Дали БЦ и СДС се вистинските лидери на Албанците во Македонија?

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Ако се анализираат досегашните дела на СДС и БЦ, ќе се види дека тие се целосно направени во полза на албанската кауза.

Во периодот на 1993 -1995 г., кога СДС беше на власт, масовно се делеа државјанства на косовари, ѓоа тоа беа рекламни флаерчиња. 220.000 косовари добија македонски државјанства. Со тоа се измени етничкиот состав на Македонија и земјава од држава на македонскиот народ се престори во држава на етнички заедници. Тоа беше и за очекување, оти СДСовците уште од самото осамостојување на Македонија трубеа по цел свет дека Македонија е мултинационална држава, а не национална држава на Македонците, според Уставот до 2001 г., кој патем требаше да биде почитуван и бранет од страна на СДС.

За време на војната 2001 г., СДС и БЦ го обвинуваа бугарашот Љубчо, дека сака да ја подели Македонија и да ја припои кон Бугарија. Се испостави дека бугарашот Љубчо се залагаше да ги даде Тетово, Гостивар и само градот Дебар (селата се предлагаше да останат во Македонија), а останите места да останат чисто македонски, додека СДС покрај Тетово, Гостивар и Дебар, ги даде и Струга, Скопје, Кичево, оп. Другово и оп. Чашка . На крај видовме дека еден бугараш Љубчо, сепак многу подобро мислел на иднината на Македонците, кој дури предлагаше “берлински ѕидови“ да ги делат Македонците и Албанците, за да не се албанизира македонската земја, за разлика од СДС.

Нели, зборовите не даваат претстава за партиите, туку делата, па политиката на СДС - БЦ откако “увезе“ четвртина милион косовари, ја албнизира дополнително пола Македонија (Струга, Кичево, општина Долнени, општина Чашка и градот Скопје) со новата територијална поделба. И наместо локалната самоуправа да им го обезбеди загарантираното право на самоуправување на Македонците од западна Македонија, каде што се малцинство, СДС донесе закон за општински граници со кои Македонците се мајоризирани од Алхбанците. Не требаше да се биде некој политички аналитичар и да се предвидат масовните преселби на Македонците од тие места. И така се стори.

Ако ги собереме овие “резултати“ на СДС и политиката на БЦ, се доаѓа до заклучок дека тие направија најмногу за албанската кауза и албанизација на Македонија, она што не можеа да го сторат ниту качаците од Отоманско време, ниту балистите од 1941 г. или пак ОНА/АНА или пак било која албанска партија во Македонија.

Секој ќе се запраша зошто СДС е албанофилска партија, која се крие зад параванот на декларативна “просрпска“ политика, за да го привлече србоманското гласачко тело, а реално работи за албанските интересите????

Можеби се премногу мекуши, без македонска национална свест со ограничен интелект и даваат се` што другите ќе им побараат, само за да бидат на власт, па не се свесни за своите постапки???

Дали поради тоа што БЦ потекнува од можеби православна албанска фамилија?! Според податоците од МАНУ и д-р Бранислав Ристиќ, најстариот познат предок на БЦ бил Нич од село Закамен (Епир, Албанија), кој ја предводел фамилијата во преселбата од Албанија во Македонија. Прво се преселиле во с. Црвена Вода, па од таму надимакот Црвенкови. Нич имал син Јон. Тој Јон ја преселил фамилијата во Слатино. (Фокус, стр. 37, 23/02/2007, број. 608). .

Дали пак поради тоа што во раководните структури на СДС можеби има православни Албанци, а познато е дека тие се прават Власи, но реално не се Власи, туку прави Албанци?

Дали пак тоа е резултат на присуство на можни гркофилски структури во СДС, кои можеби ја спроведуваат политиката на Грција, која пак е насочена кон албанизација на Македонија и со тоа уништување на македонскиот народ? Нели Дора Бакојани даваше изјави каде спомна едно ново измислено малцинство во Македонија, грко-влашко?! Кога ќе се види колку Власи има во раководството на СДС, секој паметен Македонец ќе се запраша да не има меѓу нив и некои гркомани, кои Грција ги смета за свои “грко-власи“?!

