наоѓаат нашите верници, најголема вина има МПЦ. Секоја чест на одредени свештеници од кои ќе чуеш поучно слово, нај големиот дел ги гледаат паритеи приватните бизниси, а црквата им е хоби во слободно време, да не се изразам прегрубо - “тезга“.
Влези во три цркви, три различни толкувања ќе чуеш за одредени обичаи...
Каде е свештенството, како духовни водачи, да заземат единствен став за правилата на христијанското живеење. Каде се во црква да те поучат како треба да се однесуваш во храмот божји...
Има многу работа, ама треба кај нас да се тргне од коренот, од основата. А црквата е многу пасивна на ова поле. Ама се возат скапи коли, се купуваат хотели, на помени шетаат по гробишта, наместо молитва , промумлуваат неколку збора, земаат парите и кесенцето со јадење(нели не се раздава јадење) и гледаат каде има друг помен. Поделени на свои реони, дури и буквално се тепаат меѓу себе ако некој влезе во “туѓа“ територија...Жално но вистиното, тоа е сликата на нашата црква.
Се надевам дека верниците ќе трнат по правиот пат, црквата ќе го води народот духовно а не деловно, а како што реков погоре, секој може да бира кој пат ќе го фати и кои адети ќе ги тера.
Не се сметам себе си за голем христијанин, но на еден многу чуден начин ја дознав можеби најголемата вистина на христијанстото:
“Барај го Госод внатре во себе, и кога ќе го најдеш, тој ќе ти го покаже правиот пат“.
 
“Барај го Господ внатре во себе, и кога ќе го најдеш, тој ќе ти го покаже правиот пат“.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Ми се допаѓа идејата за сево ова би било пожелно некој нешто да направи за исфрлање од употреба на новите биометриски пасоши и лични карти и нека се информирани барем лугето за што се работи, зошто црквата само молчи на вакви важни прашања? И јас велам да се разбуди вистинското православие а некаде тежнеат кон екуменизам. Тоа не ми се допаѓа.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Лично и персонално, очекував Синодот од МПЦ да се изјасни и за биометриските пасоши, дотолку повеќе што во поразниените и покултирни држави, постојат силни реакции на одбојност кон истите. Испаѓа дека само МК и слични помали/послаби дражви/општества се нафаќаат на нешта кои другиот свет ги отфрла.

Во 2000-та, кога ЕУ и наложи на Грција да ја избрише веросиповеста од своите граѓани во нивните ЛК, ГПЦ собра пола милион грци во Солун на протест против таа одлука.

П.С. Ова кое го гледаме на фотката, е случај на кој силно реагираше монашката заедница од Света Гора, со остро писмо до патријархот Вартоломеј.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Првин треба да се издефинира точно што е вистинското православие и од што се состои, па потоа да се почне со будење.

Зошто? Што има лошо на сликата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Првин треба да се издефинира точно што е вистинското православие и од што се состои, па потоа да се почне со будење.

Зошто? Што има лошо на сликата?
-Таман работа ако допрва разјаснуваме нешта кои се јасни веќе 2000 г.
- Она кое е „лошо„ на сликата, тоа е блискоста на Вартоломеј со Бенедикт.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
-Таман работа ако допрва разјаснуваме нешта кои се јасни веќе 2000 г.
- Она кое е „лошо„ на сликата, тоа е блискоста на Вартоломеј со Бенедикт.

Мики не се прави да речеме наивен.

Во тие 2000 години ( малку помалце се) од година во година само сте дополнувале понешто или одземале.Еден куп патријарси секој на свој начини си формирал православие.Сите посебно Бугари,Грци,Срби,Руси секој си има свое православие.По тоа календарчињата секоја црква различни светци слави.

Едни Божик го славите на 7 Јануари, други на 25 Декември

ЕДНА јаснотија што да ти кажам.

А за папата и патријархот нема ништо лошо, љубете се меѓусебно по љубовта ке ве препознаат дека сте Христови следбеници.Омекнете го малку срцето.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики не се прави да речеме наивен.

Во тие 2000 години ( малку помалце се) од година во година само сте дополнувале понешто или одземале.Еден куп патријарси секој на свој начини си формирал православие.Сите посебно Бугари,Грци,Срби,Руси секој си има свое православие.По тоа календарчињата секоја црква различни светци слави.

Едни Божик го славите на 7 Јануари, други на 25 Декември

ЕДНА јаснотија што да ти кажам.

А за папата и патријархот нема ништо лошо, љубете се меѓусебно по љубовта ке ве препознаат дека сте Христови следбеници.Омекнете го малку срцето.

- Не се правам наивен.
- Не се помалку од 2000 туку се 2000 г.
- Ништо не е дополнувано ниту одземано, туку со дела надоградено.
- Православието е едно, а не десет. Тоа што денешните народи имаат свои православни/помесни цркви, незначи дека има исто толку православија.
- Нормално дека секоја Црква слави и свои Светии, вклучувајќи ги и оние кои се наследени од црковната историја.
- Тоа што некои го слават Божик на 25-ти а други на 7-ми, има свое објаснување-како и зашто.
- Неможе да се омекне срцето кон оној дел од Црквата кон не остана во вистината.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
-
- Тоа што некои го слават Божик на 25-ти а други на 7-ми, има свое објаснување-како и зашто.
Тоа е само уште еден доказ за хаосот во православието.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не е тоа хаос, туку јасна дистинкција за тоа „кој е кој„. Ако православието го прифати римокатоличкото славење на Божик, тогаш, за очекување е дека постепено, и тоа онака, навидум незлонамерно, православието ќе го прифати и вкупното римокатоличко видување на христијанството. Денес, дел од православните Цркви, ради свој комодитет, си дозволија и таков луксуз: и грците и бугарите и романците, за влез во ЕУ, се откажаа од православниот минеј/календар и го прифатија римокатоличкиот. И? Си направија беља: се појавија расколи во нивните Цркви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom