прво зависи од пакетите што сакаш да ги гледаш, мислам на HD канали или некој од поскапите. Па според тоа што сакаш да гледаш треба да одбереш модел кој ќе ги отвара тие пакети, пример ако не сакаш да гледаш HD, 500S ти врши работа и е околу 50 еврушки , ако пак сакаш да гледаш и HD тогаш ќе треба малку повеќе да се потрошиш и според мене да си земеш DM 800HD.
откако ќе го земеш уредот треба да си бараш сам CS- линии на интернет или пак да се претплатиш кај некој шо продава сателитска опрема и има шеринг. Шерингот се движи негде од 80 еур па нагоре до кај 110 еур и за тие пари ти е отворено цело небо. Но можеш и сам да си внесуваш линии и да гледаш пакети шо ти ги сакаш за ич пари, но негативна работа е што тие линии се со рок од ден-два , што значи ќе мора да ги менуваш на секој ден или два...
аку се одлучиш за втората опција пиши ми па ќе ти пратам некои линкови каде што има слободен шеринг...