Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?

  • Вкупно гласачи
    131
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Дека е премлак Талески се согласувам, може се плаши, може е лигуш (и ако е така, треба да игра у помал клуб, не е секој за успех). Јас може да сум ја протолкувал погрешно ете, мене таков впечаток ми остава Борко, дека сите му се криви, а највеќе се истура кај што другите не смеат да му вратат. На Манасков му го праеше тоа до пред некоја година, сега им го праи на другиве (најмногу Талески). Да, лошо игра, ама лошо игра и Кузмановски, џабе е мужиште, но ако не беше мрежата позади гол на некој ќе му скршеше нос од публика пошо не знае кај шутира (Да не ги редам сеа и другите резерви, кој од кој полош). Ајде за тоа што застанал да, ете нека е и аматерска грешка, но повеќе мислам дека е грешка на судијата бидејќи таму според мене имаше фаул. Како што судат фаули за кашлање у фаца (се заебавам), можат да досудат и ова.

Со карање у битни моменти не се решава ништо, според мене. Може посмирено да ја решат таа ситуација и да си бидат поддршка еден на друг. Едно е да се закараш зашто не си подал или зашо шутираш у голман, друго е на одбиена топка (каде што и не знаеш дали ќе заврши во гол или пречка и пазиш да не направиш престап) што му доаѓа на противнички играч, да се објаснуваш и да се дереш. Таква беше ситуацијата , Талески беше таму (можеше било кој друг од одбрана) и тоа е тоа.

Како и да е, многу нервози помеѓу соиграчите, никаква хемија, квалитет нула (според прикажана игра). Лазаров џабе се мачи, со една рака да игра само пак ќе ни биде најдобар. Јас да сум место него ќе се повлечам после ова.

Ако сум ја утнал претпоставката при ситуацијата, се извинувам :D
Било кој може да те мотивира и бодри, но тоа кај Борко носи контраефект :(
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Марио.Т 30 гола С/ЛШ, Ф.Лазаров 8 гола у РоманскаЛ :pos: На овие у федерација даска им фале. :boksix:[DOUBLEPOST=1547856593][/DOUBLEPOST]http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2018-19/player/559303/Mario+Tankoski
http://www.eurohandball.com/ec/ehfc/men/2018-19/player/566666/Gisli+Thorgeir+Kristjansson

Марио 98, Кристијансон 99, исти предиспозиции. Нашиот ќе го мкнеме уште 3/4 првенства на клупа. Или недај Боже ќе го пуштат во игра, ќе згреши нешто, постариве ќе истурат фрустрациите на него. Ке го угушат. Не го оправија системот до сега, допрва следуваат последиците. Тоа е грешката на раководството и ја продолжија и оваа првенство. Небаре отидоа злато да освојат.[DOUBLEPOST=1547861746][/DOUBLEPOST]https://off.net.mk/offside/rakomet/ihf-so-fejsbuk-chelindzh-do-makedonskata-rakometna-reprezentacija?fbclid=IwAR2v79NLnGqEad5TDcuyosFw5NUI_cVsyJgPw7J-Ujfv5WBvtaldjgX0pEY

:D
Овај Танкоски ист Мојсо, споредиго скооков на Танкоски и скокот на Кристијансон..
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Да се играше некое на натпреварување од СП/ЕП едно полувреме до 30 минута, сигурно до сега ќе имавме некој медал, порано ако проблем беше заморот кај нашите играчи, сега се спој од искуство и НЕискуство.
Штета за Лазаров, оваа репрезентација, после неговото пензионирање ќе бидиме налик на Кипар, Малта, Италија и остала барга....
Немам некое големо очекување за иднина и не гледам кој би бил носител на оваа селекција, Талески не сакам ни да го коментирам, срам за ракометот, Кузмановски нема форма, а и двајцата се по 22/23 години, сигурно нема да чекаме кога ќе наполнат по 30 години па тогаш да бидат главни играчи, до сега требаше да пркосат во репрезентацијата, секое натпреварување имаме големи очекувања од нив, а секогаш потфрлуваат....
Се сложвам со Киро за изјавата која ја даде пред почетокот на натпреварувањето дека не е задоволен од работата на клубовите и формата на играчите со кои се работи во дел од клубовите, А НЕ СЕ СЛОЖВАМ со изјавата после мечот со Исланд каде кажа дека: " Дојдовме со детска градинка" :tapp:
Која детска градинка Кире, ги имаш Орката и Фитиљо веќе констатно 3-4 сезони дел од големите натпреварувања, Поповски крилото исто 2-3 години секогаш дел од репрезентација, Чурлевски неможи да ти е детска градинка на 27 години :facepalm: то шо е дебитант е ваш проблем, ако мислевте бек-ап да има некој за Миркул во репрезентација можевте барем за квалификациите, во групните фази да го земавте Чурлето, ќе имаше колку толку изиграни мечеви заедно со тие шо бевте таму, детска градинка се можи Серафимов и Танковски на 18 години, ама и двајцата во Металург имаа одлична сезона, тоа шо во репрезентација се 6та резерва не се тие криви....
Ко кажа за Велковски дека му фалел косата ми се крена :shook::shook::shook: детето е анти-ракомет 100% тврдам, каква бламажа на капитенот, јас со сигурност тврдам и сум убеден дека со голема работа на Серафимов дека ќе биди едно 5 пати подобар од Велковски.
Тој Крстевски џабе го зема, ништо нема детето, Џомба од ко избега од Франција е Златко Мојсовски за сиромашни:jajce: се полош и полош е...

Криво ми е оти навистина можевме против Исланд и имаме игра, без Валур Сигурдсон тие, непостоечки Палмарсон со само 1 (ЕДЕН) гол до 50та минута, шта речи ? :nesumjas: Дозволивме да не полни Гунарсон на празни голој.....

А тие шо се против Раул, абе оди гледајте Карасевда не се бламирајте со ракомет, арно се нафати чоекот да ја води селекцијата, а си има работа со ретарда како Филип Лазаров, со изгубен чоек во свемирот како Талески, топ 3 тренери во светот ви иди во репрезентација и пак плукања, Раул е машинерија и го вади максимумот шо можи од овие дрва....
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.308
Муабетот "Да се играа само 30 минути ќе имавме медал" е глуп пошто нашите ментално се замараат само една половина од мечот :D

Ако се играа 30 минути онда ќе играа само 15 минути. Ако се играше 15 минити нашите само 8 минути ќе играа.
Психички сме такви ретарди сакаме со полесно...[DOUBLEPOST=1547899118][/DOUBLEPOST]Ако се играше првенствово по ист систем како минатото, денеска ќе игравме 1/8 финале против Германија.

Па подобро да изгубевме 20 разлика од Германија во 1/8 финале него ли вака да се мачиме за пласман
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.669
Има друга тема за овој натпревар префрлете се таму.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.234
Овај Танкоски ист Мојсо, споредиго скооков на Танкоски и скокот на Кристијансон..
Да, па Струшка школа :). Ама ја има дрскоста на Фитиљо. Ако не се расипе како Мојсо у приватен живот може ќе направи кариера.
Ок има разлика во скокот, но видеото ни покажува нешто друго ,пристапот нивен, реално тоа дете нема ништо постигнато уште а види како го туркаат, му всадуваат дека ќе има одговорна задача у наредните 3 години. А кај нас што прават? Ќоп, глуп, пичка ти мајчина и сл.
И пак не му дадоа шанса на негова позиција...
На ова првенство да бев Раул ќе отидев со 4 нови крила. И нови голмани комплет. И без Велко.
 
За крилата тотално се согласувам, посебно за Манасков, не дека не е квалитет, ама батево сериозно имат некој психолошки проблем ко ќе играт за репрезентација, многу несигурен. Димитриовски е најреална замена за него ама се повреди (плус и немат искуство).
Мартин Поповски во одбрана е доста добар, ама во напад имат мал репертоар на удари, шо се однесува до Георгиевски, дефинитивно кај батево најголем проблем е то шо немат квалитетни утакмици последниве 2-3 години, убаво некој имаше пишано дур играја во Металург 2011-2015 газеја Велко и Георгиевски, и сега газат, ама во Романија :cool:
Ќе видиме Танкоски како ќе се развие, ни фалит таков стил на играч шо можит да пробијат одбрана, да навлечит играчи на него, да изнудит 2 минути, на првенствово со скапанава (за нас) игра 7на6, 1 исклучување не изнудивме.
Иначе за време на мундијал стручниов штаб требит дефинитивно да му забранит на играчиве социјални мрежи ко инстаграм, и фејзбук, со оглед на то шо каков фидбек добиват по коментариве од стручнациве шо пратат ракомет само во Јануари, сигурно дека не му ја креваат самодовербата.
 
Се слагам. Критиките се во насока, не да се исфрли Манасков/Георгиевски од репрезентација, туку дека на оваа првенство можеа да одмараат со семејствата. Може ќе се покажеше некој друг играч, па трансфер, па подоцна имаш повеќе опциии и кога бираш играчи за првенство. Тој систем ние не го спроведовме. Тешко ни иде. Еве за 16 место можеа да пробуваат многу. Во ниедна ситуација не пробаа 7/6 со младите.
За Танковски се слагам влегува од сите позиции, шутира, ќе ни треба во иднина, само нека напредува.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Добро, сум утнал само едно нешто во прогнозата. Мислев дека ќе изгубиме и од Чиле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom