Дали е грев да не се верува во господ?

B

Borg_Drone

Гостин
Тука никој не вели дека не е во ред да се љуби, почитува и др. туку атеистите пример најмногу се револтираат кога некој од „вернициве“ ќе ги жигосаат неверниците со погрдни зборови.А всушност самите верници се поголеми лицемери и од неверниците во овој случај.
Делата што ги проповеда христијанството никој не вели дека не треба да се следат, но треба да се биде и објективен.Атеистите се токму тоа, ние знаеме дека на човекот ќе му се случува да греши зошто не е совршено суштество, составени сме од чувства и емоции, а агресијата колку и да сме ја социјализирале во текот на нашето детство, таа пак некако успева да се манифестира преку одредени наши постапки и честопати води до правење грешки.Христијанството ти претполага на платонски начин ти да ја почитуваш религијата, а тоа не е возможно, веќе напишав зошто.Што е најтрагично кога велиш дека е невозможно тогаш ти си жигосан од страна на „вернициве“ како неверник зошто не веруваш во Бог и не ги следиш неговите „божји заповеди“.Верниците имаат најмалку право да не жигосуваат поради тоа, зошто и тие прават грешки, грешки кои не се во склад со христијанската религија.И со самото тоа што нас не жигосуваат а во исто време прават и они грешки како нас излегува на крај дека тие се и поголеми лицемери од нас и лажговци.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.492
:pos:
Секоја чест за прашањево,дали е грев да не се верува во господ, мислам колку е само тоа дебилно.
Не верувам во господ а се плашам да не сум направил некој грев со тоа.
Тоа би му дошло исто како : Дали ако не верувам во Дедо Мраз нема да добијам поклон за нова година:pos:
Како може некој да не верува во Дедо Мраз?:sneaky:
--- надополнето: 3 март 2012 во 22:09 ---

Мислам дека се согласуваме со ова дека едно е да си верник ,а сосем друга ствар е да ја сватиш суштината на религијата.
Луѓето грешат тоа е факт, но најлошо е кога не застануваат да научат од своите па и од грешките на другите бидејќи животот е прекраток за да ги повторуваш истите грешки.
Второ верници како верници голема грешка е да судат на некој друг за неговите грешки нели бог е тука за да ја врши таа работа?
Трето не ги групирај сите атеисти под една капа како што има заслепени верски фанатици така има и атеисти кои се во заблуда.

Не знам од кај им е таа идеја дека бог не постои.
Исто како сите откритија пример за летање ,дека земјата е округла и тн што викале дека се невозможни па се покажале точни.

Според мене правиот атеист(иако на некој начин би требало да се измисли нов термин за ова)треба да вели
Не верувам во Бог се додека не ми докажеш дека постои.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Дали ти навистина мислиш дека несовршените според оваа мисла можат да станат совршени?Ај наброј колку пати досега си направил грешки и колку пати си барал да ти биде опростено.Според оваа мисла тебе ти е дозволено само еднаш да погрешиш.Зарем не гледаш дека ти како верник испаѓаш на крај поголем лицемер и од мене „грешникот“?Зарем ти со ова што го напиша не испаѓаш поголем грешник од мене и од сите атеисти тука?Или пак ти само еднаш си погрешил во животот.
Дефиницијата за херој во христијанството е: ако те удрат по едниот образ, сврти го и другиот?
Дали јас ако тебе на пр. те удрам со палка во глава по десната страна од твојот череп ќе дадеш да те удрам и по левиот дел од черепот или ќе се браниш?По правило треба да дадеш да те удрам.....
.

Се’ додека човекот мисли и прави нешто што е спротивно на Инкарнацијата на Совршената Мудрост БОЖЈА (Исус) , тој е грешник и (повеќе или помалку) далеку од Совршеноста!

За сите кои што (слично на фаризеите) поради своето сознание или дела се чувствуваат поарни од другите грешници, одсрце им посакувам да ги прочитаат и да ги разберат Зборовите запишани во Лука 7:40 ...

.

Треба потполно да се надмине и е‘ навистина погрешна работа.Платонски обликувана теорија која на крајот се покажала како неуспешна.Човекот е несовршено суштество и поради тоа постојат тие институции денеска.Институциите не постојат поради црквата.
.

Кој го надминал негативниот дуализам - тој го надминал дузализмот, додека оние кои се борат против дуализмот - се’уште се во неговите мрежи! .

Сваќаш? . :love:
.

Гледам колку ги отвори очите последниве две илјади години.Сеуште се водат војни и страдаат невини.Две најголеми религии кои проповедаат мир и слобода а на крајот самите тие ги кршат тие нивни проповедања.
Уште едно лицемерие на религиите, кое е поголемо од тоа на атеистите.
И нареден пат пишувај го текстот во целина, а не вака да ги бркам со пиштол речениците.
.

Гледаш ли како дуализмот цврсто царува и во неговите противници? .:)

Твојата омраза (поради војните и лицемеријата) кон лажните верници, нека не ти го заматува погледот кон Вистината и Нејзините вистински следбеници!

А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи ...!

(Ев.Марко 13:7)

.
--- надополнето: 3 март 2012 во 22:58 ---
Ова некако не ти е на место што имаат врска грчките филизофи со бог?
Нивното учење никако не се коси со бог.
Тие учеле математика ,биологија,физика и многу други науки.
Да вистина е дека имале погрешно сваќање за светот и како тој настанал ,но кој може да ги обвини за нешто што немале можност да го дознаат во нивно време?
.

Шоластичката филозофија која се потпира на грчки филозофи и филозофии е уверена во одделеноста на Творецот од Неговите чеда. Додека преку Радосната Вест на БОЖЈАТА Милост (Христос) - Која е Единствениот Спасителен Мост - таа богооделеност е надмината !

Членот Macedonicus е уверен во тоа дека Радосната Вест не е Вистина и дека Творецот не се грижи за луѓето, со што во ниеден случај нема сложување.

Лека ноќ
.
 
B

Borg_Drone

Гостин
.

Се’ додека човекот мисли и прави нешто што е спротивно на Инкарнацијата на Совршената Мудрост БОЖЈА (Исус) , тој е грешник и (повеќе или помалку) далеку од Совршеноста!
.
Баш затоа Совршенството се појави во Христос, несовршенте и непросветлените да постанат вистински совршени и просветлени!
Контрадикторен си, и тоа многу.Од една страна пишуваш дека не сме совршени, а од друга страна пишуваш дека е можно да станеме совршени иако знаеш дека сме далеку од совршенството зошто сме грешници?!Јас ти велам дека не е можно.Тоа се докажало низ примери од историјата.Веќе две илјади години човекот не е совршен, а нема ни да биде.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не знам брат најлесно за некој или нешто е да се каже дека е глуп.
Тоа најчесто е кога немаш валиден аргумент за нешто.
Јас само сакав да слушнам повеќе мислења од различни перспективи,а религијата е многу опширна ствар и зависи кој како ја сваќа.
Гледам на форумов сите се фалат дека се паметни и не земаат здраво за готово,а информации од книга како библијата и коранот ги земаат.
Моментално дали постои бог е небитна работа.
Но, еве на пример да земеме човек со грам мозок во себе
дали вистина мислиш дека книга како библијата која минала 2+милениуми време е под никакви влијанија од надвор?
Еве јас накратко ќе ти кажам што мислам за господ(не е битно дали постои)
-божествено е да се љуби
-божествено е да се простува
-божествено е да се помогне
-божествено е да се почитува

Најголем пример за тоа како луѓето треба да ја сватат религија според мене е Мајка Тереза ако сите луѓе размислуваа на тој начин светов ќе беше подобро место за живеење.:)
Во продолжение следи одговорот што сакав индиректно да ти го кажам пријателе:
:pos:
Секоја чест за прашањево,дали е грев да не се верува во господ, мислам колку е само тоа дебилно.
Не верувам во господ а се плашам да не сум направил некој грев со тоа.
Тоа би му дошло исто како : Дали ако не верувам во Дедо Мраз нема да добијам поклон за нова година:pos:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Како може некој да не верува во Дедо Мраз?:sneaky:
--- надополнето: 3 март 2012 во 22:09 ---

Мислам дека се согласуваме со ова дека едно е да си верник ,а сосем друга ствар е да ја сватиш суштината на религијата.
Луѓето грешат тоа е факт, но најлошо е кога не застануваат да научат од своите па и од грешките на другите бидејќи животот е прекраток за да ги повторуваш истите грешки.
Второ верници како верници голема грешка е да судат на некој друг за неговите грешки нели бог е тука за да ја врши таа работа?
Трето не ги групирај сите атеисти под една капа како што има заслепени верски фанатици така има и атеисти кои се во заблуда.

Не знам од кај им е таа идеја дека бог не постои.
Исто како сите откритија пример за летање ,дека земјата е округла и тн што викале дека се невозможни па се покажале точни.

Според мене правиот атеист(иако на некој начин би требало да се измисли нов термин за ова)треба да вели
Не верувам во Бог се додека не ми докажеш дека постои.
Ќе ти се случи во животот повторно да ја направиш грешката.Ако не ја направиш таа грешка, ќе направиш друга со која ќе ги прекршиш божјите заповеди и тоа за кое се залага религијата.Да се учеше така лесно, досега светот ќе беше навистина многу поубаво место за живеење.

Трето не ги групирај сите атеисти под една капа како што има заслепени верски фанатици така има и атеисти кои се во заблуда.
Атеист не може да биде во заблуда; атеист е човек кој не верува во постоењето на Бог.Нема тука „атеисти во заблуда“.Исто како што не може да има „верници во заблуда“.Со една реченица: или ќе бидеш или нема да бидеш.

Не знам од кај им е таа идеја дека бог не постои.
Ова пред тебе го викал и Флавиј Јулијан (внукот на Константин I) за христијаните кога ги прогонувал, велел:

-Не знам од каде им е идејата на христијаните дека не постојат Зевс,Атина итн.
Како и многу други како него.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.492
Атеист не може да биде во заблуда; атеист е човек кој не верува во постоењето на Бог.Нема тука „атеисти во заблуда“.Исто како што не може да има „верници во заблуда“.Со една реченица: или ќе бидеш или нема да бидеш.

Ова пред тебе го викал и Флавиј Јулијан (внукот на Константин I) за христијаните кога ги прогонувал, велел:

-Не знам од каде им е идејата на христијаните дека не постојат Зевс,Атина итн.
Како и многу други како него.
Да де па тоа ми е поентата повеќето атеисти се цврсто убедени дека нема никаква шанса да постои бог исто како во деветнаести век што викале дека се е пронајдено и нема више што да се научи.
Или кога велеле дека земјата е рамна.
Поентата со атеистите во заблуда ми е дека ти е имаат став дека бог не постои и можноста да не е така е 0%.
Што според мене е ограничен поглед на светот.
Поради тоа јас викам не верувам се додека не ми го докажеш спротивното.
--- надополнето: 4 март 2012 во 01:59 ---
Во продолжение следи одговорот што сакав индиректно да ти го кажам пријателе:
Брате секој што дава таков одговор е д*бил(no offence meant to that person).На светов не постојат глупи прашања или како што велеше едно другарче мое ако прашаш ризикуваш да испаднеш глупав 2 минути,а ако не прашаш ќе останеш глупав цел живот.
Сега кажи ми дека не сум во право за да знам дали разговарам со маж или со петгодишно дете.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Да де па тоа ми е поентата повеќето атеисти се цврсто убедени дека нема никаква шанса да постои бог исто како во деветнаести век што викале дека се е пронајдено и нема више што да се научи.
Или кога велеле дека земјата е рамна.
Поентата со атеистите во заблуда ми е дека ти е имаат став дека бог не постои и можноста да не е така е 0%.
Што според мене е ограничен поглед на светот.
Поради тоа јас викам не верувам се додека не ми го докажеш спротивното..
Добро, ако навлегуваме во вечната дебата за тоа дали постои бог или не постои ќе треба да испишеме преку сто страни.Секој има право на свое мислење и немам ништо против тоа.Но, поентата на сите разговори ми беше дека многу полицемерно е некој „верник“ да ме бележи мене како грешник зошто и самиот он е поголем грешник и лицемер спрема неговата вера; јас барем истапувам храбро и велам дека Бог не постои.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Контрадикторен си, и тоа многу.Од една страна пишуваш дека не сме совршени, а од друга страна пишуваш дека е можно да станеме совршени иако знаеш дека сме далеку од совршенството зошто сме грешници?!Јас ти велам дека не е можно.Тоа се докажало низ примери од историјата.Веќе две илјади години човекот не е совршен, а нема ни да биде.

.

Воопшто не е можно да се постане вистински совршен се’ додека - со збор или со дело - се негира Милоста (Мудроста) БОЖЈА, Чија Крв е чиста и незаслужена Прошка и чие Тело е чиста и незаслужена Љубов!

Сите (теисти и атеисти) коишто се сметаат посовршени од другите или дури се сметаат за совршени и истовремено Ја негираат Милоста (Мудроста) БОЖЈА - и она што Совршениот БОГ пред 2000 години ни го дари во нејзината прачиста Инкарнација на Голгота - таквите “совршеници“ засигурно се подалеку од Вистинското Совршенство, подалеку дури и од најголемите грешници кои ги мразат и се каат за своите гревови, но во ниеден случај не Ја отфрлаат Вистината!

Милоста БОЖЈА (Христос) е Вистината и најголемиот Дар воопшто!

Сваќаш ли сега Кој бил, Кој е’ и Кој ќе биде Каменот на сопнувањето на патот кон Вистинската Совршеност?

Го сваќаш најголемиот грев?

Се’уште контрадикторно?

.
Зашто, Словото Божјо е Живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.

(Еп.Евреи 4:12)

.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Брате секој што дава таков одговор е д*бил(no offence meant to that person).На светов не постојат глупи прашања или како што велеше едно другарче мое ако прашаш ризикуваш да испаднеш глупав 2 минути,а ако не прашаш ќе останеш глупав цел живот.
Сега кажи ми дека не сум во право за да знам дали разговарам со маж или со петгодишно дете.
Абе ако не веруваш како може да е грев? :tapp:
Сега јас мислам дека зборам со 5 годишно дете.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Абе ако не веруваш како може да е грев? :tapp:
Сега јас мислам дека зборам со 5 годишно дете.
.

Има знаени и незнаени гревови!

Тоа што грешникот не знае за сопствениот грев, незначи дека неговиот грев не е грев!

Ставија Милоста (Мудроста) БОЖЈА на прво место од својот живот и не се прави попаметен од тоа што си!

Поздрав

И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Вистина ви велам, ако не се промените и не бидете како деца, нема да влезете во Царството Небесно ...

(Матеј 18)
.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Не е грев. Кратко и јасно!
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
.

.

Така размислува секој краток ум и секој како боза јасен дух!

.
И сеа да ти купам точак или тротинет? Значи не ме цитирај за вакви дебилни работи бе, јас си кажав што мислам, а ако е различно од твоето мислење можеш слободно да одјебеш!

Чао,пријатно ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom