Дали ќе го зачуваме нашето уставно име?

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување

Dali ke go zacuvame naseto ustavno ime?

  • da

    Гласови: 94 66,7%
  • ne

    Гласови: 47 33,3%

  • Вкупно гласачи
    141
Лошо е што имаме 30% луѓе на форумов кои веруваат дека ке си го смениме името

не е тоа најлошото, многу полошо е што Гwујо , со скоро цело "началство" е меѓу нив...
 
Најголемата пропаганда за прифаќање на предлогот, ќе дојде од страна на Власта, т.е. Никола Груевски.

Е тешко да е така,ниедна пропаганда нема да ме убеди да си го сменам името,верувам дека сите Македонци со здрав разум исто мислат како мене.Таквата пропаганда само би предизвикала револт
 
да се умешам јас само ако се случи ова да знаете дека ќе биде макцимално злоупотребено од грција што значи дека властаз а ова прашање не се подржани (индиректно имплицира)
И со тоа се дозакопуваме то ест и даваме на грција уште едно оружје во рацете
А од друга страна власта има одврзани раце да го шитне името под изговор дека граѓаните не се доволно заинтересирани
За жал тоа сме ние.Македонска работа.

Во контекст еве една денешна изјава на Груевски:

"За мене не е ништо ново тоа што го кажува Грција, бидејќи тоа име уште од 90-тите години формално или нефолрмално го предалга тоа име, кое е предложено и од медијаторот Нимиц. Но, сите знаеме дека има уште многу детали во преговорите – како што се промена на пасошот, промена на уставот, на идентитетот, така што самите преговори се многу посложени од вчерашната изјава- изјавува Груевски. "

Дали ова погоре значи дека Северна е веќе прифатен компромис од страна на Груевски, нормално доколку компромисот вклучи зачувување на идентитетот и неменување на уставното име ?
и тоа е можно.
 
Најголемата пропаганда за прифаќање на предлогот, ќе дојде од страна на Власта, т.е. Никола Груевски.

Епа тоа баш е проблемот што луѓето така ќе ја перципираат.
Пропагандата треба да се сфати како независна, непартиска, насочена кон почитување и остварување на демократските права на граѓаните да излезат на референдум и самите да решат за својата судбина.
Но луѓето како по обичај за било што и да се работи во држава, сфаќаат дека тоа е масло на власта и никако не може да се најде границата меѓу партиските и непартиските активности
 
Можно е и тоа сценарио, Албанците и верните поддржувачи на Сдсм да не излезат на референдум, но верувам дека оние останати, десничарите, оние со блага десна или лева ориентација или неопределените би требало да излезат зошто се работи за судбински референдум.
Со добра пропаганда и потенцирање на предностите и недостатоците кои ќе произлезат со успешноста/неуспешноста на референдумот мислам дека може да се добие потребниот процент на излезност, но ќе видиме што ќе биде:toe:
Еве токму ова сакав да ти го кажам.Што вреди мојот тврд став кога заткулисните игри решаваат многу нешта.Нека се распише референдумот па ќе видиш после како ќе проработи машинеријата на поддржувачите на Северна.Тоа на СДСМ би му дошло како кец на десетка.
 
Се додека и после сите притисоци од ЕУ и одбивањто на Македонија во НАТО во Букурешт, Грујо наместо да ги прекине преговорите,вели -И покрај се Македонија останува во преговорите за КОМПРОМИСНО ИМЕ,значи спремен е да прифати компромисно има а само глуми пред народот дека е многу загрижен за името.
Што значи КОМПРОМИСНО ИМЕ:
Компромисно име е ИМЕ РАЗЛИЧНО ОД СЕГАШНОТО и прифатливо за двете страни.
Само работата е што ние всушност не знаеме за што се преговара:
-Дали за промена на ФИРОМ(бидејќи сега тоа ни е име за цел свет,гледате дека и земјите што не признале под уставно име во одредени ситуации кода има повеќе државници не викаат ФИРОМ)
-Дали за промена на уставното име само за Грција ,а за тие кои не признале да си остане по старо.
Дали за промена на уставното име за цел свет а воедно со тоа се променува и уставот на македонија.
Значи нас никој не ни кажува што всушност се преговара.
Нели гледате дека ние информациите ги добиваме од “Катимерини“ и од грчките медиуми.Нашиве новинари појма немаат,а преговарачите кријат и дур не дојдат кај Грујо на рапорт не смеат никаква изјава да дадат пред новинарите.
 
Еве токму ова сакав да ти го кажам.Што вреди мојот тврд став кога заткулисните игри решаваат многу нешта.Нека се распише референдумот па ќе видиш после како ќе проработи машинеријата на поддржувачите на Северна.Тоа на СДСМ би му дошло како кец на десетка.
Можеби индивидуално твојот тврд став не вреди, но заедно со мојот, со 500 000 други гласови ќе вреди. Јас чувствувам потреба но и морална одговорност да излезам на тој референдум, барем некогаш по неколку години да знам дека сум учествувала без разлика на исходот, ако не учествувам никој нема да ми биде крив и ќе немам право да се жалам туку самата јас ќе бидам виновна зошто не сум придонела кога сум можела барем нешто за Македонија
 
Абе ако си правиме сценарија, тогаш ги има повеќе.

Она што никој не го спомна дека народот без разлика на притисоците може да излезе и да гласа против, доколку предлогот на референдумот не е добар.
А може и да не гласа или да гласа негативно.

Или пак предлогот може да биде добар, двојна формула- едно име за Грција а уставното за нас и оние кои не признале под истото досега. За оние кои ја користеле референцата нека им се остави избор и ќе превладее само Македонија.

А трето сценарио вели преговорите нема да завршат во догледно време, но ќе успееме да излеземе како целосни победници.

Зошто само песимистичко дефетистички ставови да преовадуваат?
 
Џабе муабет. Не сме ние тие што одлучуваме дали ќе се смени, затоа џабе постирате.чао
 
Точно.

Прашањето е кое име ќе се користи во ООН, ЕУ и НАТО, а не кој како билатерално ќе не ословува.
А трето сценарио вели преговорите нема да завршат во догледно време, но ќе успееме да излеземе како целосни победници.
Малку можно, но сепак базирајќи се на твоите информации, ќе оставам малку подотворена врата и за ова варијанта :)
Зошто само песимистичко дефетистички ставови да преовадуваат?
Затоа што ситуацијата така налага :toe:
 
Јас би рекол политичките шпекулации и интереси така налагаат. :toe:

А доколку било кој политичар нешто се обиде, нема да биде весело.. тоа е единствено што можам да го ветам.
 
Џабе муабет. Не сме ние тие што одлучуваме дали ќе се смени, затоа џабе постирате.чао

Ние сме,ако беа други досега ќе беше сменето.Финтата е во тоа што треба сами себе да се избришеме,итоа од заседа,наречена референдум.:toe:
 
Јас би рекол политичките шпекулации и интереси така налагаат. :toe:
Убаво е што веќе почна да насетуваш дека опасноста по името не лежи само во опозицијата.
 
Убаво е што веќе почна да насетуваш дека опасноста по името не лежи само во опозицијата.

Меѓутоа дереџето до кое сме сега е како резултат на позицијата на денешната опозиција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom