Дали е слично и кај нас?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Судејќи според податоците на Упрвата за недвижности на Црна Гора, некои функционери не го пријавиле сиот свој имот, со што како и секаде, тоа се смета за драстично кршење на Законот на конфликт на интереси. Меѓу "заборавените" се нашле и Мило Ѓукановиќ и Светозар Маровиќ.
Мило во листот го запишал станот од 114 квадрати во елитната населба Горица, но не го ставил деловниот простор од 412 квадрати во зградата "Вектра", кој во Управата за недвижности е запишан на име на неговиот син Блажо. Наводно, тоа е подарок на чичкото Ацо на милото внуче!
Со споредување на податоците од Управата за недвижности и Комисијата за конфликт на интереси и на Светозар Маровиќ, во имотниот лист не му се запишани дури четири стана, кои се евидентирани на неговата ќерка Милена. Не пријавил и еден мал деловне простор во Будва, кој во Управата се води на сопругата Ѓурѓина. На прашањето на новинарите: како неговата ќерка успеала да купи четири стана, Свето не дал одговор.
-Што мислите има ли слични работи и кај нашите поранешни и актуелни политичари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom