Дали гордоста и достоинството се поврзани?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што мислите дали достоинството и гордоста се поврзани?
Дали ако немаш гордост, немаш достоинство?
Дали има сличност меѓу нив?
Или сепак се работи за истата работа?

Што е достоинството, а што е гордоста?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ima gordi bez dostoinstvo
i dostoinstveni bez gordelivost
najdobro e i dostoinstveni i gordi (ne gordelivi)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не се поврзани. Баш напротив, се косат едно со друго.

Горд човек не може да си погледне подалеку од носот и да мисли на нешто друго освен на своето бедно јас. Затоа, истот е склон на злоба, садизам, неморал и слични девијации, кои, залудно, се надева дека ќе го издигнат. И таквите негови постапки се далеку од достоинствени. Тие се ниски, јадни, безначајни.
Едноставно, горд човек, е роб на своето его. А, роб не може да биде достоинствен.

Додека пак достоинствениот човек умее да прости, да разбере, да погледне подалеку од себе, да даде, да љуби. Да љуби и прифати нешта кои се поголеми од неговото кутро јас. Да ги надмине своите инстинкти и себични потреби. Да излезе од ропството на егото и да се ослободи од канџите на егоцентризмот и неморалот. Па, како слободен човек, со достоинство да го изоди својот животен пат.

Инаку, да бидеш горд е многу, многу полесно од тоа да бидеш достоинствен.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Постои голема разлика помеѓу овие два поими. Достоинствен е оној човек кој држи до себе, и своите одлуки, едноставно е човек од збор, како што би рекле. Гордоста е повеќе поврзана со егото, со своето јас, и сосема е во ред човек да биде горд на себе, но не подалеку од границите на нормалата. КОга ќе ја надмине таа граница тоа е веќе претерано, усилено, кога ќе почне да се преценува себеси и можеби да ги омаловажува другите. Тоа е кога ќе дозволи поради гордоста да прегази многу други поважни работи во животот, како што е на пример љубовта. А таков човек кој дозволил гордоста да го надвладее ќе дозволи и таа да го уништи. Наспроти тоа, достоинствен човек е човек со вистински морални вредности, тоа е нешто што секој човек би требало да биде. Разликата е во тоа што премногу гордост може да му наштети на човека, во смисол да го промени во негативна насока, додека пак достоинственоста никому не може да наштети, напротив тоа е нешто кое треба сите да го имаат. Мислам дека во најчести случаи оние кои немаат достоинство немаат ни гордост и спротивно па затоа и овие два поими се поврзани и се поистоветуваат едни со други.:helou:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Што мислите дали достоинството и гордоста се поврзани?
Дали ако немаш гордост, немаш достоинство?
Дали има сличност меѓу нив?
Или сепак се работи за истата работа?

Што е достоинството, а што е гордоста?
Достоинството и гордоста се во блиска сродност една со друга, меѓутоа се и доста независни една од друга.
Како особини, би рекол дека се доста позитивни. Меѓутоа гордоста во прекумерна мера е доста себична карактеристика на луѓето.
Достоинството е храна на егото, која колку и да сакаме да ја внесуваме во организмот, едноставно се внесува онолку колку што треба.
Егото никогаш не е задоволено од достоинството, но никогаш не е ни преплавено со оваа состојба.
Гордоста е задоволство кое може да си го пружи секој еден кој постигнал нешто во животот. Тоа е лек за падовите кои сме ги имале во минатот.
Мислам дека се работи за две сосема различни работи, кои, како што веќе кажав, меѓусебно се надополнуваат, но се доста независни.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Кога некој малку е збунет во однос на тоа кој е и колку вреди и нема видливи показатели оставени позади себе, а сака да прикаже дека направил нешто по кое треба да се цени и почитува како личност, тогаш сите недостатоци и сопствени неостварености ги прекрива со наметливата гордост и самоистакнување.

Кога некој знае кој е и колку има позади себе и притоа е свесен дека другите знаат кој е и не се расфрла со сопствената личност во секој муабет може да стане збор за достоинственост.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Гоедоста и достоинството се две засебни работи. Првата е да си горд на тоа што си, а втората е чесно и донстоинствено пристапување на животот.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Токму така Буцио, всушност гордоста често доаѓа нешто како одбранбен механизам но којзнае, може има и позитивна гордост што би била нешто како достоинство во суперлатив, кое ако го имаш го имаш, да го глумиш не можеш. Или е тоа достоинство а јас премногу недостоинствени луѓе гледам?
 
М

Мрак

Гостин
Оние кои имаат достоинство никогаш не би рекле нешто и би направиле кое гордиот човек би го направил.Да имаш достоинство значи да умееш да пргледаш кон одредени работи,што викаат некои:и да те нервира некој,да не навреди ти ќе си бидеш достоинствен и нема да паѓаш ниско за да му вратиш.
Некој горделив пак нема достоинство и е обратно од примерот за достоинствениот човек.Тој никогаш нема да свати дека треба понекогаш да истолерира,дека не е се како што тој мисли итн.Многу заебана работа е тоа.
Најдобро е да бидеме горди на тоа што сме,горди на себеси но да бидеме и досдтоинствени и одредени работи да ги прифатиме,никогаш да не дозволиме да паднеме ниско до некое идиотско ниво :helou:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
според мене тие две работи се слични, само достоинството значи самопочитување, а гордост, повеќе од самопочитување, гордост е кога знаеш дека си направил нешто големо за тебе и се гордееш. барем така нешто. според мене.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
И најголемата будала може да биде горда на себе и своите глупости, без разлика што со своите глупости го губи достоинството. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom