G
galaxy
Гостин
Навистина немам време да го пишувам ова. Ова би требало секој да го знае.Preporacaj mi
--- надополнето: Sep 8, 2011 11:53 AM ---
Kaj gresam,kaj radijacijata,kaj aurata na site zivi bitija...ili ti si mozda od tie sto ja pobivaat gravitacijata...kako nepostoecka?
Kazi zasto gluposti.
deki me prasa,si mu odgovoriv,vo inbox.
A ne brate da pukaat seir.Ako nisto povise biraj zborovi.
ps.s ili SAKAS da ti odgovoram i od tipot ,prosvetli me (?!)
Ти го опишувам ова зашто мислам дека си интелигентна и не треба да живееш во таква заблуда. Сепак мислам дека се зафркаваш кога кажуваш дека веруваш во хороскопот.
Ќе пробам. Ќе извиниш ако прочиташ несредени мисли.
Прво не оспорувам дека милионите вселенски тела имаат ефект врз нивното опкружување, со нивната гравитација, радијација (како што велиш ти).
Ама, замисли ние сме толку мали на оваа планета што кој и да било ефект нема влијание врз нас.
Луѓето, предметите околу нас во времето на раѓање и во текот на нашиот живот имаат поголема гравитација и влијание врз нас отколку марс и месечината.
Второ, и да има некој ефект, тој треба да се докаже со испитувања кои ќе вклчуваат илјадници луѓе, родени во буквално секој час од една години, во буквално секои место на планетава (нели овие фактори имаат влијание врз хороскопот) и буквално секоја нивна психолошка карактеристика треба да биде испитана и да се даде одговор какви се луѓето родени таму и таму, тогаш и тогаш.
Секое друго тврдење на хороскопот кое е направено илјадници години претходно и по кое се водат сегашните „гледачи“ е погрешно.
Замисли, овие фактори според кои се прави хороскопот денес се воведени пред стотици години, и не се направени врз некое истражување, туку на секоја планета и` давале персонификација, како да е личност, и според неа се давале карактеристиките на личноста која е родена во тој знак.
Трето, соѕвездијата не се планетарни тела, туку ние ги креираме. Секоја ѕвезда е посебна, како може сите заедно на дејствуваат?
Четврто, зошто моментот на раѓање е толку важен во хороскопот? Зошто не е моментот на зачнување? Што се случува толку важно во моментот на раѓање што прави ефект врз нашето тело, или мозок, за подоцна да има влијание врз целиот наш живот.
И зошто тогаш планетите во одреден момент од годината би влијаеле само на оние што се родени во тој знак? Нели влијаат на сите кои се наоѓаат на некоја локација.
На пример како Марс во одреден период ги класифицира луѓето родени во знакот на водолија и им носи среќа (или не знам што таму може да носи, мир можеби), а на оние што се родени во знакот на јарец, на пример, им носи несреќа?
Овие луѓе се наоѓаат на иста локација, и сепак хороскопот вели дека Марс ( на пример) на секој од нив делува различно.
Петто, астрологијата се темели на тие планети и соѕвездија кои биле познати во тој период, откриени се уште илјадници, милиони нови. Зарем тие немаат влијание?
Има уште многу аргументи зошто е глупаво, пред се` да се мисли дека астрологијата може нешто да погоди од психологијата на личноста и од иднината на личноста. А да не зборувам да се верува и да се следи и чита хороскопот.
Вакви аргументи се пишувани милиони пати само на овој форум.
Побарај поназад, побарај на гугл.
Јас се чудам како може некој пресметлив човек кој ги открил тајните на интернетот, кој знае да чита, да пишува, да се регистрира на форуми, кој знае да гледа телевизија, кој одел во училиште минимум 12 години, да верува во хороскоп.
Ај да се верува во религија, тоа сфаќам, таа се занимава со надприродното, и не е голема штета за личноста и нејзиниот интегритет и интелект да се верува во нешто што не е емпириско. Ама во хороскоп, кој како математиката, е толку пресметлив, тоа е чиста неинформираност.
Те молам дај ми до знаење ако овој текст те поттикна да прочиташ нешто повеќе, да најдиш повеќе докази, дека разниша некое твое верување во хороскопот. Не сакам да мислам дека го пишував залудно.