Дали постои апосолутна сигурност од настапување на одредена последица?

TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Превземате одредено дејствие и во однос на последицата дали сметате дека постои апсолутна сигурност (100%) во однос на нејзиното настапување, или дека постои само веројатност (извесност односно неизвесност, но не и 100% сигурност) во однос на нејзиното настапување.

Јас сметам дека апсолутна сигурност во однос на настапување на одредена последица непостои.
Постои само голема или мала веројатност од настапување или ненастапување на таквата последица.

Што сметате вие?
 
TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
TDM prvo definiraj "posledica".
Последица како резултат од некое наше дејствие.
Значи преземам некое дејствие што треба да биде или да небиде причина за настапување или ненастапување на одредена идна последица.
Притоа во однос на последицата, нејзиното настапување не зависи во целост од моето дејствие.

Еве еден пример:
Одам во продавница да крадам мастики. Дали можам да бидам 100% сигурен дека ќе успеам да ги украдам мастиките, или ќе бидам фатен од продавачката, со оглед на тоа што реализацијата на мојата намера не зависи само од моето дејствие, туку и од објективните околности.

Откако ќе ме фатат, дали може да се рече дека сум бил сигурен дека ќе го сторам тоа, ако апсолутна сигурност не постои?..или сметате дека постои?
--- надополнето: 21 октомври 2012 во 23:16 ---
Пример 2:
Законската формулација гласи: тој што ќе склучи брак со лице за кое знае дека се наоѓа во брак, ќе се казни ...
Прашањето ми е
Ако ова "знае" се земе како апсолутна сигурност, тогаш сторителот не треба да одговара кога постоењето на претходниот брак го зема за можно, затоа што тоа "можно" е релативна сигурност
Ако пак, ова "знае" се земе за релативно, тогаш сторителот треба да одговара и кога постоењето на претходниот брак го зема за можно.

п.с. (Се рабори за казнено правна материја)
 
New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
264
Поени од реакции
235

Па доколку е формулацијата е поставено тој што ќе склучи брак со лице за кое знае дека се наоѓа во брак, ќе се казни ...тогаш чинот на извршување на КЗ се зема знае како главен елемент на казненото битие и преставува апсолутна сигурност и лицето не би требало да се казни.

Доколку е формулирана тој што ќе склучи брак со лице за кое може да знае дека се наоѓа во брак, ќе се казни ...
Тогаш чинот на извршување би бил самото стапување во брак и лицето ќе се казни.

Е сега тоа може да знае ти се мислиш дали може со сигурност да се дознае доколку јас преземам одредена активност да го дознаам? Што на некој начин у релативноста бара апсолутност, голема контрадикторност.

Мислам дека зависи до интепретација и замисла на законодавецот пред се, ама интересна логика има у ова што го пиша.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
ако јадам пица, апсолутно ќе ми се пие вода после

тоа зборите?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Може скоро сегде....иако у твојов случај тешко. У твојов случај(идиотизам) ни QFT не помага.
Полека со физиката, не ја спомнувај секаде. Ќе помисли некој се разбираш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom