Граѓанска Обврзница и други државни обврзници

Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Скраја да е, со држава може да имам работа само ако даваат ефтини пари, од мене не гледаат за заем, особено не за 5% :D
Повеќе прашав да разберам подетално како функционира и ете да се развие дискусија, не сум имал работа со обврзници и не ги разбирам.
Паметно си направил, да вложиш во валута што ти носи камата 5%, а во исто време ти ги јаде парите со инфлација од 8%-10% е самоубиство, ама за жал им успева да ја продадат приказната.

Иначе, слушнете го овој доктор... пардон ... дудук на науки, колку глупости изнатропа, да се замрзнат цените, да се покачат плати и пензии, за да се навјаса порастот на животните трошоци и така ќе сме се бореле со инфлaцијата. Накратко – испечати пари во услови на анемична продуктивност, ниско производство и извоз, при увозна инфлација (која се очекува да биде поголема), и ич не бери гајле – фрли си троа бензин додека гориш, за да се исплакнеш, така ќе го изгаснеш оганот. Е овој беше советник во Влада или Министерство, каде веќе, заборавив. Бог да чува и да брани, море богами и Алах и Буда нека дојдат да бранат, ова е неодбранливо!

https://www.youtube.com/watch?v=nrvvyH6pAS0

И пред некој да внесе политика, партии и слични бљувотини, погледнете како се движело задолжувањето на странски пазари преку Еврообрзниците.

Issue Date​
Amount​
Interest rate​
Maturity​
Years​
Rollover​
08/12/2005​
150 mil €​
4.625%​
08/12/2015​
10​
08/07/2009​
175 mil €​
9.875%​
08/01/2013​
3.5​
24/07/2014​
500 mil €​
3.975%​
24/07/2021​
7​
+325 mil €​
01/12/2015​
270 mil €​
4.875%​
01/12/2020​
5​
+120 mil €​
24/07/2016​
450 mil €​
5.625%​
26/07/2023​
7​
+450 mil €​
18/01/2018​
500 mil €​
2.750%​
18/01/2025​
7​
+500 mil €​
03/06/2020​
700 mil €​
3.675%​
03/06/2026​
6​
+430 mil €​
10/03/2021​
700 mil €​
1.625%​
10/03/2028​
7​
+200 mil €​
13/03/2023​
500 mil €​
6.960%​
13/03/2027​
4​
+50 mil €​

Моментално сме задолжени преку Еврообврзници вкупно 2,4 милијарди евра, од кои:
ВМРО гомнари не’ задолжиле 1,22 милијарди евра.
СДСМ гомнари не’ задолжиле 1,18 милијарди евра.
Само хохштаплерот ДУИ е во суфицит.

И сето ова доспева за плаќање во следните 5 години, при повисоки каматни стапки, и да направиме rollover, ќе не' изгорат каматите. Плус, нафтата уште не си го покажала личното и бело, упс, црно лице.

Инаку, околу обврзници генерално, ако ги купиш и чуваш до краен рок на доспевање, тогаш се у принцип исти како депозит, ти носат камата толку колку што е купонот, под услов да ги купиш на 100% главница. Разликата е што ако депозитот го повлечеш предвреме ја губиш само каматата, но не ја губиш главницата. Кај обврзниците, ако треба да ги продадеш предвреме, тогаш колку ќе добиеш назад зависи од каматните стапки во моментот на повлекување, ако се поголеми од твојот купон, тогаш си во загуба, ќе добиеш назад помалку главница од оригинално што си инвестирал.

Е сега, колкава е таа промена на цената и главницата, зависи од многу фактори, но најмногу од рокот на доспевање и висината на купонот.

Долг рок --> повисок ризик. Ако Трпе се заборчи кај тебе за 2 месеци, а Митре за 2 години, а двајцата за иста сума и камата, кого од нив ќе го сонвиш навечер и ќе го мислиш повеќе да не заака и пропадне во некоја шахта?

Ниска камата --> повисок ризик. Ако Трпе и Митре ти борчат иста сума и треба да ти ги вратат за исто време, ама првиот го лихвариш за 20% месечно, а вториот за 2% месечно, кого ќе го думаш повеќе дали е арен со здравјето и ќе ги врати сите пари на време?

Има нешто што се вика modified duration и ти покажува за колку проценти цената на обврзницата ќе се движи +/- ако има промена на каматите на пазарот за -/+ 1% и тоа е линеарна мерка, што ќе рече мери и прави процека од ѓутуре. Ако сакаш прецизно во грами да измериш, тогаш на mod duration додаваш одреден convexity adjustment, ама да не објаснувам малце е посложено.

Накратко, гледај duration, yield to maturity (тоа е колку отприлике заработуваш годишно, под услов да реинвестираш за истиот yield), и проценка како ќе се движат каматите во иднина. Во сегашни услови на пример, има yield inversion, односно обврзница од 2год носи повеќе yield споредено со 10год обврзница. Што ќе рече подобро е да си инвестиран во кратки рокови и да не се врзуваш за долги години. Инверзијата е индикатор дека ќе има рецесија во следни 12-18 месеци (иако оваа сегашната малку доцни ).

Од тоа како ќе се исправи/оптегне yield curve откако рецесијата ќе биде преџвакана, зависи каде треба да бидеш позициониран во однос на duration/maturity. Ако мислиш дека ќе се исправи со тоа што 2год. камати ќе паднат, тогаш во тој момент е подобро да си позициониран во долги рокови (long 2y and long 10y), бидејќи тие камати нема многу да се сменат, а можат и плус да паднат во иднина. Ако мислиш дека ќе се исправи со тоа што 2год. камати ќе останат исти, ама на сметка на тоа 10год. ќе пораснат, тогаш е подобро да си позициониран на кратки рокови (long 2y and short 10y).

Моментално сите се начукани во long 10y, што ќе рече мислат дека каматите ќе паѓаат, дали ќе биде така ќе видиме. Мислам дека прикаската со инфлацијата не е завршена, и ќе има константна инфлација од 3-4% следните неколку години. У принцип ФЕД треба уште да крева ако почне инфлацијата пак да расте, или бар да држи на ова ниво додека не ја спушти на 2%. Ако крева ќе биде оф леле мајко, ќе го скрши системот, затоа можно е да воспостави yield curve control и да ја држи каматата пониско од стапката на инфлација, што ќе рече финансиска репресија, и така да го намали долгот во однос на БДП. Тие ќе се спасат, за другите горниот напомош.

Бонус.... ако некогаш читаш/слушаш/следиш дека спомнуваат за бондс, за да можеш да го разбереш контекстот на кажаното, bond sell off е исто што и yields surge и значи risk off, сите се пикаме во сигурни high grade investments, повеќе сакаме обврзници отколку акции. Освен во inflationary bear market, каде мечката ја фаќа климактериум и не знаеш на која нога ќе се разбуди дента :)

П.С. I'm seeing SPY at 415, but who knows...:toe:
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
П.С. I'm seeing SPY at 415, but who knows...:toe:
Ес ај сед, 415 во премаркет, иако дојде побрзо и порано од што очекував, поради што мислам дека it ain't over yet. Ако нема силен баунс тука или барем да видиме малку чоп чоп околу 412-415 тогаш ќе тера уште надолу, нема силен супорт помеѓу 410-407.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom