Да бидам мудар/а или среќен/а?

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Многу помудро е ако го ЉУБИШ да останеш заедно и да му помогнеш да го преброди тоа... или не треба така кога љубиш некој, туку едноставно да го оставиш кога си му најпотребна?:smir:
Малце себично според мене...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Не се согласувам баш со ова.Ако сакаш некој и те прави среќна тогаш си доволно мудра да останеш со таа личност.Но ако таа личност ја сакаш а не те прави среќна(пошто според мене не е среќа да се будиш секое утро и да се прашуваш дали е издрогиран или не,или дали е жив или не)тогаш ќе бидеш пак доволно мудра да ја оставиш таа личност и да бидеш без тие грижи т.е. да бидеш посреќна.:helou:
Ако го мериме квантитетот на среќата и нејзиниот квалитет ... жалосно е што квантитетот победува.
Освен тоа, да се грижиш за некој не е несреќа, да бидеш до некој и да се обидуваш да му помогнеш да си го среди животот е уште поголема среќа.
Да дојдеш до заклучок дека можеш да се себеуништиш и да продолжиш нешто да правиш само затоа што си среќен со тоа, веќе е глупавост.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38

Не ми е јасно како можеш да сакаш и да бидеш да го поминеш твојот живот со човек што ја сака дрогата повеќе од тебе?
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Не ми е јасно како можеш да сакаш и да бидеш да го поминеш твојот живот со човек што ја сака дрогата повеќе од тебе?
Беше дадено како пример ... но да се обидам да ти одговорам.
Љубов!
Се случува понекогаш.
 
Black LiLy

Her Majesty, My Queen, HIP-HOP
Член од
5 ноември 2007
Мислења
109
Поени од реакции
3
Ех, мудроста ја носи среќата. Не може едното без другото и искрено, јас мислам дека љубовта нема ама баш никаква врска со мудроста, туку со вистинската одлука во вистински момент. Значи, јас и без момче можам да бидам мудра и среќна (и сум), меѓутоа, не. Не би бирала...Ги сакам двете:smir:
 
Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
Многу помудро е ако го ЉУБИШ да останеш заедно и да му помогнеш да го преброди тоа... или не треба така кога љубиш некој, туку едноставно да го оставиш кога си му најпотребна?:smir:
Малце себично според мене...

лол!!!!
навистина мислиш дека можиш да смениш некој?
и мислиш дека ако го напушташ,е изневерување доколку одбереш поубав живот без него?

па тогаш навистина гледаш со розови очила!
неможе да ти биде тебе убаво со некој,само ако го САКАШ или само ако тој тебе те сака,за да ти биде убаво треба уше мал милион работи за да биде се колку толку во ред...
а то дека го сакаш а се околу тебе се руши,то не е бидејки го сакаш то е поради то шо ти е лоша навика,поради то шо ти е страв како да ја смениш таа навика,ти е страв дали ке успееш без таа навика!

а тоа дека ако некој те изневерил биди сигурна дека пак ке те изневери,кога еднаш пробал ке проба пак...
кога некој ке замине некаде а ти ветил дека нема да стапне на тоа место никогаш повеке,а тој е таму- знај дека ке оди пак...

некои работи и луге не се менуваат..или сакај ги какви шо се или не ги менувај...бидејки без разлика колку за тебе и да се неговите навики лоши,тој шо ги поседува никогаш нема да помисли така и ке си тера по негова шема!

и дефинитивно одбирам да сум мудра отколку лажно да сакам некој и да живеам во илузија!
никој не заслужува да живее така!
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Многу помудро е ако го ЉУБИШ да останеш заедно и да му помогнеш да го преброди тоа... или не треба така кога љубиш некој, туку едноставно да го оставиш кога си му најпотребна?:smir:
Малце себично според мене...
Најмудро е да го оставиш веднаш кога ќе го дознаеш тоа за него, пред да дојдеш до моментот кога треба да избереш дали да си мудра или среќна. Среќа со таква личност неможе да се има, а и верувај ти би му била најмалку потребна (кога велам ТИ, мислам општо, да не дојде до недоразбирање). Ова доколку се работи за двајца различни партнери, кои не се по истиот спорт како во примерот.
Овој муабет е тежок и не заслужува вакви непромислени коментари ... оставете го во купот работи кои ги немате доживеано и ќе се потрудите да не ги доживеете никогаш.

А општо на темата ... ако морам да бирам меѓу мудрост и среќа која би ја имала покрај се`, би избрала да бидам среќна. Малку ми е потешко да сфатам како може некој да ми штети и да ме прави среќна, но ете од прва, мислам дека е далеку поважна среќата за секого. Што ќе ми е да сум мудра, а сама и несреќна?
Исто морам да нагласам ... ова би го избрала кога би се работело за човекот кој мислам дека е вистинскиот за мене т.е. за вистинската љубов. Во секоја друга ситуација ... па и среќата е лажна тогаш ... така да, тука сме некаде ... :)
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Океј.
Во земјата на бајките можеби да ... но во реалноста, многу поинаку изгледаат работите.

Ситуација:
Го љубиш дечкото, ти значи повеќе од се на светот, не можеш да замислиш да бидеш среќна без него, но тешка џанка е, дилер.Кога се будиш наутро се јавуваш за да видиш дали е сеуште жив, а он е веќе на тромадоли.Најмудрата работа во ситуацијата е да го оставиш, со тоа автоматски да се направиш несреќна.

Одат заедно злато?
Овде изборот е помеѓу несреќа и мудрост. Да гледаш некој кого што го сакаш како се самоуништува, е све, само не среќа.

А дали можеш или не можеш да му помогнеш на некој кој не сака да си помогне на себе, е .. друга тема.
 
Да го љубиш некој, да не си покрај него додека се уништува е несреќа, да бидеш таму и да се обидеш да направиш разлика ... веќе може и да се нарече среќа.
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Многу помудро е ако го ЉУБИШ да останеш заедно и да му помогнеш да го преброди тоа... или не треба така кога љубиш некој, туку едноставно да го оставиш кога си му најпотребна?:smir:
Малце себично според мене...
А дали ти навистина мислиш дека би му била најпотребна на таков тип на човек? Не знам дали немаш доволно искуство во реалноста или си апла оптимист, ама за жал не е така, и шансите нешто да се смени во таков тип на човек се скоро и непостоечки. Не е мудро да се упропастуваш и себеси трчкарајќи по него кога си свесна и знаеш дека некогаш може и тебе ќе ти врзе шамар за едно апченце. Глупаво е и непромислено.

Во љубовта првенствено ја бирам мојата среќа. Таква емоција е, слепа и глува и не дава простор многу да се тумачи и тапша глава од ѕид.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Секако, немам искуство ( скраја да е да одам со наркоман :pos: ), а и не е дека сум апла оптимист... едноставно нема да можам да го оставам и да го гледам како пропаѓа ако толку го многу го сакам, нема да имам срце да го направам тоа.
Би пробала да останам со него и покрај таа ситуација, зашто не мора да значи дека повеќе му значи едно апче од мене... сепак, на некои им е влезено под кожа и колку и да сакаат да се откажат- не можат.
А ако и покрај моите напори не оди и повеќе си наштетувам себеси од што му помагам на него... тогаш е јасно што би одбрала.
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Да го љубиш некој, да не си покрај него додека се уништува е несреќа, да бидеш таму и да се обидеш да направиш разлика ... веќе може и да се нарече среќа.
Само ако си мазохист :)

Во твојот пример, јас би била покрај него, секогаш и секаде кога ќе пробува да се излечи, би му помагала финансиски и секако. И како другарка, и да не сме во врска повеќе. Ама да останам со него, иако тој свесно продолжува да се уништува? Нема шанси.

Не можам да бидам среќна ако нешто сериозно ме мачи. Тоа е илузија на среќа. За мене среќа е кога ќе успеам да се опуштам и да уживам, и да заборавам на проблемите. Со онаков пример ко твојот, за да заборавам на онаков дебел проблем, треба да му се придружам на типот од примерот, што не е паметно, ти текнуе? :nenene:
 
Доволно добро ја познавам ситуацијата.
Затоа и е отворена темата, постојат милион и една ситуација кога одлучуваме да бидеме мудри наместо среќни и обратно.

Реалноста е дека премногу ретко тие две работи одат заедно.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
И да биде така да ја избереш мудроста.Ако во моментот не чувствуваш среќа подоцна ќе почувствуваш поради правилниот избор.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
18
Поени од реакции
1
И да биде така да ја избереш мудроста.Ако во моментот не чувствуваш среќа подоцна ќе почувствуваш поради правилниот избор.
Se soglasuvam so tebe, iako na pocetokot mislis deka si ja izbrala mudrosta, a ne srekata, podocna ke se pokaze kolku posrekna ke bides bez nego. Ako ostanes so nego ke patis mnogu poveke bidejki ke zivees vo strav, nema da ti obraka dovolno vnimanie, a kojznae moze i ke stane nasilnik(so drogata nikogas ne se znae) i red drugi problemi... Znaci iako navidum si ja odbrala srekata, a ne mudrosta, podocna ke se pokaze deka vsusnost ne si izbrala ni sreka ni mudrost:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom