- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.558
- Поени од реакции
- 1.503
Тројца грчки новинари се повредени вчера за време на судирите на улиците во Каиро, каде што почнувајќи од 25 јануари се одржуваат масовни протести со барање за оставка на претседателот Хосни Мубарак, јави атинската телевизија „MEGA TV“.
Според дописникот на телeвизијата, кој самиот не бил нападнат, тројца од неговите колеги од Грција биле нападнати од непознати лица. Двајца од новинарите се здобиле со повреди. Меѓу жртвите се новинарот на весникот „Katimerini“, Петрос Папаконстантину, фото-репортерот на весникот Јоргос Мутафис и репортерот на „Reuters“ Јанис Бехракис.
„Банди од толпата ги напаѓаат странските новинари сметајќи дека тие ја подгреваат ситуацијата. Локалните телевизиски канали пренесуваат дека настаните во Египет се резултат на меѓународен заговор, а особено од работата на странските новинари“, наведува дописникот на „MEGA TV“, од улиците на Каиро.
Повредениот новинар на Katimerini, Петрос Папаконстантину контактирал со редакцијата на својот весник известувајќи ги за деталите на нападот.
„Се наоѓав на плоштадот Тахрир во центарот на Каиро, каде правев репортажа. На пат кон хотелот ме пресретнаа приврзаници на претседателот Мубарак. Тие се обидоа да ме линчуваат, ме тепаа со палка по главата и ме прободеа со нож во ногата“, изјавил за телевизијата Папаконстантину.
Според него, од линчот на толпата го спасиле војници. Потоа тој бил чуван од нивна стража и пренесен во болница.
Претходно во четвртокот новинарите од повеќе светски медиуми јавија дека исто така биле нападнати од демонстрантите во Каиро.
http://kajgana.com/svet/trojca-grchki-novinari-pretepani-vo-kairo