Ако може некој совет, па за следната сезона да одлучам.
Куќа од околу 160м2(пресметано однадвор) ѕидано 30см итонг, без абрип од надвор-гол ѕид, внатре малтерисувано, 2,35м висина на соби, сите пвц од проспера, некаде со 2, повеќето со 3 стакла. Се грејам на дрва, моментално просторија од околу 35-40м2 со алфа 90 обичен и оној камин прити за во друга соба.
Одлучив следната зима да преминам на пелети, доста ми е од цепење редење, ѓубре, купишта пепел, правење трески, барање дрва, па мокри па вакви и сл
.
По мое околу 120-130м2 испаѓа внатрешно за загревање, без ходникот, каде немам намера да ставам радијатор, сметам дека не треба.
Значи салон 45м2 каде би стоел камин/печка на пелет +2-3 радијатори во него, + радијатори во 2 соби по 18м2, една од 10м2, дневна од 25м2, регистри во 2 купатила и 2 бојлери приклучени на парно(а можда и само еден приклучен).
Што котел треба, 16kw diecotec 140м2 затоплува, ги прашував на мејл од дебар велат 25kw било подобро да земам за 1400еу со достава и пуштање, нов модел Аласка(претходните биле Џена) со рачка за самочистење. Имам одено кај роднина има 16кв и приметено дека малку пепел прават и добро загреваат. 96% согорување на пелетите. Од фирмата велат 100еу се доплаќа и да дува топлина во салонот, не знам дали вреди да се доплаќа за тоа.
Алфа комо 21, термофлукс интерио 20, диекотек 25, фабиго 20/25, МБС 20? Сите овие се тука некаде во цени со 200-300еу разлика оние со повеќе kw... Секако нема сите соби секогаш да се загреваат, по потреба која како треба. Температура пример 25...
Читам овде доста фалени се термофлукс пелинг, за во салон кај што ќе се седи повеќе би избрал
интерио 20кв.
Дали се баш најдобар избор термофлукс или има добри и од другиве наведени погоре?
+
Користи ли некој УПС(секако со 55амп акумулатори) за непрекинато напојување на котелот(пумпата) па и грејачот што пали пелети? Да бидеш независен од струјата. Да го вклучиш парното да почне да грее и кога нема струја, преку упс, и пумпата да си врти преку упс кога снема струја?