IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Македонија секогаш ќе биде наша, но без неа ќе мораме да бараме алтернативи за навивање.Гледам сите се фативте за Видиќ, како намерно го направил пеналот за да израмни Германија. Зошто не славел кога голманот го одбранил пеналот. Од она што го имам видено, човекот не лета во облаци како останатите негови соиграчи. Кога Србија се пласира на СП имаше емисија во живо од автобусот на фудбалерите на Србија и додека сите лумпуваа на турбофолкот, Видиќ си седеше мирен и беше доста скромен. Веројатно е навикнат после големите успеси кои ги има во кариерата. Што се однесува до неговите играчки способности, мое лично мислење е дека после Тери, Видиќ е најдобар централен дефанзивец во светот. За натпреварот, мислам дека судијата претеруваше со жолти картони, но кога веќе имаше таков критериум, кога така лесно го исклучи Клосе (за кој не велам дека не е виновен), требаше и на Видиќ да му даде црвен картон за играњето со рака во шенснаесетник. Мислам дека главен виновник за поразот на Германија е Подолски, и кога видов дека тој го шутира пеналот ми се стемна, со кој памет селекторот му го дозволи тоа после се што промаши. Но, ајде, се надевам дека Германија ќе ја победи на Гана и дека ќе продолжат понатака, а исто така се надевам дека Македонија во скора иднина ќе настапи на некое големо натпреварување, за да не мора некој тука Германија или Србија да ги ословува како „нашите“. Нашите се Македонија, бар според мене![]()
![]()
Играњето на Видиќ не се казнува со црвен картон, правилата се јасни, за играње со рака, дури и ако е намерно, се казнува со црвен картон само ако се спасува чист гол од линија од било кој друг освен голман. Во сите други ситуации се дава жолт картон.
Пример - Австралија - Гана, играњето на Кјуел со рака пред гол линија