Ние за ова прашање ќе дискутираме многу долго и нашироко, но мислам дека реалните причини за албнофилството на СДС ќе се откријат за 40-50 години, кога нивната политика ќе направи далекусежни непоправливи штети по македонските национални интереси.

И на крај ќе се запрашеме што направи СДС за Македонците во меѓувреме? Не обврзаа да преговараме за нашето национално име, од народ не претворија во етничка заедница, не` селат со нивните антимакедонскиз акони од западна Македонија, бараат да прифатиме се` што бара Грција, а тоа е деноминација на нашиот идентитет и јазик... Личи ли ова на партија за која треба да гласа некој етнички Македонец?
 
C

cige

Гостин
БЦ се би направил за да се дојде до пара.
Патриотизам нула, материјалист, пијаница, шмркач.
 
Z

ziko bt

Гостин
Па ако мислиш дека секој етнички Македонец е ВМРОвец, тогаш работава е и за плашење. :toe:
maslo na vmrovcite e a ako e vistina togas e drugo dvajse:toe:jas pred se sum makedonec a posle clen na partija a jas si kazav svoe mislenje cisto ocrnuvanje:toe:
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
maslo na vmrovcite e a ako e vistina togas e drugo dvajse:toe:jas pred se sum makedonec a posle clen na partija a jas si kazav svoe mislenje cisto ocrnuvanje:toe:

Ај кажи дали не изврши и врши СДС албанизација на Македонија?
Треба ли да го фалам СДС јас за тоа?
Што не е точно од тоа што сум напишл?

П.С. Ако се цени по името, ти си Македонец, колку што сум јас Влав. :jaj:
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Интересна анализа, во најмала рака, браво битушанец.....
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Ако може авторот да каже кој му е крајниот заклучок од анализата - Албанци, Грци, Срби или Власи се СДСМ? Јас не сфатив. :icon_lol:
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Izvini sto se mesam,no spored koja fucking logika go iskopa zaklucokov???:nesum:
Според грчката пропаганда. Кога етничките Македонци не сакаат да се грчат или да бидат покорни на Грција, веднаш им лепат етикета “бугари“, вулгарите пак на свесните Македонци им лепат етикета “србомани“, србите пак лепат етикета “бугараши“. И така, јас за србите сум бугараш, за бугарите сум србоман, а за гркоманите- воулгар, оти сум национално свесен Македонец, кој не може да биде манипулиран ниту од грците, бугарите, србите и никој не може да ме колеба во мојата македонштина:helou:

Ако може авторот да каже кој му е крајниот заклучок од анализата - Албанци, Грци, Срби или Власи се СДСМ? Јас не сфатив. :icon_lol:
И не треба да сватиш.

Треба да дискутираш. :toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.243
Поени од реакции
18.057
Уште една порачана тема за да има глупава ВМРО-СДСМ дискусија.

Овие спам теми не ги ни читам, ама последно толку многу ги има, што ја загушија првава страна во Политика.

Мислам дека треба да се превземи нешто.


До кај е таа идеја да се прекрсти ПОЛИТИКА -> БЕРБЕРНИЦА, па да има барем салам заебанции на вакви теми.
 
P

Princ

Гостин
Ја започнуваме повторно темава. Избришав многу мислења за да останеме онтопик.
Сакам да прочитам силни издржани ставови а не обвинувања меѓусебни. Фактите се побиваат со факти а не со обид за симнување на интегритетот на другиот.
Офтопикот се казнува, како и од секогаш.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
271
Поени од реакции
42
Уште една порачана тема за да има глупава ВМРО-СДСМ дискусија.

Овие спам теми не ги ни читам, ама последно толку многу ги има, што ја загушија првава страна во Политика.

Мислам дека треба да се превземи нешто.


До кај е таа идеја да се прекрсти ПОЛИТИКА -> БЕРБЕРНИЦА, па да има барем салам заебанции на вакви теми.

da.treba nesto da se prevzeme.
ovie klo(v)novite gi unishtuvaat temite.
neka si napravat nekoj svoj forum.
neka si napravat botovi za da im e pointeresno i neka si polemizirat do bessvest!
em na Makedonija ke napravat usluga,em na forumdjiite ovde,em ke prodolzat da si zemat plata...em volkot sit,em ovcite na broj! :toe:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.556
Поени од реакции
278
Интересна анализа, во најмала рака, браво битушанец.....
Bravo,po agrarna analiza i logika ne sme prochitale.Tipichnen post-narachka na dpBne vo panika i frustracija.Ni fakt ni logika.

Ако може авторот да каже кој му е крајниот заклучок од анализата - Албанци, Грци, Срби или Власи се СДСМ? Јас не сфатив. :icon_lol:
Ne nego po najnova portokalova verzija sega SDSM se fashisti i albanci koga vlasta nema shto da stori drugo pushtaat od nivnite kadri nekoj kako bitushevci da shlaknat po forumi pa shto e bitno dali e toa taka dali SDSM se fashisti,rasisti ili albanci,tie kje si go povtoruvaat toa i veruvaat vo toa.
 
P

Princ

Гостин
SuicideMessiah, може да прочитам твој пост од 100 реда во кој со факти и докази ги демантираш наводите на bitushanec? Смешно (и според мене офтопик) е некому да му ја демантираш анализата со коментар у стилу "пост нарачка на дпБне".
Ако не можеш да ми го дадеш тоа што го барам од тебе (а тоа е само фер игра, на анализа со анализа се враќа) тогаш прескокни ја темава (ти и секој друг со ваков сличен пристап) за да не бидеш принуден да ја прескокнеш.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.556
Поени од реакции
278
SuicideMessiah, може да прочитам твој пост од 100 реда во кој со факти и докази ги демантираш наводите на bitushanec? Смешно (и според мене офтопик) е некому да му ја демантираш анализата со коментар у стилу "пост нарачка на дпБне".
Ако не можеш да ми го дадеш тоа што го барам од тебе (а тоа е само фер игра, на анализа со анализа се враќа) тогаш прескокни ја темава (ти и секој друг со ваков сличен пристап) за да не бидеш принуден да ја прескокнеш.
Prvo kazhuva za toa deka SDSM najmnogu napravile za albanskata kauza,zakluchok...Branko e Albanec... VO ISTO VREME, dodeka vrshele albanizacija, se zalagale za srpskite interesi :) <--- Kade e logikata?! Od druga strana, vo SDSM imalo grko-vlasi.Kasha popara!!! E zatoa temava site neseriozno ja svatile!Ostanuva zakluchok za toa deka SDSM se ne Albanci, ne Grci, ne Srbi, ne Bugari, tuku MAKEDONCI!Konfuzijata vo tekstot samo go potvrduva ova.Znachi kraen epilog ako nekoj ne ja svati temata seriozno togash znachi ne e do nego tuku do avtorot.

На крај видовме дека еден бугараш Љубчо, сепак многу подобро мислел на иднината на Македонците
Koja idnina bre bitushe?Da se pripoi Makedonija so Bugarija ili Skopje so Sofija?Potoa chudi se koga kje ti kazhat deka imash probugarski tezi.
 
P

Princ

Гостин
Пази, пак ми мрчиш. Ама јас сум посебно фин дечко ко никој друг па ќе ти дадам уште една шанса да се поправиш и ќе одам збор по збор деманти со факти да го побиеш bitushanec. Батали СДСМ, не ме интересира. Bitushanec во првите 2 реда вели
Во периодот на 1993 -1995 г., кога СДС беше на власт, масовно се делеа државјанства на косовари, ѓоа тоа беа рекламни флаерчиња. 220.000 косовари добија македонски државјанства. Со тоа се измени етничкиот состав на Македонија
многу јасно, дури и за мене. Побиј го ова па ќе одиме на наредното. Ама побиј го со факт, со извадок од медиум, што ти знам јас таму со што, снајди се. Само не со тресење на уште една глупост и обид да ја отераш темата во аут. Внимавај како ќе ми реплицираш нареден пат, сакам факти, издржани муабети.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.556
Поени од реакции
278
De bre ostaj me da se naspijam :) Ajde utre kje imash izdrzhani muabeti i repliki.Pozdrav :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom