.........
....Како што и самите знаете полна деценија трајат напорите целото Балканско полуострво да се стави под контрола на некои западни сили. Голем дел од таа работа е веќе завршен со воспоставување на марионетски влади во некои земји, со претворање на тие земји во земји со ограничен суверенитет или лишени од секаков суверенитет.
Поради нашиот отпор против таа судбина на нашата земја, ние бевме изложени на сите притисоци со кои во современиот свет луѓето можат да бидат изложени. Бројот и интензитетот на тие притисоци растеше како што времето проаѓаше. Своето искуство во втората половина на дваесетиот век кое големите сили го имаат во рушење на влади, предизвикување на немири, предизвикување на граѓански војни, комромитирање и ликвидирање на борците за национална слобода, донесување на народите и државите на работ на сиромаштијата - се тоа е применето на нашата земја и нашиот народ.
Се организираат хајки на нашата земја и народ, затоа што нашата земја и народ се бариера за воспоставување на целосна доминицаија на Балканскиот полуостров.
Една од битните задачи на марионетските власти во секоја земја, па и во нашата, доколку би ја имале, е губењето на идентитетот. Земјите на кои се командува од страна, релативно брзо се разделуваат од својата историја, од своето минато, од своите национални симболи, од своите навики, често и од сопствениот книжевен јазик. Невидлива на прв поглед, но многу ефикасна и немилосрдна селекција на националниот идентитет би се свела на национални јадења, неколку песни и ора, имиња на националните херои натакнати на прехрамбрени производи и козметички средства.
Една од навистина несомнителните последици од запоседнување на териториите на некои земји од страна на големите сили во дваестиот век е поништувањето на идентитетот на народот кој живее во таа земја. Од искуство на другите земји се гледа дека народот едвај е во состојба да ја прати брзината со која почнува да употребува туѓ јазик како свој, да се идентификува со туѓи историски личности заборавајќи ги своите, да ја познава книжевноста на својот окупатор подобро од својата книжевност, да ја глорификува туѓата историја често смеејќи се на својата, да се восхитува на други место на себе... Губењето на националниот идентитет е најголем пораз на една нација, а тоа не може да се избегне во современиот облик на колонизација. Освен тоа, тој нов облик на колонизација го исклучува, веќе по својата природа, секој услов за изразување на мислење, воспоставување на волјата, а особено ја исклучува можноста за творење од било каков вид.
Особено сакам да нагласам, поради младите луѓе, интелектуалците, научните работници, дека земјите лишени од суверенитетот се по правило лишени и од правато на творење, а особено на творењето во областа на науката. Големите центри, големите сили го контролираат научното творење, ги контролираат успесите и одлучуваат за примената на тие резултати. Зависните држави, доколку имаат научни лабаратории и научни институти ги немаат како свои самостојни субјекти, туку како одделенија на една централа која им контролира се, а особено достигнувањата во создавачката т.е. творечка мисла и работа. Тие достигнувања мораат да се движат во граници кои во окупираната земја и кај окупираниот народ нема да внесат семе на побуна или еманципација.
Граѓаните се должни да знаат дека со учество во субверзијата чива цел е надворешна доминација над нивната земја, сносат историска одговорност за укинување на правата на својата земја да постои, но сносат и одговорност и за губење контрола над сопствениот живот. Со препуштање на својата земја на други, на друга воља, го препуштаат исто така на туѓа воља и сопствениот живот и животот на своите деца.
Сметав дека како моја должност е да ги предупредам граѓаните на нашата земја на последиците од активностите кои ги финансираат и подржуваат владите на земјите од НАТО алијансата. Граѓаните може да ми веруваат и не мораат да ми веруваат. Мојата желба е да не се уверат касно во моите предупредувања, да не се уверат дури тогаш кога ќе биде тешко да се исправат грешките кои граѓаните во својата наивност, површност или заблуди самите би ги направиле. Тие грешки тешко ќе се отстрануваат, а некои можда нема да можат никогаш да се отстранат...............
.....................