Грчки план за инвазија на Македонија

M

.:makedonec:.

Гостин
„Егејска Македонија бара независност од Атина“!!?
Оганот на сецесионизмот, како што ја именуваат атинските весници, иницијативата за широка автономија на Егејска Македонија, ја потпалил чуварoт на клучот на портата на Македонија во Солун. Во коментарот на атинските весници, се вели дека тој ги повикал сонародниците Македонци по род на отцепување од Грција.
Претседателот на престижна невладина организација за човекови права на малцинствата од Грција Н. П., екс катедра, појаснува како би требало да се дојде до широка автономија во Егејскиот дел на Македонија.
„Време е да се спроведе голем народен референдум за отцепување“, вели тој и заклучува дека:
„Македонците мораат да го сочуваат своето суверено и демократско право на самоодлучување. Должни се и према себе, према историјата и према потомците, да го повратат правото на национално определување изгубено стопување со вештачки создадената Грчка држава по Букурешкиот договор од 1913 година.“
Идејата за отцепување има долга сенка.
Историчарите Македонци од Егејскиот дел на Македонија се повикуваат на милениумската традиција, а македонскиот народ сонува „реконструкција“ (обединување) на Македонија. Уште во четвртиот век пред нашата ера Филип ги зацврсти темелите на македонската држава врз кои потоа неговиот син Александар Македонски ја изгради македонската империја која се простираше се до Индија. Врз овие темели подоцна никнаа Римската, Византиската и Отоманската империја, а Македонија повеќе или помалку во рамките на своите граници беше интегрирана се до 1913 г. кога Букурешкиот договор беше поделена меѓу некогашните нејзини колонии Србија, Бугарија, Грција и Албанија.
Реконструкцијата на Македонската империја, не е предмет на денешните политички односно сепаратистички барања.
Македонците од Егејскиот дел, според Н.П., и не само по него, би биле задоволни со„мала ама независна“ државна творба.
Денешната Егејска Македонија, по површина и население е мала но богата покраина во Грција. Меѓутоа кога би се споила со останатите делови на Македонија би располагала со територија и население доволно да опстане во ЕУ или надвор од неа. „Ако една Грција со своите 22 европратеници се бори за своите интереси во ЕУ, зошто тоа не би можела да го прави Македонија“, се прашува Н.П.
Веста за сецесија на Егејска Македонија, политичкиот врв во Атина ја прими истовремено со потсмев но и со загриженост. Според последните анкети НВО - секторот, по заострување на економската криза во Грција, 23 посто од населението во Егејска Македонија отворено заговара за отцепување, додека 16 посто од населението е за добивање на проширена автономија.
Од друга страна појавувањето во јавност на Н. П. во Грција се гледа како на настап на преставникот на Фондацијата на „Обединетите Организации на Македонскиот Народ“(ООМН), де факто на националниот чувар на македонските интереси.
Под покривката на невладина организација, оваа фондација претставува „фабрика“ на националните идеии на Македонија.
Фондацијата има претставништва во сите позначајни европски земји и САД и тие претставуваат „дипломатски канцеларии“ на македонскиот народ од сите делови на Македонија.
Се смета дека прашањето за осамостојување ќе се отвори на наредните парламентарни избори и дека тежиштето за потребата од отцепување ќе биде во врска со прераспределбата на долгот кој треба да се врати на меѓународната заедница.
Со оглед дека најголем дел од товарот паѓа на народот во Егејска Македонија нормално е дека незадоволството ќе биде огромно, сметаат претставниците на изборните штабови на грчките партии.
Како богата аграрна област, со развиена индустрија и туризам, како и со најмалку невработени, Егејска Македонија од година во година се заканува дека ќе престане да уплатува во фондовите од кои Атина ја плаќа својата неразумна политика за спречување на Република Македонија кон евроатланските интеграции, како и давање на средства на„мрзеливите и недисциплинираните“ Грци.
На крај се поставува прашањето дали Егејска Македонија има право на отцепување?
Важечкиот устав на Грција не дозволува можност на сецесија, но не и го спречува. Меѓутоа, ако Грција на тацна ја доби Егејска Македонија со Букурешкиот договор во 1913 година, учесниците кои го потпишале или не го потпишале договорот имаат право да побараат ревизија и одземање на оваа територија поради непочитување на малцинските права според меѓународните договори за кои таа се обврзала, и кои ги гарантирала тогашната Лига на народите а сега ООН.
Сето ова би било прекрасно кога би било вистина. Но, ова е само една убава адаптирана верзија на статијата „Баварска бара независност од Берлин“ која ја објавува белградска „Политика“.
Авторот на текстот М. Казимировиќ пишува дека „Оганот на сецесионизмот, како што дневникот ја титулира баварската иницијатива за уште поширока автономија, ја разгорел Вилфрид Шарнагл, незваничен чувар на печатот на баварската посебност.
Во коментарот на германскиот неделник „Фокус“, ги повикал своите сонародници, значи Баварци, на отцепување од Сојузна Република Германија.“
Вакви сепаратистички тенденции во Европа постојат во повеќе држави како што се Шпанија, Белгија, Велика Британија и други, каде Каталонците, Фламанците, Шкотите бараат се поголеми автономии, па и отцепување. Ако може таму зошто еден ден тоа не би можело и во Грција каде малцинствата како Македонците, Власите, Помаците не се признати.
Зошто еден ден Епир, Тесалија, Тракија и Егејска Македонија не би побарале поголема самостојност, поширока автономија или пак отцепување од држава каде се внесени со сила на оружјето и каде мораат да ја плаќаат налудничавата политика на мрзливците од Атина?.
http://www.mn.mk/komentari/6617-Egejska-Makedonija-bara-nezavisnost-od-Atina

Хах ... па ова го има како тема ...пфффф(n)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Србија излезе на море

Јагодина и официјално стана сопственик на два хектари земја на грчкото крајбрежје. Во местото Керамота, дел од општината Хрисопули, на Јагодина и официјално и биле предадени двата хектари земја, на самото крајбрежје, близу до островот Тасос.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=109344&kategorija=5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom