cyberlady
стара чупа
- Член од
- 2 ноември 2005
- Мислења
- 329
- Поени од реакции
- 11
Кога го читам верскиот календар во Шпиц, ми се чини дека сите светци страдале и биле маченици.
Светиот апостол Тома, на пример, бил познат меѓу народот по неговото неверување. Во личноста на неверниот Тома го виделе симболот на сомнежот во Христовото воскресение. Пострадал маченички во Индија.
Свети Димитрија се родил во Солун од благородни родители. Измолен од бездетните родители Димитрија бил единец, поради што со големо внимание бил однегуван и воспитан. Неговиот татко бил солунски војвода, па кога умрел, царот го поставил Димитрија за војвода на место татко му. Поставувајќи го за војвода царот Максимилијан му препорачал да ги гони и да ги истреби рисјаните во Солун. Но Димитрија не го послушал царот, туку напротив, јавно го проповедал Ристос во Солун. Кога слушнал за тоа царот многу се огорчил на Димитрија, па кога се враќал од војна, царот Максимилијан намерно свратил во Солун да ја испита работата. Го викнал војводата и го испрашувал за верата. Димитрија јавно пред царот признал дека е рисјанин, и уште го изобличил идолопоклонството на царот. Разјарен царот го фрлил Димитрија во зандана. Знаејќи што го чека Димтрија го врачил својот имот на верниот послушник Лупа да му го раздаде на сиромашните и отишол во зандана весел, затоа што му претстоело страдање за Ристос. Во занданата му се јавил ангел Божји и му рекол „Мир со Тебе, страдалнику Ристосов, крепи се“ После неколку дена испратил царот војници во занданата да го убијат Димитрија. Војниците го нашле светецот Божји на молитва, и го издупиле со копје.
Нашиот Господ Ристос страдал три дена и маченички умрел на крстот.
Дали праведните луѓе секогаш страдаат? Дали сите светци на овој или оној начин настрадале во животот? Дали добрите ги снаоѓаат несреќи? Има ли некој чуено за светец кој не страдал маченички во животот?