Граѓанска Обврзница и други државни обврзници

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.958
5% како што реков
Ај ако не ти е тешко напиши како функционира ова во детали?
Демек им даваш 100к евра да ти ги работат во наредни 2 години, претпоставувам не можеш да излезеш порано ако ти затребаат тие пари, и за тоа ќе добиеш 5% камата? Има некое осигурување на дел од парите тука, или ако тргне работата удолу си ебан исто како да си со акции/фондови?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974

Сложено е. Прочитај како функционираат обврзници. А и некои детали за оваа и кој тип е не знам и дали може да се тргува на слободен пазар.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.958
Сложено е. Прочитај како функционираат обврзници. А и некои детали за оваа и кој тип е не знам и дали може да се тргува на слободен пазар.
Ако е сложено како очекуваат да им даде пари просечен граѓанин?
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Хахахахахахахааааааа 5% камата, ееееј цели 5%!
Хахахахахаха
Бурлески! :)

Не е уопште сложено.

МКД - 2год обврзница камата 5%, инфлација 11% (бонус - без валутна клаузула)
УСД - 2год обврзница камата 4,9%, инфлација 4%

That's all you need to know!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.958
Хахахахахахахааааааа 5% камата, ееееј цели 5%!
Хахахахахаха
Бурлески! :)

Не е уопште сложено.

МКД - 2год обврзница камата 5%, инфлација 11% (бонус - без валутна клаузула)
УСД - 2год обврзница камата 4,9%, инфлација 4%

That's all you need to know!
На страна математиката, мене ме интересира како функционираат обврзниците, досега сум тргувал само со акции и индекс фондови, од овие немам појма затоа и прашувам.
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
На страна математиката, мене ме интересира како функционираат обврзниците, досега сум тргувал само со акции и индекс фондови, од овие немам појма затоа и прашувам.
Држи се понастрана од македонските, не само поради причините погоре, башка тоа ќе те одерат со провизии банките, а ако сакаш да ја тргуваш на секундарен, плус провизии за берза/цдхв, така што на крај среќен ќе си ако добиеш и 4% камата. Кај нас секој чепка во медот, на крај ти ќе останеш само со саќето :)

Нејсе, кај обврзниците цената и каматата се движат обратнопропорционално, ако расте каматата, тогаш цената им паѓа, имаат инверзивен однос. Најпросто, за да ги разбереш, кај обврзниците размислувај во камата, а не во номинална цена. Ако следиш цена, само ќе се збуниш повеќе.

Значи, како што кај акциите правиш проценка на идни продажби/профити, па оттаму и како ќе им се движи цената, така кај обврзниците правиш проценка на идните движења на каматата за иста рочност. Затоа пак ќе повторам, размислувај во камата, а не во номинална цена (таа се изведува од каматата).

Кога ги купуваш уплаќаш да кажеме $10.000 на две години со 5% камата, што значи првата година ќе добиеш во камата $500, а втората година $500 камата и плус $10.000 главница. Ако не ги продадеш пред истекот на рокот, овие пари ти се загарантирани (ако е држава, ако е корпорација зависи од рејтингот и др. фактори).

Е сега, да речеме сакаш да ги продадеш после една година, односно имаш уште една година до доспевање. Во тој случај, споредуваш со каматата на иста таква обврзница за 1 година рочност. Ако 1 годишната обврзница на пазарот има камата од 4%, ќе можеш да ја продадеш твојата за некоја мала премија, што ја изедначува моменталната пазарна камата за 1год од 4%, со таа што ти ја поседуваш и има камата од 5%. Можеш да ја продадеш со премија, бидејќи твојата обврзница носи камата повисока од моменталната пазарна камата за иста рочност.

Ако на пример каматата за 1 годишна обврзница на пазарот сега е 7%, ќе ја продадеш твојата со загуба, бидејќи оти некој би купил од тебе за 5%, кога на пазарот може сега да добие 7%?

Но, да кажеме дека 1 годишната пазарна камата е сега 5%, тогаш ја продаваш твојата што има уште 1 година до доспевање за номиналната вредност од 100. Немаш добивка, немаш загуба, просто имаш само камата од 5% за таа година што си ја чувал.

Ова е најпросто, а има уште мал милион други аспекти, дурајшн, ковексити, калабл, редемабл, рејтинг, триста чуда.

П.С. Од Рефусот не очекувај одговор, поим нема што збори, затоа и никогаш не дава конкретни одговори.
 
Ако се тргуваат на слободен пазар не знам дали се овие обврзници трансферабл. Може се оди само до матурити.
Фала што им објасни ме мрзеше да пишувам.
Гледам со цена 100 и купон 5% без евро клаузула. Е сега дали може да варира цената или само сега се купуваат и толку не знам.
Не знам ни која е процедурата ни провизии колкави се ако ги има.
Автоматски споено мислење:

Тоа значи дека ако граѓанин инвестира во 10 обврзници односно 100.000 денари, на рокот на доспевање на 27 2024 година ќе добие 5.000 денари, наредната година уште 5.000 денари или вкупно 10.000 денари на инвестицијата. Другата предност е тоа што граѓаните ќе имаат можност доколку имаат потреба во тие две години да ги продадат, а придобивката е и во насока на борбата против сивата економија, појасни Бесими.
Годишно доспевање и трговија на секундарен пазар. Провизии и процедура не знам.
Берзански брокер зема 1% на акции колку е на обврзници не знам.
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
или во превод ако немаш барем 2-3 милиони денари слободни во наредните 2 год. да вложиш во оваа работа не е ова за тебе, бидејќи ќе си ги затвориш сите парите а нема да заработиш од ова ни за еден семеен одмор на пр. во ТР или ГР (ова е ако ја вложиш погоре споменатат сума, за помали суми ич нема што да разговараме) а да не заборавиме дека можеби ќе имаш итна потреба за пари во наредните 2 год. па ќе си го апиш газот како да дојдеш до твоите пари.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.958
Држи се понастрана од македонските, не само поради причините погоре, башка тоа ќе те одерат со провизии банките, а ако сакаш да ја тргуваш на секундарен, плус провизии за берза/цдхв, така што на крај среќен ќе си ако добиеш и 4% камата. Кај нас секој чепка во медот, на крај ти ќе останеш само со саќето :)

Нејсе, кај обврзниците цената и каматата се движат обратнопропорционално, ако расте каматата, тогаш цената им паѓа, имаат инверзивен однос. Најпросто, за да ги разбереш, кај обврзниците размислувај во камата, а не во номинална цена. Ако следиш цена, само ќе се збуниш повеќе.

Значи, како што кај акциите правиш проценка на идни продажби/профити, па оттаму и како ќе им се движи цената, така кај обврзниците правиш проценка на идните движења на каматата за иста рочност. Затоа пак ќе повторам, размислувај во камата, а не во номинална цена (таа се изведува од каматата).

Кога ги купуваш уплаќаш да кажеме $10.000 на две години со 5% камата, што значи првата година ќе добиеш во камата $500, а втората година $500 камата и плус $10.000 главница. Ако не ги продадеш пред истекот на рокот, овие пари ти се загарантирани (ако е држава, ако е корпорација зависи од рејтингот и др. фактори).

Е сега, да речеме сакаш да ги продадеш после една година, односно имаш уште една година до доспевање. Во тој случај, споредуваш со каматата на иста таква обврзница за 1 година рочност. Ако 1 годишната обврзница на пазарот има камата од 4%, ќе можеш да ја продадеш твојата за некоја мала премија, што ја изедначува моменталната пазарна камата за 1год од 4%, со таа што ти ја поседуваш и има камата од 5%. Можеш да ја продадеш со премија, бидејќи твојата обврзница носи камата повисока од моменталната пазарна камата за иста рочност.

Ако на пример каматата за 1 годишна обврзница на пазарот сега е 7%, ќе ја продадеш твојата со загуба, бидејќи оти некој би купил од тебе за 5%, кога на пазарот може сега да добие 7%?

Но, да кажеме дека 1 годишната пазарна камата е сега 5%, тогаш ја продаваш твојата што има уште 1 година до доспевање за номиналната вредност од 100. Немаш добивка, немаш загуба, просто имаш само камата од 5% за таа година што си ја чувал.

Ова е најпросто, а има уште мал милион други аспекти, дурајшн, ковексити, калабл, редемабл, рејтинг, триста чуда.

П.С. Од Рефусот не очекувај одговор, поим нема што збори, затоа и никогаш не дава конкретни одговори.
Сполајти, ме интересираше како работат бидејќи никогаш претходно не сум се замарал со нив, сега ми е појасно.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
е не ќе ги инвестира во државни обврзници

1688533774451.png
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Сполајти, ме интересираше како работат бидејќи никогаш претходно не сум се замарал со нив, сега ми е појасно.
Што направи, купи ли од тие со 5% камата? Викаш ќе додржат до 2025? Жалосно е што генерално луѓето кај нас не разбираат финансии, додуше ашљаците на власт од сите провиненции се дудуци од невидени размери, така што.... :toe:
Но, за обичен народ, за Трпе и за Митра, искрено ми е жал, не заслужиле таква судбина, а ќе ја проживеат два пати во една генерација.

Она што е на повидок е цунами, и тоа во повеќе бранови. Ако имате прилика погледнете го видеово, типов го следам подолго време и е исклучително добро поткован, знае што збори и како да ги поврзе работите. Ова е едно од подобрите што сум ги начекал во последно време, допира многу макро теми, долар, нафта, злато, камати, бонд маркетс, ресурси, геополитика, башка објаснува со прости зборови. За тие што ги мрзи да учат, најважни се два моменти на 58:00мин и на 1:21:00мин. За другите, ако имате прашања, пишете ќе објаснеме колку можеме.

https://www.youtube.com/watch?v=bIq0o40Jo80
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.958
Што направи, купи ли од тие со 5% камата? Викаш ќе додржат до 2025? Жалосно е што генерално луѓето кај нас не разбираат финансии, додуше ашљаците на власт од сите провиненции се дудуци од невидени размери, така што.... :toe:
Но, за обичен народ, за Трпе и за Митра, искрено ми е жал, не заслужиле таква судбина, а ќе ја проживеат два пати во една генерација.

Она што е на повидок е цунами, и тоа во повеќе бранови. Ако имате прилика погледнете го видеово, типов го следам подолго време и е исклучително добро поткован, знае што збори и како да ги поврзе работите. Ова е едно од подобрите што сум ги начекал во последно време, допира многу макро теми, долар, нафта, злато, камати, бонд маркетс, ресурси, геополитика, башка објаснува со прости зборови. За тие што ги мрзи да учат, најважни се два моменти на 58:00мин и на 1:21:00мин. За другите, ако имате прашања, пишете ќе објаснеме колку можеме.

https://www.youtube.com/watch?v=bIq0o40Jo80
Скраја да е, со држава може да имам работа само ако даваат ефтини пари, од мене не гледаат за заем, особено не за 5% :D
Повеќе прашав да разберам подетално како функционира и ете да се развие дискусија, не сум имал работа со обврзници и не ги разбирам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom