Maksimot
Психијатриски случај
- Член од
- 28 јули 2021
- Мислења
- 277
- Поени од реакции
- 289
Јас ја отварам оваа тема од две причини: Гостиварчанец сум и не најдов тема за градот.
Според пописот од 2002 година, во Гостивар живеат 35 илјади луѓе(во градска средина) , но по моја проценка во 2021 градот е преполовен.
Има 45% Албанци, 33% Македонци, 12% Турци кои живеат во Гостивар.
Соживот во градот е одличен, за разлика од Тетово.
Најголем проблем во градот е депонијата Русино, за која верувам дека сите сте запознаени. За жал, ингеренциите се кај министерот за Екологија, но да не навлегуваме во политика.
Ноќниот живот во градот е одличен. Младите имаат добар избор на кафулиња и ноќни клубови. Со воведувањето на ко ид пропусниците, работата на угостителите драстично се намамали, но со непочитувањето на истите работата малку по малку се враќа во нормала.
Нашата најголема гордост е најголемата река во Република Македонија, Вардар, која извира во селото Вруток. Кејот е феноменален, мислам дека меѓу 3те најдобри во нашата земја.
Најголема економска гранка која е развиена во Гостивар е трговијата(има голем број на продавници за град со таа големина).
Да не пишувам и непотребни работи, слободно прашајте се што ве интересира за градот.
Поздрав!