Дали би се одлучиле да бидете самохран родител?

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Во денешницава, кога многу работи во однос на бракот се изменети и многу предрасуди надминати ме интересира дали би одлучиле да бидете самохран родител? Значи, сте ги предвиделе сите работи, сите позитивни и негативни страни и одлучувате дека нема да живеете со партнер во брак или било која друга заедница, а сепак сакате дете. Дали ќе биде вештачко оплодување или договорно - не е битно, битно сте одлучиле сами да го одгледувате.
За оние кои би се одлучиле:
Дали мислите дека сами ќе може да му пружите достоен живот (материјално и психички)?
Ќе влијае ли вашата одлука врз детето понатаму во животот? Ќе можете ли да ги надминете реакциите на околината?
На крај, под претпоставка сите одговори на прашањата да се потврдни, нема ли сепак, да биде егоистична одлука?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Би се одлучила само во случај да не „успеам“ да се омажам, а веќе сум во години, сакам да имам дете, а биолошкиот часовник ми отчукува. Ако сум толку очајна за дете, времето си врви и се скратува, а јас никако не можам да наидам на „соодветен“ човек со кој би имала дете, веројатно би се одлучила на ваков чекор. Мада и ова е една од оние теми „што би било кога би било“, на кои никогаш нема точен одговор. :) Едноставно е невозможно да се знае со сигурност, се додека не се најдам во таква ситуација.

Сепак е најдобро детето да расте крај татко, дури и да не се родителите во брак, туку во вонбрачна заедница, врска, разведени, или дури и да одлучиле по пат на договор да направат заедничко дете без да се во никаква врска (има и такви случаи), сепак да биде присутен и вториот родител (таткото) во животот на детето, зошто, освен ако животни (не)прилики не ве спречат во тоа, од исклучителна важност е детето да расте како со мајчина, така и со татковска фигура.

И мислам дека се еднормно ретки луѓето што ОДЛУЧУВААТ да бидат самохрани родители. Најчесто не се работи за одлука, туку за немање избор, за „игра на случајот“.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Сепак е најдобро детето да расте крај татко, дури и да не се родителите во брак, туку во вонбрачна заедница, врска, разведени, или дури и да одлучиле по пат на договор да направат заедничко дете без да се во никаква врска (има и такви случаи), сепак да биде присутен и вториот родител (таткото) во животот на детето, зошто, освен ако животни (не)прилики не ве спречат во тоа, од исклучителна важност е детето да расте како со мајчина, така и со татковска фигура.
Јас колку што прочитав, темава е за „самохран родител“, а не за „самохрана мајка“ така? Знаете ли вие дека постојат голем број на случаи, кога самохраниот родител е таткото? Без разлика дали тоа се должи на смрт на мајката или од некои други причини (а верувај, има и мајки кои ги отфрлаат нивните деца и си одат). Е ај сега кој е „прв“ а кој „втор“ родител...
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Претпоставуваме, Psy, претпоставуваме, се` додека нештото не се случи или се случи - се` е претпоставка. :)
Мене ме интересираше какво е вашето размислување во онаа фаза во животот во која сте моментално.
Моето се менуваше на секој нов роденден. :wink: На 16 бев убедена дека ќе си имам дете и сама ќе го одгледувам. :pipi:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Јас колку што прочитав, темава е за „самохран родител“, а не за „самохрана мајка“ така? Знаете ли вие дека постојат голем број на случаи, кога самохраниот родител е таткото? Без разлика дали тоа се должи на смрт на мајката или од некои други причини (а верувај, има и мајки кои ги отфрлаат нивните деца и си одат). Е ај сега кој е „прв“ а кој „втор“ родител...
Кире Велики, нешто се збуни! :smir:
Не станува збор за самохран родител кога ќе почине другиот или при развод. На темава дискутраме за живот само со еден родител, значи другиот не постоел никогаш.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Кире Велики, нешто се збуни! :smir:
Не станува збор за самохран родител кога ќе почине другиот или при развод. На темава дискутраме за живот само со еден родител, значи другиот не постоел никогаш.
Ааа мхм...Се извинувам тогаш на постот, погрешно сум ја разбрал (или погрешно била дефинирана) темата. Ќе се повлечам од коментирање.

Благодарам на разбирањето.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Затоа што одлучуваш да нема друг родител.
Одлучуваш никогаш да не му дадеш шанса на другиот да биде родител.
Улогата и значењето на родителите не би ги дискутирала, наведе погоре Псај, а и на други теми е разглабано.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Мислам дека вродена особина е кај нормалниот човек да го гледа своето чедо како е среќно и расте покрај двата родители. Колку и да газиме во некое модернизирано и современо општество, во кое емоциите се избегнуваат , луѓево се во голема заблуда кога сосема свесно и трезвено раѓаат деца преку епрувета или со избран сурогат.
Ако околностите наведуваат за самохраност, тоа е веќе друга работа.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Башка другиот момент кога родителите се надополнуваат при извршување на обврските. Кога би бил/а сам/а тогаш ја нема подршката од другиот и треба навистина целото време да го посветиш на детето.
Знам дека истото ова го нема и при развод на брак или смрт на другиот родител, ама ми се чини некако полесно е во тие случаи, има подршка од семејството и роднините на другот родител.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
јбг...ако се мора...фала богу како секоја разумна личност, првин ке побарам партнерка која би ме прифатила со деца (а не ми се верува дека таква не постои) а на крај краева и самохран родител ке останам...

:nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:

абе чекај јас да напунам 18 прво....
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Затоа што одлучуваш да нема друг родител.
Одлучуваш никогаш да не му дадеш шанса на другиот да биде родител.
Улогата и значењето на родителите не би ги дискутирала, наведе погоре Псај, а и на други теми е разглабано.
Во случајот каде партнерот е искористен само за свои цели е егоистично и подло,но додека од некои други х причини остене девојката сама го оправдувам.

п.с.колку разбрав темата се зборува само за девојки.Или?
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Во случајот каде партнерот е искористен само за свои цели е егоистично и подло,но додека од некои други х причини остене девојката сама го оправдувам.

п.с.колку разбрав темата се зборува само за девојки.Или?
Не е наменета само за девојки, иако само по себе некако повеќе асоцира само за девојки. Иако за случаи кога жени се одлучиле на ваков чекор има примери во Македонија, али не знам за ваков случај кај нас кога таткото се јавува во оваа улога.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не е наменета само за девојки, иако само по себе некако повеќе асоцира само за девојки.
Асоцира на девојки затоа што поверојатно е маж да и донира сперма на жена (при секс или по пат на институции), отколку жена 9 месеци да носи бебе за после породувањето да му го „препише“ на мажот, според нивниот заеднички договор.


Јас колку што прочитав, темава е за „самохран родител“, а не за „самохрана мајка“ така? Знаете ли вие дека постојат голем број на случаи, кога самохраниот родител е таткото?
Знаеме, ама конкретно во мојот пост и мојата хипотетичка ситуација, би имало потреба од татко зошто јас би била самохраната мајка, зошто сум жена.:) Затоа и зборев за недостаток од татко,а и поради погорниве причини.

Во случајот каде партнерот е искористен само за свои цели е егоистично и подло,но додека од некои други х причини остене девојката сама го оправдувам.
Па не е толку егоистично за партнерот колку што е за детето. Децата се најранливи и највеќе ќе страдаат во ваков случај.

А и искрено не можам да се сетам на некоја причина зошто жена би се одлучила на ваков чекор. Зошто едноставно да не го направи тоа како и сите други и природно да основа заедница на мајка, татко и дете?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom