Кладењето(обложувањето )не е коцка или Обложувањето е инвестиција, а инвестицијата со себе носи ризик кој на крај може да заврши фатално ако претходно лошо си ги предвидел сите предности и слабости од истата, така е во секој сегмент во што и да се одлучиш да вложиш пари, кој гарантира дека ке успееш ако отвориш фарма за кокошки или сл.
Овде е така сфатено а и општо поради тоа што голем број на луге "незнаат" како да се обложуваат.
Прво и основно голем број се кладат на натпревари кои воопшто незнаат ни како правилно се викаат тимовите уште кога ке се сетам на една случка се газам од смеење кога еден пцуваше за тоа како БУРУ (Bury) го зафркнал за 50 000 денари.
Второ играат лиги и утакмици кои воопшто незнаат ниту еден играч од тимовите како се вика а камоли да изгледаат некоја утакмица да видат кој со што квалитет располага или просто кажано играат на слепо и затоа после друг им е крив или па наместиле утакмица баш затоа шо тој ја уплатил.
Трето играат од борби со петли до шах значи они се специјализирани за секој спорт и можат се да одиграат на тикет само заради коефициентот ако е помал тогаш тој е фаворитиот тоа е таа логика кај голем број играчи и затоа е погубна по нив.
Четврто никој од нив или пак ретки се оние шо ја анализираат утакмицата и ги опфакаат поголем дел од информациите за одредени тимови, играчи во зависност од спортот реално полесно е да се играат индивидуалните спортови поготово тенис од она шо го имам најдено на нет најмногу од овој спорт печалат.
Петто незнаат да ги менаџираат парите т.е. играат со пари кои им се потребни за нешто друго а не за кладење тоа е фатална грешка парите шо си ги издвоил за кладење не треба да се мешаат со останатите пари тоа се пари кои си ги прежалил од старт т.е исто како да си ги инвестирал во нешто па сега чекаш да тргне работата или па да се фати удолницата зависи од човекот.Кај нас од тие пари се части,се купуваат цигари, се трошат за кафиња, излегувања и после незнаеш колку воопшто си плус/минус тотален хаос.
Еве да скратам само зошо за ова можам 3 дена да пишувам јас играм 3-4 лиги во една сезона шо ги пратам интензивно шо можеби е и многу бидејки најдобро е 1-2 да се пратат и да се изанализираат добро тимовите еве сезонава за мене КХЛ и ЛШ во ракомет беа и поке од профитабилни секој месец бев во профит иако еден период загубив ритам поради лични проблеми сепак со тие средства шо ги вложив на почеток ги зголемив за 6 пати за овие 7 месеци од кои речиси месец и пол бев неактивен мегутоа тоа што и јас неправилно ги користев и си трошев кога ке ми затребаа пари ми е тешко да почнам да го зголемам ризикот
За крај изгледајте го филмов
http://www.imdb.com/title/tt0417217/ и ке видите како може од врвот да се достигне дното токму поради мали ситни грешки али фатални кога малку ке скршнете од патот кој сте го зцртале и како се се претвора во коцкање барем јас така го сфатив