Дали на Македонија и треба Експретска Влада или Валутен Борд!

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Поради лошата економска состојба во регионот и Глобалната криза во светот,што мислите дека е најдобро за Македонија

1)Наместо партиите да се караат меѓусебе дали е потребно да се состави Експертска Влада како онаа од времето на Кљусев која работеше успешно,

2)Да се состави Валутен Борд од странски економски експерти кои ќе изготват стратегија за справување со невработеноста во МК.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Валутен_одбор

Валутниот одбор претставува многу строг систем, во кој централната банка целосно ја губи можноста за водење самостојна монетарна политика и таа се сведува на институција која извршува само сметководствени и технички активности
3)Нема спас се е залудно сега.

Вашите коментари се добредојдени
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Има нелогичност во прашањево:
Експертска влада е политички феномен кој може да ја контролира фискалната политика во земјата
Валутен борд е монетарна стратегија кој може единствено да биде под контрола на НБРМ.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Има нелогичност во прашањево:
Експертска влада е политички феномен кој може да ја контролира фискалната политика во земјата
Валутен борд е монетарна стратегија кој може единствено да биде под контрола на НБРМ.
Точно така но бидејчи Валутниот борд не се врзува за НБРМ туку за странски валути тогаш НБРМ иде у стечај друг ги прави правилата.
--- надополнето: Oct 15, 2011 9:15 AM ---
ок, тогаш јас сум за број 1 :)
--- надополнето: Oct 15, 2011 9:11 AM ---

А кое е твоето мислење?
Нормално за првата опција со можност да дојдат некои странски експерти.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Точно така но бидејчи Валутниот борд не се врзува за НБРМ туку за странски валути тогаш НБРМ иде у стечај друг ги прави правилата.
Никогаш НБРМ не оди во стечај:)
Со оваа стратегија наместо фиксно со евро се врзува денарот со кошница валути (долар/јен/евро), а НБРМ купува/продава и одржува баланс.
Но да не ја дробиме околу НБРМ, валутен борд како стратегија не ни е потребна, ниту ќе имплицира позитивни економски резлутати.
Експертска влада не ни треба, ни треба само чесно и домаќинско работење и независен министер за финансии, а не палка на министерот. Некако ако фантазирам би го направила независно како НБРМ министерство за финансии со министер на 9 години со право на реизбор и право на смена само од НБРМ :)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Никогаш НБРМ не оди во стечај:)
Со оваа стратегија наместо фиксно со евро се врзува денарот со кошница валути (долар/јен/евро), а НБРМ купува/продава и одржува баланс.
Но да не ја дробиме околу НБРМ, валутен борд како стратегија не ни е потребна, ниту ќе имплицира позитивни економски резлутати.
Експертска влада не ни треба, ни треба само чесно и домаќинско работење и независен министер за финансии, а не палка на министерот. Некако ако фантазирам би го направила независно како НБРМ министерство за финансии со министер на 9 години со право на реизбор и право на смена само од НБРМ :)
Да беа паметни од НБРМ Леа немаше да дојдеме сега до ова дереџе во земја која има мал прилив и голем одлив.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да беа паметни од НБРМ Леа немаше да дојдеме сега до ова дереџе во земја која има мал прилив и голем одлив.
Ми стои дека ги мешаш работиве. НБРМ неможе да се меша во парите и владите. Она само се грижи за курсот и стабилноста на денарот. Да неа беа паметни денес ќе немавме ниту финансиски систем, ниту верба во банкарски систем и банкноти по милијарди.
А фискалната е онаа која ги троши и вложува парите, таа е под владата. Значи НБРМ не дава никому пари, ниту зема од некого. Тоа ти е како сеф на државата. Клучот е кај Гувернерот, фала богу во изминативе 10 години добро го сокриа клучот од лоповите. Мал прилив и голем одлив е дефицит, тоа не е работа на НБРМ, тоа е на Ставрески.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
на Македонија не и помага ни Чак Норис, потребно е вразумување на тоа политичките елити (самопрогласени) зашто ја претераа и тоа многу. Треба да се смени менталитетот зш го нае*авме
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ми стои дека ги мешаш работиве. НБРМ неможе да се меша во парите и владите. Она само се грижи за курсот и стабилноста на денарот. Да неа беа паметни денес ќе немавме ниту финансиски систем, ниту верба во банкарски систем и банкноти по милијарди.
А фискалната е онаа која ги троши и вложува парите, таа е под владата. Значи НБРМ не дава никому пари, ниту зема од некого. Тоа ти е како сеф на државата. Клучот е кај Гувернерот, фала богу во изминативе 10 години добро го сокриа клучот од лоповите. Мал прилив и голем одлив е дефицит, тоа не е работа на НБРМ, тоа е на Ставрески.
НБРМ + ВЛАДА + Банки = ВМРО
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Јок не се согласувам. Оваа тврдина неможат да ја освојат глуперди како нив, сепак за тоа треба да имаш мозок :)
Последниот гувернер од кај је дали е независен башка кој ја контролира НБРМ на крајот и они мораат да бидат под нечија ингеренција.



Централната банка може да создаде дефлација (рецесија, т.е. депресија) така што ќе го намали количеството на парите во оптек. Овде Владата ќе нема никакво влијание на текот на настаните во економијата. Народот нема рецесијата да и.. ја припише на централната банка, туку на Владата. Така, Владата ќе „падне“ на следните избори поради тоа што народот мисли дека лошата економска состојба е нејзин ефект. Ова е во суштина тоа што го прави денека нашиот Гувернер Петар Гошев. Тој го намали количеството на парите во економијата и ги зголеми каматите на новите кредити. Така, денеска централната банка стимулира рецесија во Македонската економија, со цел Владата да го изгуби влијанието врз народот.
Who makes rules who is boss.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Последниот гувернер од кај је дали е независен башка кој ја контролира НБРМ на крајот и они мораат да бидат под нечија ингеренција.

Who makes rules who is boss.
Небитно од каде е кога ќе седне во таа жешка фотеља делува независно. И кој ја контролира НБРМ, Гвујо? :)) Ма дај, он може само да ја поправи улицата пред НБМР и чат пат свеќа да запали пред влез. Да можеше до сега девизни резерви ќе имавме само три денари.

Ова не го приметив :
Централната банка може да создаде дефлација (рецесија, т.е. депресија) така што ќе го намали количеството на парите во оптек. Овде Владата ќе нема никакво влијание на текот на настаните во економијата. Народот нема рецесијата да и.. ја припише на централната банка, туку на Владата. Така, Владата ќе „падне“ на следните избори поради тоа што народот мисли дека лошата економска состојба е нејзин ефект. Ова е во суштина тоа што го прави денека нашиот Гувернер Петар Гошев. Тој го намали количеството на парите во економијата и ги зголеми каматите на новите кредити. Така, денеска централната банка стимулира рецесија во Македонската економија, со цел Владата да го изгуби влијанието врз народот.

Од кој филм е ова цитирано од портокалова коњаница? :pos:
Не ми се верува колку може луѓето да забегаат, Гошев можел да предизвика дефлација ако сака само да му наштети на гвујо наш :pos:
 
I

Iblis

Гостин
Каша попара е темава, како се дадени точките тоа алал да ти е, арно Леандро шо објасни нешто по малце.
Она првото, експертските влади се релативно неуспешни, членовите во нив , секој си влече на своја страна, таква влада се распаѓа доста брзо, особено кога нема повисок авторитет да ја контролира, пред онаа на Кљусев, сите влади во СФРЈ може да ги сметаш за експертски, еден човек ја диктираше политиката. Успешноста на владата на Кљусев беше Киро Глигоров,кој свираше како мисли дека треба , другиве си запишуваа по тефтерите и го цитираа.
2. Валутен борд сметам дека не треба, не гледам дека има пуштено во оптек вишок на пари без покритие, ниту дека има кој знае колкав диспаритрт во однос на валутната состојба. Интересно инфо, денарот де јуре има фликтуирачки курс, ама де факто фиксен е,ова го знаевте, а сега она интересното, денарот не е врзан директно за Еврото, врзан е за кошница валути од најголемите трговски партнери на РМ во рамките на ЕЕЗ, изразени преку нивните позиции во ЕКУ подоцна и така стигаме до она денес што изгледа дека денарот е врзан за Еврото.
3. Секогаш има спас, затоа е демократија, може треба доста време, ама лека полека ќе се научат луѓето како треба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom