Дали нешто почнува да се менува??? Не може да се игнорира теророт во 21. век кој го чувствуваат нашите кои живеат во Беломорска, но мислам дека конечно нешто почнува да се менува, конечно почнуваат работите да се движат. Ме радува што Македонците таму ги учат своите деца да бидат силни и горди на своето потекло. Тоа се учи само со зборување на мачјиниот јазик, пеење песни на мајчин јазик играње македонски ора, со еден збор тоа е вистинскиот начин да се изнесе вистината на виделина, а вистината е дека таму има Македонци!
На 15. 01. 2011 година во Леринската гимназија Македонците на една приредба почнале да си пеат Македонски песни и играле Македонски ора. Тие следниот понеделник биле викнати кај директорката за да бидат „искарани“ за тоа што го направиле. На Македонците кои ја посетуваат наставата во 3 година им било речено:
- Ова е грчко училиште.
- Како мислите да пораснете вие?
- Какво мислење ќе има светот (луѓето) за вас?
- Не можете погрешно да пеете.
- Во вашето село и на вашите свечености, можете да го слушате она што го сакате, но на училишна претстава не смее да се случи тоа.
Во превод, нашите Македонци од Беломорска го почнаа ослободувањето!
Извор:
виножито.гр
П.С. Текстот не е преведен на англиски и на македонски, ова е мој груб превод, ако може некој подобро да го преведе би било супер!