Како ќе го објасниш тогаш феноменот дека телото е полесно за 21 грам одма по настапување на смртта?Не постои душа во права смисла на зборот...т.е. нема нешто кое што многумина го нарекуваат душа кое после смртта го напушта телото и продолжува да живее. Според мене душата (ако може така да се нарече) е ништо повеќе од самиот карактер на човекот и неговиот идентитет, но не постои како нешто одделено од нашата телесна градба, туку и тоа е дел од нас и умира тогаш кога ќе престане да работи механизмот на нашето тело, т.е. после смртта. Во кратки црти, постои само тело, а душата живее некаде сместена и дефинирана како таква само во митологијата.
Како прво...Студирам филозофија + Платон го знам многу подобро од што можеш да замислиш и воопшто не ми се допаѓа неговата филозофија. Можеби е добар само кога зборува за политиката и етиката ама филозофијата со неговите бесмислени сенки, и светови на идеи, се чисти глупости.Како ќе го објасниш тогаш феноменот дека телото е полесно за 21 грам одма по настапување на смртта?
Од философски аспект, поточно Платоновски аспект, душата е она вистинското, вечното. Телото е само нејзин привремен затвор. за повеќе читајте го Платон
Искрено првпат среќавам некој што студира философија, го познава Платон и зборува за неговото учење дека е бесмислица, обично тоа го слушам од лаици. Разбирам да не се согласуваш со неговите учења ама бесмислица??? Чудно!Како прво...Студирам филозофија + Платон го знам многу подобро од што можеш да замислиш и воопшто не ми се допаѓа неговата филозофија. Можеби е добар само кога зборува за политиката и етиката ама филозофијата со неговите бесмислени сенки, и светови на идеи, се чисти глупости.
А што се однесува до феноменот за тоа дека телото е полесно за 21 грам по настапувањето на смртта, ќе го објаснам многу лесно. По пат на чиста логика...Ако телото и душата се различни по содржина, и доколку телото е материјално...душата може да биде сето друго останато, само не материјална. И кога телото умира, а душата го напушта истото...постојат 100000000 други фактори околу тоа зашто телото е полесно за 21 грам, во кои фактори не може никогаш да спаѓа душата, од проста причина што во тој случај душата би била ништо друго освен материјална, а тоа е најпроста противречност за разглабање. Доколку пости душа (а не постои!), тогаш таа не би можела да биде материјална.
Благодарам!
И ти, познаваш и реагираш на физичка болка и физички дразби само, чувствата не постојат, само хормони и физички потреби, така? Бидејќи телото е материјално, што значи има потреба само од материјални ствари, па според тебе човекот го ставаш на исто ниво со обичен производ кој има рок на употреба и после тоа иде во канта. Или и за тоа имаш логично објаснување? :smir:Не постои душа во права смисла на зборот...т.е. нема нешто кое што многумина го нарекуваат душа кое после смртта го напушта телото и продолжува да живее. Според мене душата (ако може така да се нарече) е ништо повеќе од самиот карактер на човекот и неговиот идентитет, но не постои како нешто одделено од нашата телесна градба, туку и тоа е дел од нас и умира тогаш кога ќе престане да работи механизмот на нашето тело, т.е. после смртта. Во кратки црти, постои само тело, а душата живее некаде сместена и дефинирана како таква само во митологијата.
Токму така, човекот го ставам како производ кој има рок на траење, и кога ќе му помине рокот, тој буквално е фрлен во канта...Не верувам во задгробни животи...Не верувам во никакви рајеви ни пеколи после смртта на човекот. И понатаму продолжувам да го задржувам ставот дека душа не постои во права смисла на зборот...Верувам во една сопствена теорија која ми кажува дека - после смртта ќе биде исто како пред да си се родил, и не гледам причина да верувам дека мојата смрт е порта која ја отвара вечноста на животот. Не! Човекот е тој, кој што ја разбрал својата немоќ, и не сакал да се соочи со смртта, па почнал да си бара самиот на себе оправдувања...знаеш...од кога ќе умрам ќе одам во рајот, а таму ќе живеам вечно + морам да правам добри дела за да не отидам во пеколот. Тоа се глупости! Човекот по ништо не се разликува ни од животните, ни па од било што друго (каменот на пример). Сите ние заедно пулсираме во ритамот на вселената која не разликува човек од животно, и човек од камен. А вселената функционира според своите сопствени физички закони, кои закони едноставно не оставаат простор за повторно да се родиме од кога ќе умреме! Таквите муабети, како што напоменав пред малку, се само комплекс на човекот предизвикан од неговата немоќ во борба против смртта. Неможејќи да ја избегне, пробува да најде многу начини да мисли дека ја избегнал, ама некако тешко му оди.И ти, познаваш и реагираш на физичка болка и физички дразби само, чувствата не постојат, само хормони и физички потреби, така? Бидејќи телото е материјално, што значи има потреба само од материјални ствари, па според тебе човекот го ставаш на исто ниво со обичен производ кој има рок на употреба и после тоа иде во канта. Или и за тоа имаш логично објаснување? :smir:
Не мораш да веруваш во задгробен живот за да веруваш дека постои душа!Не верувам во задгробни животи...Не верувам во никакви рајеви ни пеколи после смртта на човекот. И понатаму продолжувам да го задржувам ставот дека душа не постои во права смисла на зборот...Верувам во една сопствена теорија која ми кажува дека - после смртта ќе биде исто како пред да си се родил, и не гледам причина да верувам дека мојата смрт е порта која ја отвара вечноста на животот. Човекот по ништо не се разликува ни од животните, ни па од било што друго (каменот на пример). Сите ние заедно пулсираме во ритамот на вселената која не разликува човек од животно, и човек од камен.
Повторно тврдам дека филозофијата на Платон е бесмислица, само овој пат за подобро да ти потврдам ќе зборувам од името на Аристотел (Платоновиот ученик), кој филозофијата на Платон ја смета за голема глупост. Аристотел вели: Неможејќи Платон да го разбере овој мистичен свет, барал начин на кој би можел полесно да го разбере. И каков излез нашол? МНОГУ ГЛУПАВ! Го удвоил светот. Го воведол светот на идеите...знаеш, јас сум само сенка од идејата за човек, затоа што јас ќе умрам, но идејата за човек и понатаму ќе продолжи...тешка глупост! Но каде постои тој свет на идеите, кој нормално не е материјален? Каде е? Или поточно кажано (исто пак од Аристотелова гледна точка), што ми кажува мене тоа за светот? Колку ми објаснува фактот дека јас сум само сенка од светот на идеите за светот? Скоро ништо! И знам дека не е оваа тема за Платон, но ќе ти ја кажам (нажалост на овој топик), најголемата глупост на Платон. Платон тврди дека нашата душа постоела во светот на идеите пред ние да се родиме. А светот на идеите е најсовршеното нешто. Таму нема ништо противречно и лошо. Но како дошла душата во мене? Знаеш како? Во светот на идеите (кој е толку совршен) душата наводно нешто згрешила и паднала во телото по казна, каде што останува таму да живее како во затвор се додека повторно не го напушти телото (кое е смртно, а душата е бесмртна), и повторно се врати во светот на идеите. Ако светот на идеите е совршен, како би можела една душа да згреши, ЗАШТО ЗГРЕШИЛА? Глупава филозофија!Искрено првпат среќавам некој што студира философија, го познава Платон и зборува за неговото учење дека е бесмислица, обично тоа го слушам од лаици. Разбирам да не се согласуваш со неговите учења ама бесмислица??? Чудно!
Ако више ти лежи логиката (се надевам Панзова добро те научила ако студираш во Скопје), тогаш сигурно знаеш што е доказ. За да тврдиш така категорично дека не постои душа треба да имаш еден барем еден. Те молам да го слушнам!