Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Македонскиот текстил наскоро може да се најде на данскиот пазар, велат некои текстилци, кои присуствуваа на саемот за текстил во Копенхаген.
- Повеќето дански стопанственици со кои разговаравме бараат доставувачи што можат да обезбедат брзи услуги, а македонските фирми можат да го направат тоа - вели Георги Миладинов, директор на фабриката "Кимико" и член на Секторот за текстил.
Од Секторот информираат дека присуствувале на саемот за да ги истражат можностите за пробив на нов пазар. Во моментов Македонија извозува во Германија, за 145 милиони евра, но нема речиси никаков пласман во Данска, која се граничи со Германија.
- Овој пазар претставува исклучителна можност за нас. На саемот разговаравме со над 30 производители на кошули и повеќето од нив се заинтересирани за партнерски односи со нас. Со добрата изработка, брзото производство и испорака и со достапната цена, ние сме конкурентни - вели Илија Лазаров, директор на "Максима" од Штип.